3Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
БалканБрисел за набавката на оружје на српската армија од Кина: Европскиот пат на Србија бара јасни стратешки избориЕвропската комисија и пренела на Србија дека нејзиниот европски пат бара јасни стратешки избори и вклучува „избегнување стратешки зависности што не се во согласност со таа цел“. Реакцијата е по повод потврдата на претседателот Александар Вучиќ дека Белград купил разорни кинески суперсонични балистички ракети CM-400. Портпаролот на ЕК изјави дека „кредибилен европски пат значи посветеност на регионалната стабилност и заедничко разбирање на безбедносните предизвици со кои се соочува нашиот континент“, пренесе РСЕ. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера изјави дека му пишал на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за новото оружје на српската армија. „Такво оружје се уште не е видено на европска територија. Му пишав на генералниот секретар Марк Руте за тоа“, нагласи Пленковиќ. Српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот потврди дека Србија купила суперсонични балистички ракети CM-400 од Кина. „Имаме значителен број ракети и ќе имаме уште повеќе од нив“, изјави Вучиќ за РТС. Тој додаде дека српските вооружени сили успешно ја интегрирале кинеската ракета во руските борбени авиони МиГ-29 што ги поседуваат. Вучиќ синоќа одговори дека Србија ќе продолжи со набавките. „Ќе продолжиме со тоа. Нека земат повеќе хартија да пишуваат почесто во НАТО, но не мора да се мачат, само нека ми кажат да пријавам во НАТО. Кому сакаат да пријавам, тоа ќе го сторам. Да кажам само дека ова е Србија. Еве, Србија одлучува што сака да има. Србија е суверена и независна земја и Србија ќе може да се одбрани“, рече синоќа Вучиќ. Премиерот на Хрватска изјави дека не очекува Србија да биде во позиција да користи хиперсонични ракети против соседните земји, Хрватска или која било друга, и најави дека ќе разговара за ова со партнерите од НАТО и ќе ги предупреди за ова ново оружје. Одговарајќи на изјавата на Пленковиќ, Вучиќ изјави за РТС дека Србија „се подготвува да биде нападната од страна на сојузот формиран од Приштина, Тирана и Загреб“. „Не можеме да ги напаѓаме земјите од НАТО, а Албанија и Хрватска се исто така земји од НАТО. Ниту пак сакаме да ги нападнеме. Но, мислам дека тоа е нивната единствена намера. Тие само чекаат еден момент. Србија има доволно сила за одвраќање за две земји и еден ентитет“, рече тој. CM-400AKG, произведен од Кинеската корпорација за воздухопловна наука и индустрија (CASIC), е суперсонична балистичка ракета воздух-земја. Може да носи или високоексплозивна боева глава од 150 кг или пенетрациска боева глава од 200 килограми и има дострел до 400 километри. Тагови: Брисел Кина Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДесетгодишно дете пукало во маж во црковен двор во Србија- го принудил татко муПолицијата во Уб го уапси Славко О. (44) откако, според сомневањата, го убедил својот десетгодишен син да пука во неговиот деловен партнер (25). Нападот се случил во дворот на црквата во селото во близина на Обреновац, а сè го видел свештеникот кој, според информациите од терен, бил во шок. Тој раскажал како, гледајќи го автомобилот, прво помислил дека еден од верниците доаѓа да запали свеќа. Ранетиот млад човек се опоравува во болница од прострелни рани во рацете, пишува Telegraf.rs. Кавга поради продажба на дрва Се верува дека мотивот за конфронтацијата, која се случила синоќа околу 21 часот, се нерешени финансиски односи од заедничкиот бизнис за сечење и продажба на дрва. За време на расправијата, Славко О. извадил пиштол, му го дал на десетгодишникот и го принудил да пука во 25-годишникот. Страв кај мештаните Еден од соседите што се нашол во близина рекол дека му било невообичаено да види автомобил како влегува во црковниот имот доцна во ноќта. Повеќето од мештаните сè уште не ги знаат сите детали, но меѓу луѓето владее чувство на страв. Соседите на ранетиот млад човек велат дека тој е исклучително вреден и примерен. Осомничени со обемни досиеја Според достапните информации, Славко О. претходно бил пријавуван за нелегално поседување оружје, кражба на шума, насилно однесување и сообраќајни несреќи. „Ова е лице кое со години пополнува полициски досиеја и е добро познато на сите оперативци на терен. Во неговото досие пронајдовме голем број извештаи, од нелегално оружје и кражба на шума до насилно однесување и сообраќајни конфликти. Сепак, дури и најискусните инспектори за овој случај беа зачудени од фактот дека тој го користел сопственото десетгодишно дете како „машина за пукање“ и ставил наполнет пиштол во рацете“, открива извор запознаен со истрагата. Детето е згрижено, таткото е во притвор Со брза интервенција, полицијата го блокираше подрачјето. Десетгодишното дете е безбедно, а пронајденото огнено оружје е испратено на вештачење. Ранетиот 25-годишник е лекуван во болница и е надвор од животна опасност. На осомничениот татко му е одреден притвор до 48 часа, а случајот го презеде Вишото јавно обвинителство. Поради учество на дете во нападот, Центарот за социјална работа беше итно ангажиран за да му пружи правна и психолошка поддршка на момчето.Тагови: дете татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче се препозна во епитетот талог и е против сѐ што носи напредок на Македонија После прес-конференцијата на Венко Филипче сосема е јасно зошто сам се препозна во епитетот талог. Тој и неговата партија се против се што носи надеж и напредок, и против се што обединува, па затоа е и против прославата за 35 години независност на Македонија. Само тој талог умее да подели, просее омраза и да биде против среќата на сопствениот народ. Да потсетиме Венко беше и против покачени пензии, плати, субвенции за земјоделците, нови автопати, нови инвестиции, нови дата-центри. Тој е против се што е напредно. На власт брусеа шахти со македонско сонце, а во опозиција се против се што е македонско. Прославата за независност имаше над дваесетина настани, а финалниот настан на концертот на Дејвид Гета имаше над 50 илјади посетители. Одговорот го доби од народот. Многу е несреќно и жално што главниот репер за култура на Венко Филипче останува концерт на Харис Џиновиќ во Дубаи, додека во Скопје само наводно и формално се бори против влез на некаков српски свет. Од талогот се претера, се наведува во апртиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: 1,4 милијарди евра за странски инвестиции, двојно повеќе од претходната влада Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на тоа кои се резултатите коишто ги постигна Владата во последните две години во делот на привлекувањето на инвестициите.Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кои се резултатите коишто ги постигна Владата во последните две години во делот на привлекувањето на инвестициите и за тоа колку инвестиции влегоа во последниот период, изјави: „Видете, она кое што можам да го кажам е дека, ако се прави анализа, да речеме во последните две години, односно во овие 24-5 месеца откако оваа Влада е избрана, вкупното ниво на странски инвестиции е некаде околу милијарда и четиристотини милиони евра, отприлика округло. И сега, секогаш ми велат не се споредувај со претходно, но ние мораме да се споредиме и со претходната Влада, бидејќи ние сме Влада којашто ја победила претходната Влада, понудила нов концепт и е избрана од граѓаните и е таму каде што е, затоа мора да се споредуваме колку и да била лоша таа. Ако ги споредиме овие две години со првите две години тогаш кога немаше кризи, тогаш ќе стане збор за споредба помеѓу, отприлика една милијарда и четиристотини оваа Влада и околу седумстотини и педесет милиони коишто ги имаше претходната Влада. Бројките се јасни, разликата е огромна, без разлика дали тоа ќе го конвертираме како бројка виза-ви глава на жител или вкупна бројка, станува збор за озбилна разлика. Вчера имавме почеток на една огромна инвестиција, половина милијарда долари. Сопственикот на таа инвестиција рече дека ќе ја дуплира таа инвестиција. Практично тоа не е прва и последна, продолжува и понатаму, тоа е Ветерниот парк којшто ќе се протега во општините Радовиш, Штип и Карбинци. Денеска пуштаме нов производен погон во „ВИК“, овде во Прилеп, продолжуваме и понатаму. Така што Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори, ќе повторам и меѓународната заедница, односно странски инвеститори, но и домашни инвеститори, се разбира.“, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter