Бред Пит ќе вози Формула 1 заедно со Луис Хамилтон (ФОТО) - Канал 5

Бред Пит ќе вози Формула 1 заедно со Луис Хамилтон (ФОТО)

Бред Пит ќе седне во болид Формула 1, веднаш до Луис Хамилтон и другите врвни возачи на почетокот на Британското ГП во Силверстон овој јули.

Бред Пит ќе вози Формула 1 заедно со Луис Хамилтон (ФОТО)

Пит (59) успеал да добие специјална дозвола да вози загревачки круг со возачите и да сними се за потребите на филмот на кој моментално работи. Тоа е ризичен потег за организаторите, бидејќи без разлика на сите мерки на претпазливост, секогаш има шанси за проблеми, несреќи и штети кои се бројат во милиони, па и во милијарди.

Од друга страна, не е чудно што шефовите на Ф1 се согласиле на овој аранжман - тоа е Бред Пит, тоа е Хамилтон, седумкратниот шампион во Ф1, рекордер по бројот на титули, по бројот на индивидуални победи и пласмани на подиумот, како и бројот на водечки стартни позиции. Покрај тоа, Хамилтон е еден од извршните продуценти на филмот, преку неговата нова продуцентска куќа Dawn Apollo Films. И сите сакаат сцените да бидат веродостојни.

Во сè уште ненасловениот филм, Пит глуми ветеран во Формула 1, кој ја прекинува својата спортска пензија за да биде ментор на млад и талентиран возач. Приказната не изгледа многу иновативно, но има големи играчи, актери, спортски и финансиски можности, па треба да чекаме на оценки и критики. Филмот, за кој упатените тврдат дека ќе биде полн со акција и возбуда гарантирани од Ф1, „најбрзиот циркус во светот“, треба да пристигне во кината во средината на 2024 година.

- На гледачите кои ќе ја следат трката во Силверстон ќе им биде необично и надреално да го гледаат Бред Пит како го води тимот на патеката - изјави еден од оние што работат на филмот и додаде дека станува збор за „кул проект“ и е феноменално да работи со Бред Пит. Актерот е познат како голем љубител на трките со автомобили, а во 2016 година ја имаше честа да го означи почетокот на познатата трка 24 часа Ле Ман во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Чаби Алонсо имаше победнички старт на чело на Челси, со победа од 3:2 над Фулам.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Интересно е што и Фулам ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа – токму тој го наследи Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што му даде нова димензија на односот меѓу двајцата поранешни соиграчи.

Заминувањето на Алонсо од Мадрид уследи по бурен период. Во тоа време, медиумите пишуваа за неговите несогласувања со одредени клучни играчи, меѓу кои особено се спомнуваше Винисиус Жуниор.

Легендата на Ливерпул и поранешен соиграч на Алонсо, Џејми Карагер, смета дека проблемите во Реал Мадрид првенствено не се должеле на работата на Алонсо, туку на односот со играчите.

„Чаби Алонсо ја загуби работата поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен од ситуацијата. Отиде да се пожали кај сопственикот, а се зборуваше и дека нема да потпише нов договор“, изјави Карагер.

На крајот, Реал Мадрид, како и секогаш, застана на страната на играчот, го смени тренерот, а потоа го доведе неговиот пријател, Алваро Арбелоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи.

Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи.

Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник.

САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување.

Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот.

Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер