Британија се сеќава на принцезата Дајана

Утре, на денот на 20 – годишнината од смртта на принцезата Дајана , Британците ќе го посетат меморијалниот центар во палатата Кенсингтон.

Денеска таму беа нејзините синови Вилијам и Хари , заедно со Кејт Мидлтон . Меморијалниот центар е изграден по повод трагичната несреќа во Париз на 31- ви август 1997 , кога загина Британската принцеза Дајана заедно со нејзиниот пријател Доди ал Фајед .

Засега не се најавуваат официјални настани поврзани со смртта на принцезата , освен изложбата со нејзините лични предмети поставена во Бакингамската палата .

Лејди Дајана беше омилена меѓу народот без оглед што пет години пред смртта се разведе од принцот Чарлс . Британската кралица , сепак дури по неколку дена од смртта на Дајана , притисната од јавноста и од тогашниот премиер Тони Блер даде изјава за смртта на нејзината снаа.

На 30 – ти август пред 20 години , Дајана со нејзиниот љубовник , египетскиот милионер Доди Ал Фајед тргнеле на вечера , но биле спречени да одат во омилениот ресторан во близина на Елисејските полиња , па заминале на вечера во хотелот Риц.
По вечерата , следени од папараци , двојката заедно со возачот и телохранителот заминале кон ноивниот дом и 25 минути по полноќ Мерцедесот се забил во столб на подземниот тунел . Доди и возачот загинале на самото место , а Дијана починала во болница по четири часа .
Телохранителот е единствен што ја преживеа несреќата , за која цели десет години се водеше истрага . Конечно судот пресуди дека се виновни пијаниот возач , кој освен под дејство на алкохол возел и дрогиран со над 100 километри на час , како и папараците кои го следеле автомобилот .

Погребот на Дајана се одржа на 6. септември во семејната гробница Алторп на нејзиното семејство Спенсер .

На последното испраќање пред Вестминстерската палата беа насобрани неколку милиони луѓе , а преносот од погребот го следеа 2 милијарди луѓе низ целиот свет.


Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер