Бремена мајка легнала врз активираната бомба да ги заштити децата - Канал 5

Бремена мајка легнала врз активираната бомба да ги заштити децата

Трагедијата во Бијело Брдо кај Осијек во која загинаа бремена мајка и нејзиниот 7 годишен син го потресе регионот. Неколку дена по трагедијата излегуваат детали за херојството на 36 годишната Зафира Хаџа и нејзината 8 годишна ќерка Индира која иако повредена, успеала од куќата да ја изнесе својата две годишна сестричка...

Бремена мајка легнала врз активираната бомба да ги заштити децата
Индира преживеа благодарение на брзата реакција на хирурзите иако челичен шрапнел од рачната бомба М75 и поминал низ срцето и застанал кај дишникот.

- Малата Индира е добра и стабилна. Самостојно дише. Таа е на интензинва нега и постојано и ја следиме состојбата. Засега би било опасно да се вади шрапнелот, па нема да го поместуваме. Колегите кои биле на смена завршиле одлична работа - изјави за хрватски „24 сата“ началникот на одделението за кардиохирургија во Осијек, Ранко Угљен.

Девојчето се разбудило од комата во која западна во саботата кога бомба, која ја донеле децата од селско игралиште (!?) експлодира во нивниот дом и ги уби нивната мајка и брат.

Индира иако повредена, успеа да ја извлече својата 2 годишна сестричка од куќата.

Во експлозијата беа повредени Индира (8), и браќата Валентино (9) и Јасмин (5).

Соседите зборуваат за невидената храброст на девојчето кое се погрижило за својата сестра и за храбрата мајка која за да ги заштити своите деца, кога видела дека бомбата експлодира, легнала врз неа!

Се уште нема информации кој е виновникот за оваа ужасна несреќа - кој оставил бомба на игралиштето во селото!

/ извор: Блиц

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали автомобил во подземниот паркинг на Кам мол во Ѓорче Петров- посетителите бегаат во паника

Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на КАМ мол во скопската населба Ѓорче Петров, по што биле евакуирани сите посетители на трговскиот центар.

Се запали автомобил во подземниот паркинг на Кам мол во Ѓорче Петров- посетителите бегаат во паника

Според очевидци, со асистенција на полицијата, возилата едно по едно го напуштаат паркингот. На нив се забележуваат траги од чад, а чад излегува и од вентилацискиот систем на објектот.

На местото се присутни полициски екипи и пожарникари, а пред молот се собрани голем број граѓани.

Засега нема официјални информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за тоа дали има повредени лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сојузот на борци му додели признание на новинарот Видиновски за национален активизам

Новинарот и уредник во Канал 5, Александар Видиновски вечерва го доби признанието во категоријата национален борец, како признание за значаен национален релевантен активизам.. 

Сојузот на борци му додели признание на новинарот Видиновски за национален активизам

Признанието му го додели Сојузот на борци во рамките на одбележувањето на 19-ти ноември, денот на ослободувањето на Тетово во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со стареењето се нарушува процесот на чистење на мозокот од отпадни материи

Како што луѓето стареат, тие имаат тенденција да спијат пократко и да се будат почесто во текот на ноќта. 

Со стареењето се нарушува процесот на чистење на мозокот од отпадни материи

Покрај тоа, истражувачите откриле дека процесот одговорен за исфрлање на отпадните производи од мозокот за време на спиењето често е нарушен кај постарите возрасни лица, објави Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ).

Истражувачите откриле дека брановите на цереброспиналната течност (CSF), кои помагаат во исфрлањето на клеточниот отпад од мозокот, се значително послаби кај постарите возрасни лица. Ова оштетување е поврзано со намалување на бавните мозочни бранови, кои нормално се јавуваат за време на длабок сон, откриле истражувачите, и не е само резултат на пократок сон.

Научниците сега се надеваат дека ќе истражат дали нарушениот проток на CSF го зголемува ризикот од невродегенеративни нарушувања и дали некои од моделите на спиење што ги забележале би можеле да се користат за предвидување на индивидуалниот ризик.

- Знаеме дека луѓето стареат на многу различни начини. Некои стареат многу успешно, со одлични когнитивни резултати, додека други развиваат когнитивен пад. „Ако можеме да откриеме кој има поволни траектории на стареење и кои фактори се поврзани со нив, би можеле да го искористиме тоа за да ги предвидиме идните исходи“, вели Лаура Луис, професорка по електротехника и компјутерски науки на одделот, членка на Институтот за медицинско инженерство и наука и Лабораторијата за истражување на електрониката на МИТ и придружен член на Институтот Пикауер за учење и меморија.

Нејзината лабораторија, исто така, планира да истражи дали постојат интервенции што би можеле да го подобрат протокот на CST кај постарите возрасни лица.

Луис е главен автор на студијата, која е објавена во списанието Nature Aging. Сидни Бејлс, постдокторски истражувач во Лабораторијата за информациски и системи за одлучување на МИТ, и Стефани Вилијамс, поранешна гостин-студентка на МИТ која ќе го добие својот докторат од Универзитетот во Бостон во 2026 година, се водечки автори на трудот.

Намалената невроваскуларна спојка и нарушениот проток на крв објаснуваат голем дел од падот на протокот на цереброспиналната течност, но не можеа да објаснат сè, истражувачите развија статистички модел што сугерира дека веројатно постојат и други фактори поврзани со стареењето што придонесуваат за падот на протокот на цереброспиналната течност, велат тие.

„Стареењето е толку сложено и толку многу различни работи се менуваат што е навистина тешко да се издвојат индивидуалните фактори“, вели Бејлс. „Се обидуваме да објасниме некои од механизмите, но секако постојат многу други фактори поврзани со здравјето на крвните садови и начинот на живот. Ако можете да ги измерите сите, можеби ќе можете да ги разложите на различни објаснувања за тоа зошто протокот на цереброспинална течност кај една личност е повеќе или помалку нарушен.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер