ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село
1ВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново Село
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЗдравјеБританија одобри лек, со чија помош се намалуваат 12 килограми Велика Британија одобри лек за кој наводно е докажано дека помага при слабеење.И тоа не значи дека не треба да се храните здраво и да тренирате и дека можете да јадете пржена храна и висококалорични задоволства. Наместо да биде изговор за водење нездрав начин на живот, лекот може да се користи како помош во лекувањето на дебели и со прекумерна тежина и е одобрен заедно со препораки за здрава исхрана и вежбање. Лекот тирзепатид имитира хормони кои им помагаат на луѓето да се чувствуваат сити после јадење, охрабрувајќи ги да јадат помалку и на тој начин да изгубат тежина. Студијата за лекот на почетокот на оваа година беше објавена во New England Journal of Medicine и покажа дека учесниците кои примиле доза од лекот изгубиле една петтина од својата телесна тежина или во просек 12,9 килограми за една година. За споредба, оние кои примиле плацебо лек изгубиле само три проценти од својата телесна тежина. Лекот се дава во форма на инјекција, еднаш неделно. Веднаш по студијата, Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (MHRA) ја одобриле употребата на тирзепатид за возрасни со слабо контролиран дијабетес тип 2. Од повеќе од 4,9 милиони луѓе кои имаат дијабетес во Обединетото Кралство, 90 проценти имаат тип 2. Околу 85 проценти од таа група се со прекумерна тежина или дебели, а губењето на тежината може да помогне во контролата на дијабетесот. Студиите на лекот откриле дека тирзепатид може да им помогне на пациентите да ги постигнат своите цели за слабеење побрзо од семаглутид, сличен лек кој што бил одобрен во февруари, пишува LADbible.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Сигурно водоснабдување, модернизација на пазарот и подобра патна инфраструктура во Ново СелоНово Село продолжува да се развива. Се работи на многу нови проекти и инвестиции кои ќе им го олеснат животот на граѓаните и ќе допринесат за развој на локалната економија и создавање подобри услови за идните генерации. Во фокусот на општината се неколку значајни проекти кои претставуваат важен чекор кон посовремено, поуредено и поразвиено Ново Село. Еден таков проект е нов цевковод од 8,9 километри за сигурно водоснабдување. Еден од најзначајните инфраструктурни проекти е проектирањето на нов цевковод во должина од 8,9 километри, со планиран зафат во близина на Стиник, кој треба да обезбеди чиста вода за пиење за жителите на Ново Село и Самоилово. Реализацијата на терен е планирана да започне во средината на 2027 година. Со оваа инвестиција се поставуваат темелите за долгорочно и одржливо решение за водоснабдувањето и поголема сигурност за граѓаните. По три децении очекување, започнува реализацијата на проектот за целосно покривање на пазарот во Ново Село. Инвестицијата ќе овозможи подобри услови за земјоделските производители, трговците и посетителите, ќе ја поттикне локалната трговија и ќе придонесе за поголема поддршка на домашното производство. Овој проект претставува значаен чекор кон модернизација на пазарот и зајакнување на локалната економија. Во Ново село се асфалтираат 18 улици за подобра инфраструктура. Со потпишувањето на договорот за реализација на годишната програма за асфалтирање, предвидено е до крајот на 2026 година да се асфалтираат 18 улици во населените места во општината. Оваа инвестиција ќе придонесе за подобра поврзаност, побезбедно движење и поквалитетни услови за секојдневниот живот на жителите. Покрај овие приоритетни проекти, Општина Ново Село продолжува да инвестира и во развојот на туризмот, пешачките и рекреативните патеки, спортот, културното наследство и подобрувањето на комуналната инфраструктура. Со одговорно управување со општинските финансии, внимателно планирање и посветена работа, општината создава услови за нови инвестиции и рамномерен развој на сите населени места. Ново Село продолжува напред со конкретни проекти, нови можности и инвестиции за подобра иднина на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓанитеСо новиот ребаланс арамијата Мицкоски повторно ги отпиша работниците, земјоделците, граѓаните. Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на стандардот, нема помош за земјоделците. Има нови долгови и високи камати што ќе ги плаќаат граѓаните и идните генерации. За 2 години Мицкоски натовари нови 4 милијарди евра долг врз грбот на народот, половина од вкупниот долг од независноста до денеска. Но тие пари не се за граѓаните туку за криминални тендери. Граѓаните арамијата ги остави сами. Секој месец нови поскапувања, а платите остануваат недоволни за живот. Од јануари трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари. Ниту три минимални плати не ја покриваат основната потрошувачка кошничка. Работникот работи цел месец, а не може да ги плати основните потреби на семејството. Околу 180.000 работници примаат плата под 31.200 денари, додека минималната останува на 26.000 денари. За нив Мицкоски нема пари. Се најавуваат и нови поскапувања на струјата и парното, во Европа се кројат планови поради ризикот од поскапување на храната. Само арамијата Мицкоски ништо не прави. Цела година ги остави граѓаните сами да се справуваат со кризата, одбивајќи ги мерките што ги предложи СДСМ. Ова е свесен избор на Мицкоски: за работниците нема, за партиските тендери има. Долг врз долг, ребаланс по ребаланс, а сметката секогаш кај народот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Андоновски на панел-дискусија за дигитализација на приватниот секторВо среда ќе биде промовирана Ем услугата со која граѓаните ќе може личната карта и возачката дозвоја да ја имаат во дигитална форма.Ова го најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој утринава учествуваше на панел-дискусија за дигитализација на приватниот сектор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook