Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
ТехнологијаБританците добија необична наредба- веднаш избришете ги меиловите и фотографиите, причината е бизарна Велика Британија се соочува со најголемиот предизвик оваа година, што ја натера владата да издаде серија совети за јавно здравје.Повеќето од препораките изгледаат логични и очекувани, но еден предлог предизвика низа коментари и покрена прашања за тоа дали владата ја разбира дигиталната инфраструктура. Официјалното соопштение ги вклучува вообичаените совети: поправете ги протекувањата, туширајте се пократко, престанете да го полевате тревникот и други мерки што граѓаните можат да ги спроведат дома. Сепак, меѓу нив е и чуден апел за бришење на стари меилови и фотографии од личните архиви. Оваа необична препорака остана нејасна за многумина, сè додека властите не објаснија дека е мотивирана од работата на големите центри за податоци, кои складираат огромни количини на кориснички податоци.= Зошто бришењето датотеки нема ефект Според експертите, потрошувачката на ресурси во центрите за податоци зависи главно од работата на процесорот, а не од вистинското складирање на датотеките. Откако податоците ќе се зачуваат, дисковите се префрлаат на режими со ниска потрошувачка на енергија и генерираат минимална топлина. Дури и процесот на бришење податоци може да биде поенергетски интензивен од нивното складирање, бидејќи вклучува пребарување, пристап и бришење на податоци на сервери. Експертите додаваат дека голем дел од податоците на корисниците во Велика Британија можеби дури и не се чуваат во домашни центри за податоци, па затоа какви било потенцијални заштеди нема да се направат локално. Суштината е дека бришењето на стари меилови и фотографии на Британците е во голема мера симболичен гест, додека вистинските заштеди доаѓаат од докажани мерки како што се поправање на протекувања, собирање дождовница и намалување на потрошувачката на вода во домаќинствата.Тагови: Британците меилови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, а по еден возач во Македонски Брод и Велес управувале возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода е лишен и државјанин на Шведска, кој на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Путин нема да нападне територија на НАТО Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е сигурен дека Русија нема да ги нападне американските сојузници од НАТО.Прашан дали рускиот претседател Владимир путин се согласил или се обврзал да се воздржи од таква офанзива, Трамп одговори: „Имав добри разговори со него. Тој нема да напаѓа територија на НАТО“. „Вол Стрит Џурнал“ и „Политико“ претходно објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека директорот на ЦИА, Џон ретклиф, за време на тајната посета на Москва пред три дена ја предупредил Русија да не напаѓа членки на НАТО. Трамп одби да ги коментира медиумските извештаи во врска со целта на патувањето на Ретклиф. Од друга страна, Кремљ извештаите за можни руски подготовки за напад врз НАТО ги нарече „хорор приказни“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрбија потврди: Ратко Младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почестиПоранешниот командант на босанските Срби, Ратко младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почести, потврди српскиот министер за правда Ненад Вујиќ за медиумите.„Неговата улога е позната, но она што му припаѓа на генералот Младиќ сигурно ќе биде почитувано. Би сакал да истакнам дека Република српска не е таа што одлучува тука, семејството ќе одлучи и за местото каде што ќе биде погребан бидејќи тоа е прашање на неговото семејство“, изјави Вујиќ за АТВ. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook