Бремените жени од Кина ја шверцуваат сопствената крв во Хонг Конг - Канал 5

Бремените жени од Кина ја шверцуваат сопствената крв во Хонг Конг

Бремените жени од Кина пренесуваат епрувети со својата крв во Хонг Конг , каде се вршат утврдувања на полот на бебето.

Бремените жени од Кина ја шверцуваат сопствената крв во Хонг Конг

Во Кина е забрането да се знае полот на бебето пред породувањето , поради големата разлика во бројот на машките и женските деца.

Едно 12-годишно девојче е последниот случај на приведување во Луоху, на границата со Хонг Конг и Народна Република Кина, при што во нејзиниот ранец се пронајдени 142 примероци крв на бремени жени , а девојчето ги криело епруветите за шверцување во играчки. Царински службеник изјавил: „Беше чудно да се види девојче со натрупан ранец со оглед на тоа што студентите од Кина кои редовно влегуваат во Хонг Конг на овој премин обично носат само книги и храна“.

Шверцот со крв во Хонг Конг од Кина стана честа појава во последните три години. Примероците се испраќаат во клиниките во Хонг Конг за ДНК-тестирање, што им овозможува на потенцијалните родители рано да го детектираат полот на своето дете.

И покрај промената на законот во однос на политиката на едно дете во НР Кина, многу кинески парови сепак избираат да имаат само едно дете и, како по правило, сакаат тоа да биде машко.

Во нивниот очаен обид да дознаат дали ќе имаат момче или девојче, многу кинески родители се обраќаат на посредници кои ги пренесуваат примероците од крв на идните мајки во Хонг Конг. Десетици агенции нудат услуги од ваков вид на социјалната мрежа Веибо, кинески еквивалент на Твитер.

Портпаролот на една од овие агенции рече: „Жените можат да започнат со тестирање во шестата или седмата недела од бременоста. “.

Бремените жени се охрабруваат да испраќаат шишиња со примероци од крв во Хонг Конг, скриени во полнети играчки или кутии со спакувана храна. „Ние веќе не вработуваме луѓе да носат примероци преку границата. Тоа стана премногу ризично“, додаваат од агенцијата.

Споменатата агенција на Веибо има 380.000 следбеници и наплаќа по 490 долари за своите услуги. Тестирањето се врши на тајна локација во Хонг Конг.

Кинескиот закон за планирање на семејството забранува тестови за утврдување на полот на децата од 2002 г. Според податците за 2017 година, Кина има 32,7 милиони повеќе мажи отколку жени.

За време на политиката на едно дете, селективните абортуси во Кина беа вообичаени. Околу 12 милиони женски деца биле абортирани меѓу 1970 и 2017 година.

Иако законите во Кина од 2015 година им овозможуваат на родителите да имаат повеќе од едно дете, многумина од нив сè уште раѓаат по едно дете поради високите трошоци на живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Безбедносната ограда е пробиена на аеродромот во Лајпциг преку ноќ, а полицијата верува дека непознат автомобил влегол на аеродромскиот терен покрај руските товарни авиони „Антонов“ паркирани таму.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Дупката во оградата е откриена околу 23 часот во саботата, соопшти полицијата, а портпаролката на полицијата Тереза ​​Леверенц изјави дека летовите на северната страна од аеродромот се откажани по инцидентот, објави „Билд“, забележувајќи дека бројни товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта на аеродромот во Лајпциг.

„Многу е веројатно дека возило ја пробило оградата. Сепак, за време на пребарувањето на областа преку ноќ, ниту возилото ниту неовластени лица не се пронајдени во аеродромскиот простор. Пребарувањето ќе продолжи денес, а северната писта останува затворена за воздушен сообраќај“, рече Леверенц.

Во август, истражителите открија дрон натоварен со експлозив во близина на аеродромската писта, настан за кој германските власти подоцна ја обвинија Русија, објави „Ројтерс“.

Русија ги негираше обвинувањата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

На 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Д. (18) од Куманово. 

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт уби непознат број луѓе, објави денес локалната општинска власт во тој град.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Беше објавено дека пожарот е предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на локализирање на пожарот, објавува „CNN“.

Пожарот започнал во базата во Вејнрајт, град во источниот дел на покраината Алберта, и брзо се проширил поради силните ветрови, соопшти општината во објава на Фејсбук.

Повикот за помош дошол околу 16:00 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт, а канадскиот министер за одбрана Дејвид Мекгинти потврди дека има и смртни случаи и повредени, без да даде детали.

„Пожарот на терен сè уште не е изгаснат и наскоро ќе биде покрената истрага“, додаде тој.

Канадската воена база Вејнрајт, која се наоѓа околу 210 километри југоисточно од главниот град на покраината Едмонтон, е една од најпрометните воени бази во земјата, наведено е на веб-страницата на владата.

Болниците преполни

Лекар во болница во градот Едмонтон, кој се наоѓа 180 километри северозападно од Вејнрајт, изјави за канадскиот национален јавен сервис дека пациентите се носат во болниците низ градот бидејќи здравствените установи во градот се „целосно преоптоварени“ со бројот на луѓе на кои им е потребна нега, објави Скај њуз.

„Овој број на пациенти би го преоптоварил градот Едмонтон“, изјави за „CBC News“ д-р Ворен Тирск, лекар од итна помош во болницата Ројал Александра.

„Ова е повеќе пациенти отколку што би сакал да изброи кој било од нас во овој момент. Тоа е катастрофа. Ова е катастрофа што се случува еднаш на секои 15 до 25 години.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер