Бред Пит има „црна листа“ на актери со кои никогаш веќе нема да работи

Бред Пит наводно има листа на актери со кои никогаш повеќе нема да соработува.

Барем така тврди Арон Тејлор-Џонсон, кој глумеше со него во Bullet Train, последниот филм на Пит.

Оскаровецот, кој во својата повеќедецениска кариера соработувал со голем број големи холивудски ѕвезди, очигледно чува белешки за актерите кои не ги сака, но и за оние кои ги сака.

„Тој само сака да донесе светлина и радост во светот и да биде околу луѓето кои се таму за да се забавуваат. Работиш со многу актери и по некое време почнуваш да забележуваш: „Дефинитивно никогаш нема да работам повторно со таа личност.' А Бред го има овој список: листа на добри и листа на по**ани“, изјави за Variety Тејлор-Џонсон, кој го игра убиецот Танџерин во Bullet Train.

За време на неговата славна кариера, Пит глумеше покрај некои од најдобрите и најпознатите актери во Холивуд. Иако не се знае кој се наоѓа на неговата листа на непожелни и пожелни соработници, некои од имињата на листата би можеле да бидат Кејт Бланшет, Лупита Нионго, Леонардо ди Каприо, Тилда Свинтон и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.

Една од ѕвездите која дефинитивно се наоѓа на неговата „добра“ листа е Сандра Булок. Бред направи камео во филмот на Сандра „Изгубениот град“, а таа ја игра Марија Буба во „Bullet Train“. А Бред се надева дека тој и неговата „стара пријателка“ во иднина повторно ќе соработуваат.

„Сенди е стара пријателка. Таа е непоколеблива личност која можев да ја повикам за услуги во текот на годините, и го направив тоа многу пати и таа е секогаш таму. Таа беше одлична во моментот, таа беше одлична личност што ја имав околу ситуација како онаа која всушност беше некако интимна. Едноставно функционираше многу добро и таа го имаше својот филм, а јас морав да направам малку од нејзиниот. Мислам дека ќе продолжиме да го правиме истото“, изјави Пит неодамна за бразилскиот водител Хуго Глос.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер