Бред Пит изгледа остарено и изморено- фановите загрижени (ФОТО) - Канал 5

Бред Пит изгледа остарено и изморено- фановите загрижени (ФОТО)

Кога пред неколку дена во медиумите се појавија најновите фотографии од Бред Пит, коментарите течеа како лента: „Полуде“, „Разводот го уништи“, „Не е тоа што беше“.

Бред Пит изгледа остарено и изморено- фановите загрижени (ФОТО)

Но, сепак дали навистина очекуваме маж на прагот на седмата деценија да остане заробен во триесетгодишно тело?

Бред Пит не е само актер - тој е икона. Уште од деведесеттите, кога го воодушеви светот со улогата во филмот „Телма и Луиз“, Бред стана симбол на машката убавина. Неговите сини очи, совршено извајано лице и неодолива насмевка го направија „вечен убавец“, но и човек чиј изглед беше проследен со непобитна харизма. И додека неговиот изглед беше она што привлекуваше внимание, неговиот талент, шарм и достоинство го задржаа на врвот.

Разводот од Анџелина Џоли по осумгодишна правна битка секако остави белег. Тоа не беше само крај на бракот, туку и крај на една ера. Медиумските војни, обвинувањата и судските драми не останаа незабележани – ниту за Бред ниту за неговото семејство. Но, зарем секој крај не е можност за нов почеток?

На најновите слики, Бред можеби не се насмевнува како пред десет години, но сепак го има тој препознатлив изглед полн со искуство и приказни кои допрва треба да се раскажат. Неговиот стил, иако за некои е сомнителен, докажува дека тој сепак игра по свои правила - капи, торби, координирани детали. Ова е Бред Пит кој не ги следи трендовите, туку ги поставува.

Бред Пит има 61 година и тоа е нормално. Но, зарем не е освежувачки да се види некој кој очајно не се обидува да ја „зачува својата младост“, туку гордо ја прифаќа својата возраст? Холивуд е познат по тоа што немилосрдно ги притиска своите ѕвезди да изгледаат „совршено“, но Бред докажува дека автентичноста е она што победува.

Зад него е турбулентен брак и сложени врски со децата, но и нова љубов – дизајнерката на накит Инес де Рамон, со која споделува моменти на среќа. Неговата приказна е далеку од совршена, но тоа е она што ја прави реална.

Бред Пит можеби „пропаднал“ во очите на оние кои ја идеализираат вечната младост. Но, за сите оние кои гледаат подалеку од брчките и новиот стил, тој останува симбол не само на убавината, туку и на издржливоста, талентот и силата.

Секоја брчка носи приказна, секој поглед искуство, а секоја фотографија потврдува - Бред Пит е и засекогаш ќе биде легенда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало

22 годишен маж во Беране Црна Гора е уапсен од полицијата откако лажно сведочел дека неговото дете паднало од помошен монтажен објект и починало.

Татко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало

Полицијата била известена дека детето било донесено во здравствена установа каде била констатирана само смрт. Докторите повикале полиција и за случајот бил известен јавен обвинител каде побарал обдукција на телото на детето. Инспекторите се посомневале во исказот на таткото каде детално го обработиле местото на несреќата, и бил даден автомобилот на 22 годишниот маж на вештачење. „Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, соопшти црногорската полиција..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов

Вчера граѓаните на Штип повторно беа без вода за пиење, на 40 степени.

Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов

Резултат на неспособноста на ВМРО-ОКГ и градоначалникот Иван Јорданов.

Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип.

Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не.

Штипските бунари кои функционираа половина век, над 50 години се запуштени.

СДСМ со години апелираше дека штипските бунари коишто треба да бидат алтернативен избор за водоснабдување, не смеат да се остават уништени, како што ги уништи ВМРО.

Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ се фатија за парк од 120 милиони денари ⁠наместо да ги стават во функција.

СДСМ и во советот на Штип имаше многу иницијативи, предлози, конкретни мерки.

Но Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии.

Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните.

Проблемот со водата не е само локален во Штип, со ВМРО-ОКГ во над 50 населени места ширум Македонија, водата не е безбедна, во Гостивар над 5.000 луѓе беа отруени.

За хаосот со водоснабдувањето мора да има одговорност.

Македонија не смее да биде држава во која во 21 век граѓаните се плашат да се напијат чаша вода од чешма.

YouTube video

Прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од полноќ.

Денеска нови цени на горивата

Одлуката ќе покаже дали граѓаните во наредните денови ќе плаќаат помалку или повеќе за гориво. Според последната одлука на Регулаторна која е во сила од претходниот понеделник, бензинот супер БС 95 се продава по цена од 93 денари за литар, 98ка за 95 денари по литар и дизелот се точи по цена од 101, 5 денари по литар. Оваа пресметка на Регулаторна беше направена со намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер