Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!
2Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЖивотБританец пред пет години дал милион евра за стан, а сега не вреди ништо: Ќе се урне Ден Брус (40) од Камден, Лондон, верувал дека во 2019 година го решил своето најважно прашање - домувањето.Сепак, на неговата среќа набрзо ѝ дошол крајот, кога сфатил дека зградата практично се распаѓа и дека најверојатно ќе остане без покрив над главата. За станот платил 800.000 фунти (близу еден милион евра), а сега практично вреди нула. - И апсолутно ништо не можам да направам во врска со тоа. Имам стан за кој платив многу пари, 800.000 фунти, а сега не вреди ништо – додава Ден. Зградата е изградена една година порано, и се чинело дека сѐ е во ред на почетокот. Тогаш подовите во становите почнале да скапуваат, што предизвикало забележителни нерамнини во многу простории. Потоа, терасата почнала да прокиснува, а дамките од мувла станале забележливи во бањата. Ден додава дека не може да ја користи ниту својата кујна со денови или дури недели кога врне поради проблеми со струјата. Тврди дека прозорците почнале да се виткаат поради притисокот што им се вршел од двете страни. Инвеститорот, пак, вели дека сѐ што велат станарите не е точно, иако фотографиите се доказ, а Ден се чуди како некој може да потпише дека зградата е безбедна. Кога ќе помине камион, зградата се тресе, а жителите стравуваат дека може да се урне додека се внатре, пренесува британски The Sun. Тој наведува дека досега потрошил најмалку 1,5 милиони фунти за правни трошоци и купување на самиот стан. Неговата агонија трае веќе пет години и прашање е дали ќе се реши.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минатоМинистерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје, го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје (Бардовци).Одделот е со површина од околу 600 м², а за реконструкцијата се издвоени 300.000 евра. „Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени“, изјави министерот Клековски. Со болницата е договорено, основниот буџет да вклучува средства за континуирани реконструкција, бидејќи тоа е потребно на психијатриските установи, кои со децении работеле во несоодветни услови. Претходно се реконструирани сите оддели во Специјалната психијатриска болница Негорци, дел од Клиниката за психијатрија Скопје, а следува реконструкција на Психијатриската болница во Демир Хисар. Министерот Клековски истакна дека грижата за менталното здравје не се сведува само на подобрување на условите во болниците. Од минатата година матичните лекари имаат превентивна цел за рано откривање на депресија кај младите. Следната година Министерството за здравство планира да започне со спроведување на проект за центри за ментално здравје на младите.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!По актуелизирањето на ризикот од токсичната депонија со 6 - валентен хром во Јегуновце да го загади изворот за вода Рашче, Владата на Република Македонија одлучи да преземе мерки за спречување на загадувањето. Во моментов постои донатор кој може преку грант да го финансира првиот чекор - санирање на пречистителната станица и подготвителни активности за расчистување на депонијата со 6 - валентен хром. Но, за да се отвори можноста за финансии, потребно е Министерот да ја достави потребната документација. Рокот е краток! Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да ги достави потребните документи за да не се испушти можноста за финансирање на овој проект. Ова е прв чекор кон трајно решавање на проблемот. Доколу рокот не се испочитува, нема да има финансиска помош, а со тоа ризикот од понатамошно загадување останува!Тагови: Еко-свест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаТошковски на средба со генералниот директор за јавна безбедност на Австрија Франц РуфПродлабочување на полициската соработка во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со генералниот директор за јавна безбедност на Република Австрија, Франц Руф, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно унапредување, особено во справувањето со современите безбедносни предизвици. На средбата се разговараше за борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, илегалната миграција, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе, тероризмот и сајбер-криминалот, со посебен акцент на навремената размена на оперативни информации, координираното постапување и зајакнувањето на капацитетите на полициските служби. Министерот Тошковски ја истакна важноста на партнерството со Австрија, како значаен и доверлив партнер на Македонија во справувањето со безбедносните предизвици кои ги надминуваат националните граници. Притоа, беше нагласена потребата од натамошно продлабочување на соработката преку конкретни активности, размена на искуства и унапредување на оперативните капацитети на македонската полиција. Соговорниците се осврнаа и на досегашната соработка во рамки на заедничките европски иницијативи и проекти, насочени кон јакнење на владеењето на правото, унапредување на истражните капацитети, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и подобрување на институционалните механизми за управување со миграцијата и граничната безбедност. Беше нагласено и значењето на заедничките обуки, експертската поддршка и размената на добри полициски практики. На крајот од средбата беше изразено заемно задоволство од досегашното партнерство и подготвеност за продолжување на интензивната соработка меѓу двете земји, со заедничка цел – поефикасно справување со безбедносните закани и поголема сигурност за граѓаните.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08