3Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
ЖивотБританецот Даниел Бентон е осуден на 7 години затвор поради педофилијаДаниел платил жена да му дозволи да ја снима нејзината ќерка додека се тушира, а потоа среде погреб извел уште поморничав чинБританецот Даниел Бентон беше осуден на 7 години затвор за, верувале или не, 52 кривични дела од областа на педофилијата! Според откритието на британската полиција, Бентон бил неколку пати казнет минатата година, пред да замине на Филипините, за несоодветно однесување на улица (двапати бил покрај училишниот двор и ги гледал девојчињата снимајќи ги). На Филипините, маскиран како турист, отишол најдалеку досега. Знаејќи какви се платите и каков е стандардот на луѓето, тој лесно подмитил жена со 50 евра за да му дозволи тајно да ја снима нејзината 11-годишна ќерка како се тушира. Откако направил неколку фотографии, отишол во хотелот, а во наредните денови присуствувал на погреб (!?). Претходно завел две девојчиња, не постари од 15 години, и со едното отишол да и се најде како „утеха во болката“ на погребот на нејзиниот роднина. Среде погребот, тој и ја вовлекол раката под фустанот, а по завршување на церемонијата ја силувал зад еден гроб. Несреќната девојка сепак имала храброст да го пријави, а потоа клопчето се одмота. Полицијата на Филипините го запленила неговиот лаптоп, каде имало толку многу материјал што Даниел, доколку беше државјанин на оваа земја, кај претседателот Родриго Дутерте сигурно ќе завршеше „под земја“. Во Велика Британија тој е изведен пред суд, каде било утврдено дека на лаптопот има 120 часа педофилски материјал, како и безброј слики од претежно голи девојчиња на возраст од 8 до 15 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаГугл ја тужи ЕУ пред судот во Луксембург поради одлуката на регулаторот за ВИ Американската технолошка компанија Google оспори две одлуки на регулаторите на ЕУ во суд во Луксембург со кои им се наложува на конкурентите да им дадат пристап до некои услуги и податоци.Компанијата тврди дека спроведувањето на одлуките би барало споделување на историјата на пребарување на корисниците без доволно силна анонимизација, како и ослабување на некои безбедносни заштити на Android уредите, објави Ројтерс. „Луѓето го користат пребарувањето за нивните најлични прашања, од здравствени проблеми до интимни врски“, рече директорот за конкурентски прашања на Гугл, Оливер Бетел, оценувајќи дека споделувањето на такви податоци без соодветни заштитни мерки може трајно да ја загрози приватноста на корисниците. Во јули, Европската комисија им наложи на Google да им дозволи на конкурентите за интернет пребарување и на развивачите на вештачка интелигенција пристап до одредени услуги што ги напојува нејзиниот модел Gemini AI според Законот за дигитални пазари (DMA). Втората одлука на регулаторите на ЕУ се однесува на пристапот до податоците од пребарувањето на Google од страна на конкурентските пребарувачи. Европската комисија наведува дека обете предложени мерки содржат силни заштитни мерки за приватноста на корисниците, интегритетот и безбедноста на уредот, а американскиот пребарувач DuckDuckGo исто така застана на страната, тврдејќи дека приговорот на Google само го одложува спроведувањето на мерките.Тагови: вештачка интелигенција гугл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27
„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ЕвропаСе урна руски бомбардер, загинаа шест члена на екипажот (ВИДЕО)Руски стратешки бомбардер Ту-95 се урна денес за време на тренинг лет во регионот Амур на Далечниот Исток. Шест члена на екипажот загинаа во несреќата, а еден е повреден, соопшти руското Министерство за одбрана. Министерството објасни дека авионот паднал во ненаселена област и дека не носел муниција. Покрената е кривична постапка, а истражната комисија на Воздухопловните сили е испратена на местото на настанот. Според првите проценки, причината за несреќата е технички дефект. Базата е клучна после украинските напади Руските државни медиуми известуваат дека несреќата се случила во близина на селото Краснојарово, кратко по полетувањето од воздухопловната база Украина. Тоа е една од најголемите руски бази за стратешки авиони со долг дострел. Урнатиот Ту-95, дизајниран уште во Советскиот Сојуз, е единствениот стратешки бомбардер со погон на пропелер што сè уште е во употреба, кој може да носи и нуклеарно оружје. Воздухопловната база Украина стана главен центар за преостанатите стратешки бомбардери на Русија откако беа принудени да се повлечат од базите во европскиот дел на земјата. Russian Air Force lost two big aircraft today and in the same Region of Russia. But so far no confirmation of a collision or if they were related. - TASS reported a Tu-95 went down in Krasnoyarovo, killing all 6 crew - footage seen here) - ASN also noticed that a Russian AF Tu-154 crashed also in the same region "after a technical malfunction". (of 7 aboard, 1 survivor) Updates when possible https://t.co/nY83eimRQC — Francisco Cunha - ✈️ Aviation et al (@OnDisasters) September 29, 2026 Преместувањето следи по големата операција на Украинската безбедносна служба (SBU) во јуни 2025 година, со кодно име „Пајажина“. Нападите, извршени од беспилотни летала скриени во камиони, уништија или оштетија повеќе од 40 руски авиони, вклучувајќи седум до осум бомбардери Ту-95.Тагови: бомбардер екипажот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПорше ги подмладува старите модели- на сопствениците им нудат современа мултимедија (ФОТО)Porsche ја проширува својата понуда за да го вклучи модерниот инфозабавен систем Porsche Classic Communication Management Plus (PCCM Plus).Porsche ја проширува својата понуда за да го вклучи модерниот инфозабавен систем Porsche Classic Communication Management Plus (PCCM Plus), кој комбинира модерни навигациски и мултимедијални функции со дизајн прилагоден на ентериерот на класичните модели на брендот. Новата генерација на системот е достапна за повеќе од 300.000 идни класици од моделите 911, Cayman и Boxster, произведени помеѓу 2009 и 2016 година. Два нови уреди за моделите 987.2, 997.2, 981 и 991.1 се достапни во центрите на Porsche низ целиот свет. Безжична поврзаност и модерни функции Системот нуди безжична поддршка за Apple CarPlay и Android Auto, поврзување преку Bluetooth и Wi-Fi, како и можност за репродукција на YouTube видеа додека возилото е во мирување, во зависност од законските прописи на секоја земја. Друга интересна карактеристика е можноста за избор на бојата на каросеријата за виртуелен приказ на возилото на екранот, со што се постигнува визуелна хармонија на системот со автомобилот. PCCM Plus исто така носи голем број корисни функции, како што се прикажување на ограничувањата на брзината врз основа на податоци од мапата, увид во температурата и притисокот на маслото и визуелен приказ на сензорот за паркирање кај моделите Boxster и Cayman. Исто така, постои навигација со сателитски поглед и функцијата Scenic Roads, која сугерира живописни и кривулести патишта за поголемо задоволство при возењето. Напредна поврзаност и аудио систем Новиот систем е опремен со двоен DAB, HD, FM и AM тјунер, Bluetooth стриминг со приказ на метаподатоци, слот за нано SIM картичка со 4G поддршка и врски за надворешни медиумски извори. Мапите може да се ажурираат безжично, преку интернет, без потреба од одење во сервисен центар. Новата генерација на PCCM Plus е достапна во две верзии: за моделите 911, Cayman и Boxster од 2012 до 2016 година (991.1 и 981) и од 2009 до 2013 година (997.2 и 987.2). Достапноста на одредени функции зависи од моделот и опремата на возилото, а Porsche препорачува инсталација во овластени центри на Porsche.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter