Брегу: РСС очекува ЕУ годинава да почне преговори со Македонија и Албанија

Според Брегу, регионот треба да ја покаже својата посветеност на европскиот пат, како и политичка волја за решавање на нерешените билатерални прашања кои влијаат на целиот регион и создаваат негативна слика за Западен Балкан.

Регионалниот совет за соработка (РСС) искрено се радува на охрабрувањата што доаѓаат од Европската унија и очекува преговорите за членство со Македонија и Албанија да започнат оваа година, изјави генералната секретарка на РСС, Мајлинда Брегу на средба со министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан во Њујорк.

Од друга страна, според Брегу, регионот треба да ја покаже својата посветеност на европскиот пат, како и политичка волја за решавање на нерешените билатерални прашања кои влијаат на целиот регион и создаваат негативна слика за Западен Балкан.

Како што соопшти РСС, ваквиот став на Брегу го потврдија и заменик генералниот директор во Генералната дирекција на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Мачеј Поповски и директорката за Западен Балкан при истата Дирекција, Џеновева Руиз Калавера, кои на состанокот повторија дека започнувањето преговори со Македонија и Албанија е во најдобар интерес на цела Европа, бидејќи „без интеграција на целиот Балкан нема стабилна и сигурна Европа".

Средбата е организирана на маргините на 74-то заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации, а на неа за започнување на преговорите се заложиле сите учесници од Западен Балкан, укажувајќи дека тоа би било важно не само за тие земји туку и за регионот во целина. Се разговарало и за досегашните постигнати успеси во процесот на регионалната соработка, како и за продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, што би довелo до нормализација на нивните односи.

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

притисни ентер