ЗабаваБрисел бара спас за комунистичкото чудо во Бугарија (ВИДЕО)Поголемиот дел од Европа не знае дека во Бугарија пропаѓа вистинско ремек дело на архитектурата – т.н ,,летечка чинија” на врв на планина.Европските експерти од органзиацијата за заштита на културното наследство бараат да се зачува споменикот Бузлуџа, изграден пред 40 години во чест на комунизмот. Невообичаената кружна зграда веќе две децении е оставена на пропаѓање и вандализам . Структурата висока 70 метри е направена од 70 000 тони бетон , 3 000 тони армиран челик , 40 тони стакло и изгледа како да лебди на 1440 метри надморска височина на врв на планина во централниот дел на Бугарија. Внатре има 40 метри широка сала , во која може да собере 400 луѓе и на муралите е нацртана историјата на Комунистичката партија на Бугарија. Била отворена 1981 година, а по падот на железната завеса споменикот е испразнет и оставен на забот на времето. Последните години го посетуваат туристи од странство , но годинава и на ниов им е забранет пристап од безбедносни причини. Сепак експертите од Организацијатаз а заштита на културното наследство на Европа решија да го спасат објектот за кој семтаат дека е ,,ремек дело на архитектурата , инженерството и уметноста”. ,,Со својот бруталистички стил , тоа е изворно архитектонско достигнување на 20 век.” , вели претседателот на Организацијата , Лорент Леви-Штраус, кој е поранешен функционер на УНЕСКО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец Обвинителството тргна по трагите на убиецот токму со првичниот исказ на Росанка Трајковска, која денеска пред судот повторно одговараше на прашањата, со срам појаснувајќи дека насилникот се обидел да ја силува.Трајко Бојковски со вперен поглед кон камерите, се поклони, па влезе во судницата во која беа повикани и Росанка Трајковска и Слоботка Арсовска, двете повозрасни жени кои според Обвинителството, дваесет и петгодишнот овчар од Старо Нагоричане се обидел, но не успеал да ги убие како останатите четири жртви. Со сослушување на двете преживеани жени кои според обвинението куртулиле од речиси сигурна смрт продолжи судскиот процес за случајот „сериски убиства во Старо Нагоричане“. Обвинителството тргна по трагите на убиецот токму со првичниот исказ на Росанка Трајковска, која денеска пред судот повторно одговараше на прашањата, со срам појаснувајќи дека насилникот се обидел да ја силува. -Јас седев на кревет, вратата крцна, ми фрли на глава нешто, ме удираше по глава и по гради со рака, па со телефонот. Цел саат ме тепаше. Некој му сврте на телефон, или нешто тропна, па тој избега. Не можев ни да викнам. Срам ми е да кажам што ми правеше, јас сум стара жена. Ме фаќаше, по стомак, секаде.- Росанка Трајковска Слоботка Арсовска пак, прстот во судницата го впери кон Бојковски посочувајќи дека тој е напаѓачот кој ја кутнал на земја, а се спасила бидејќи почнала да вика по нејзиниот син, иако тој не бил таму. Го познавала од претходно, знаела кој е, кога среде ноќ влегол кај неа дома. -Беше околу 1 часот ноќта, јас станав и го видов Трајко кој стоеше во ходничето и го прашав кој те пушти, тој молчеше, трет пат кога го прашав, тргна да ме дави. Ме турна на земја со неговите две нозе, јас почнав да викам по син ми Јоване, Јоване и во тој момент ме пушти и побегна. Бев во несвест до сабајлето.- Слоботка Арсовска За разлика од првото рочиште, сега Бојковски не гледаше во таванот и одговараше нормално, одби лично да им постави прашање на жените кои сведочеа. На следното рочиште, на барање на адвокатот Тони Цветковски кој му е доделен на обвинетиот по службена должност, ќе сведочат психијатриските вештаци. Трајко Бојковски е обвинет за четири убиства, а за дел од случаите насилната природа на смртта се докажуваше со ексхумација на телата откако претходно жртвите биле закопани како да починале од природна смрт. Обвинителството смета дека главниот мотив за убиствата е некрофилија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаМинистерство за правда: Хрватска – наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграцијаМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, на која беше потврдена подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правосудството и владеењето на правото. На средбата се разговараше за тековните реформски активности и идните приоритети во спроведувањето на Реформската агенда, со посебен акцент на размената на знаења и искуства во усогласувањето на законодавството со европското право, како и на натамошното јакнење на институционалната соработка. Хрватска е наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција, а нејзиното искуство од процесот на интеграција во Европската Унија е од особено значење за нашата држава. Ова искуство, особено во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, претставува значајна поддршка за нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. На средбата беше потврдена заедничката определба за продолжување на партнерската соработка и размената на искуства, со цел унапредување на реформите и забрзување на процесот на европска интеграција.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСофија Вергара можеше да има многу поинаква кариера. Знаете ли што студирала?Софија Вергара, 54-годишната актерка најпозната по улогата на Глорија Делгадо-Причет во „Модерно семејство“ и како судија во „Америка има талент“, планирала да тргне по сосема поинаков пат пред да стане актерка.Колумбиско-американската ѕвезда студирала стоматологија во нејзината родна Колумбија, но никогаш не дипломирала. Студирала стоматологија Вергара зборуваше за тој период од својот живот во ток-шоуто на Хари Коник Џуниор. Таа откри дека студирала стоматологија две години, но на крајот се откажала. „Одев на стоматолошки факултет, но не го завршив. Студирав две години“, изјавила таа во тоа време. Студирала стоматологија, но никогаш не работела со пациенти. Се откажала од колеџ само два семестри пред дипломирањето за да ги искористи можностите во манекенството и глумата. View this post on Instagram A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) Родниот град добива огромна статуа Вергара подоцна имала успешна кариера во Холивуд, а нејзиниот роден град Баранкила ја почестил со монументална скулптура. Бронзената статуа беше откриена на 10 јули 2025 година, на нејзиниот 53-ти роденден, на шеталиштето Гран Малекон. Градоначалникот на Баранкила, Алехандро Чар, нагласи колку градот е горд на актерката. „Баранквила ви се поклонува и му вели на целиот свет: ви благодарам што сте тоа што сте, ви благодарам што сте од Баранкила“, рече тој. „Каков подобар начин да се прослави роденденот на Софија од откривањето на ова прекрасно дело што ја претставува нејзината радост, харизма, автентичност и личност“, додаде тој. Статуата е создадена од скулпторот Јино Маркез, кој работеше на неа седум месеци со помош на шест студенти и поранешни студенти на локалното уметничко училиште. Скулптурата е висока 7,5 метри и тежи 5,5 тони. Статуата предизвика контроверзии Вергара, која наводно била на одмор со своето семејство во времето на откривањето, не присуствуваше на настанот. Статуата брзо привлече внимание на интернет, а многумина коментираа дека скулптурата не личи баш на актерката. Некои дури ја споредија со познатата статуа на Кристијано Роналдо која некогаш предизвика потсмев на социјалните мрежи. Корисниците на Редит исто така не беа импресионирани. „Кој го одобри ова?!“ напиша еден корисник. „Ако правиме статуи, можеме ли да најдеме некој што може да прави лица?“ додаде друг. Еден коментатор се пошегува и за пропорциите на скулптурата: „Изгледа како да ја направил некој со голем фетиш за стапала“.Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter