Бремена жена на Флорида го спасила сопругот од напад на ајкула

Бремена жена скокнала во морето на Флорида Кис за да го спаси сопругот од напад на ајкула.

Според полицијата, Ендру Чарлс Еди (30) тргнал да нурка во близина на гребенот Сомбреро во неделата, но скоро веднаш откако влегол во водата бил нападнат и каснат од ајкула.

Неговата сопруга Маргот Дјукс-Еди ја видела грбната перка на ајкулата и крвта на нејзиниот сопруг, па веднаш скокнала во морето и се нурнала „без двоумење“, соопштија официјалните лица.

Откако го извлекла сопругот на безбедно, другите членови на семејството повикале брза помош. Лекарите со хеликоптер го префрлиле во болница во Мајами, каде му била укажана помош , поради тешка повреда на рамото, пишува Би-Би-Си.

Вработениот во брзата помош, Рајан Џонсон изјавил за локалните медиуми дека Еди бил во „критична состојба“ кога брзата помош пристигнала на местото на настанот.

Брачна двојка од американската држава Џорџија одмарала со своето семејство на Флорида и заедно пловеле со приватен брод. Додека Еди влегувал во вода, неколку членови на неговото семејство веќе нуркале со маски.

Сведоците на инцидентот подоцна пријавија дека порано во текот на денот виделе ајкула долга од два до три метри.

Флорида има најголем број напади на ајкули во светот, со 21 пријавен случај само во 2019 година.

Згодната Никол покажа со што го завела Бред Пит

Освен убавото лице, полните усни, заради што неверојатно потсетува на Ирина Шајн, таа има и совршена фигура.

Откако во јавноста како бомба одекна веста за нејзината врска со Бред Пит, атрактивната Германка со полски корени Никол Потуралски стана вистинска сензација. Нема веќе кој не знае за нејзиното име, а згодната бринета тоа знае да го искористи.

Се до неодамна таа беше обичен модел со адреса на живеење во Берлин, а денес името Никол Потуралски и тоа како е познато. Заради врската со холивудскиот шармер, и се отворија многу врати во модната индустрија.

Но, не е само новата љубов заслужна за тоа. Потуралски дефинитивно има предиспозиции да стане нов супермодел.

Освен убавото лице, полните усни, заради што неверојатно потсетува на Ирина Шајн, таа има и совршена фигура.

Тоа сега и го покажа на јавноста преку својот јавен Инстаграм профил на кој ја следат неверојатни 230 илјади луѓе.

Додека во тоалетот од хотелската соба позираше пред последното снимање, многумина останаа без здив гледајќи го нејзиното совршено обликувано тело. Совршените пропорции дојдоа до израз,а на многумина им стана јасно со што таа успеала да го заведе хиливускиот актер.

Никол се фотоградираше во бикини со леопард принт и напиша дека не може да оди на плажа, но затоа себе ќе си дозволи ден во спа центар.

Видео: Студенти во Англија преку прозор бегаат од обезбедување

Студенти во Англија се снимени како скокаат низ прозорци за да побегнат од обезбедувањекое им ја попречило забавата во време на корона.

Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како студентите се спуштаат од голема височина додека пријателите се обидуваат да ги фатат.

Гласноговорникот на Универзитетот во Салдорд рекол дека се свесни за проблемот и дека преземаат мерки.

-Студентите ги потсетувавме и продолжуваме да ги потсетуваме на правилата и однесувањето кое од нив се очекува, рекол тој.

Гебрејесус: Наредните месеци ќе бидат посебно тешки

Наредните месеци ќе бидат посебно тешки кога станува збор за пандемијата со корнавирусот, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејесус.

Гебрејесус на состанокот во Женева рекол дека ова е критичен момент кога станува збор за пандемијата, особено на северната хемисфера. Тој истакнал дека неколкуте наредни месеци ќе бидат многу тешки и дека некој земји се на опасен пат, пренесе „ТАС“.

Голем број земји бележат раст на бројот на заразени, што доведува до преоптоварување на здравствениот систем, истакна генералниот директор на СЗО.

Тој ги повика лидерите на државите да преземат итни чекори со цел спречување на понатамошно влошување, како и сеопфатна анализа на епидемиолошката ситуација и итно прилагодување на мерките во оние места кои бележат голем раст на бројот на новозаразени.

Освен тоа, властите мораат јасно да ја информираат јавноста за реалната епидемиолошка ситуација и да им помогнат на граѓаните и економијата, додава Гебрејесус.

Тој забележал дека има недостаток на кислород во многу болници низ светот.

Некои од најсиромашните држави на светот имаат само 5 до 20 отсто од потребниот кислород за лекување на пациенти, истакна генералниот директор на СЗО.

притисни ентер