Лондонската стартап компанија Bellwether Industries објави снимка од првиот лет на својот прототип на летечки автомобил Volar. Компанијата вели дека верува дека е неизбежно луѓето да патуваат со летечки автомобили во следните десет години.
Британската компанија не открива многу во однос на спецификациите кога е во прашање намалениот модел прикажан со кодно име „Antelope“. Сепак, минатиот месец е објавено дека Bellwether извршил најмалку осум тестови на прототипови и дека компанијата има намера да го лансира својот авион eVTOL како приватно возило до 2028 година.
Од британската компанија велат дека нејзиниот модел Volar ќе може да крстари на надморска височина од околу илјада метри, достигнувајќи брзина од 217 km/h. Се очекува батеријата да трае приближно 90 минути, што е слично на моделите на летечки такси, како што е авионот eVTOL на Lilium.
Сè уште е потребна многу работа на прототипот на Bellwether, па дури и летечките такси компании како Volocopter сè уште треба да работат на добивање сертификат за лет пред да можат да ги подготват своите услуги за планираниот датум на лансирање во 2023 година.