3Мицкоски: Повеќе вода за земјоделците значи повеќе реколта, поголемо производство и повисоки приходи
ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
1ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
2Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
Шоу бизБред Пит и Том Круз си паднаа во прегратка на премиера во Лондон (ФОТО)Бред Пит и Том Круз ги воодушевија присутните на премиерата на филмот Ф1 во Лондон.Пред да позираат на црвениот тепих, Бред му се приближи на Круз и го прегрна. Нивните фотографии се проширија на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека вака изгледа пријателството што трае со години. Бред на премиерата беше придружуван од неговата девојка Инес Де Рамон. Тие глумеа заедно во филмот „Интервју со вампирот“ Патем, Пит и Круз глумеа заедно во филмот Интервју со вампирот во режија на Нил Џордан, кој беше објавен во 1994 година. Актерите ги играа главните улоги во филмот. Заедно со нив двајца, значајна улога одигра и Антонио Бандерас, кој со таа улога привлече внимание и кон себе и кон тогаш непознатата Кирстен Данст. Филмот е базиран на истоимениот роман од авторката Ен Рајс. Бред Пит е главната ѕвезда на филмот Ф1 Бред Пит е главната ѕвезда на Ф1: Филмот, кој треба да се појави во кината овој месец. Покрај него, глумат и Дамсон Идрис, Кери Кондон и Хавиер Бардем. Станува збор за спортска драма, режирана од Џозеф Косински и напишана од Ерен Кругер, заснована на приказна што ја напишале заедно, а која го прикажува Светското првенство во Формула 1. „Сони Хејс (Пит), возач на Формула 1 кој се тркал во 1990-тите, имал ужасна несреќа што го принудила да ја напушти Формула 1 и да почне да се трка во други дисциплини. Сопственикот и пријател на тимот на Формула 1, Рубен (Бардем), го контактирал Хејс и го замолил да се врати од пензија за да му биде ментор на почетникот Џошуа Ноа Пирс (Идрис) за тимот на Апекс Гран При“, е премисата на филмот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БалканНа Триглав пронајден мртов 19 годишен планинар од Србија!Млад човек од Србија е пронајден мртов на врвот на Јулиските алпи, Триглав, во Словенија.Словенечката служба за спасување во планина соопшти дека е завршена повеќeдневната потрага по млад планинар (19) од Србија, кој исчезна во областа на Триглав. Планинарот е пронајден мртов, а службата изрази сочувство до неговото семејство и роднините. Во неделата, на 1 ноември, планинарот останал заробен ноќно време, во областа Племенице поради густа магла и ветер . Во потрагата учествувале планински спасувачи од Бовец и Мојстрана, а во понеделникот, на 2 ноември, пронашле неколку негови лични предмети. Потрагата продолжила и во наредните денови, при што во акцијата биле вклучени хеликоптерски екипи од Брник, како и хеликоптери на словенечката војска и полиција. Интервенцијата се одвивала на исклучително тежок терен и во многу тешки временски услови, проследени со снег, мраз, дожд, ветер и магла.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пушти во употреба современо опремениот фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“. Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани, простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се применува, а младите ќе ги прават првите чекори кон својата професија. - Ова е можност еден млад човек да открие во што е најдобар и да изгради иднина со сопствените знаење, труд и вештини. Тука учениците ќе вежбаат едни на други, ќе ги совладуваат фризерските техники, ќе користат професионална опрема и ќе учат како се гради доверба со клиентот. Чекор по чекор, со поддршка од професорите, ќе стекнуваат искуство и самодоверба за вистинските предизвици на својата идна професија. Особено значајно е што во рамките на практичната настава ќе можат да им нудат услуги по субвенционирани цени на учениците од другите средни училишта. Така, практичната работа добива уште поголема вредност, а младите добиваат дополнителен мотив да го изберат стручното образование и да ја препознаат својата иднина во него. Верувам во овие млади луѓе. Во нивните вредни раце, во нивната креативност и во желбата да успеат – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека обврска на Град Скопје е да им обезбеди услови на младите со кои ќе можат да го покажат сето она што го умеат, бидејќи најдобро се учи кога теоријата се претвора во практика, а практиката во професија. - Вложуваме во младите денес, за утре да стојат цврсто на свои нозе. Со свој занает. Со своја кариера. Со можност да создадат и сопствен бизнис. Нивниот успех е успех на Скопје – рече Ѓорѓиевски. Фризерско-козметичкиот салон за учениците од „Димитар Влахов“ се наоѓа на булеварот Партизански одреди во Лептокарија во непосредна близина на Универзитет Скопје.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаМицкоски: Повеќе вода за земјоделците значи повеќе реколта, поголемо производство и повисоки приходи„Добар ден и од мене, Најпрво би сакал да го честитам денот на градот Валандово. Денеска некако се поклопија настаните и почнувањето на проектот Страиште, но и денот на градот Валандово и да посакам уште многу вака успешни проекти да се реализираат, не само во Валандово туку и низ цела Македонија што всушност претставува и главна цел на оваа Влада е да испорача она што им е потребно на граѓаните. Не секогаш успеваме во таа намера имајќи в предвид со каква ситуација се соочивме и што се наследивме, разурната држава, уништени институции, систем којшто не постоеше, но се трудиме приоритет по приоритет, еден по еден да ги решаваме проблемите и се надевам дека успеваме во најголема мера да ги решиме тие проблеми. Што се однесува до самиот проект, слушнавте и од самите говорници за каков сложен проект станува збор. Но, она коешто е поважно е дека со овој проект ќе се овозможи земјоделците коишто ќе ги обработуваат своите ниви да имаат повеќе достап до вода, односно ќе имаат можност да имаат достап до вода тогаш кога таа им е потребна. Ќе има можност за повеќе реколта, повеќе земјоделско производство и конечно на крај повеќе приходи за самите земјоделци и на тој начин се надеваме дека голем број од жителите во овој крај ќе се вратат повторно на нивите, ќе го заживееме земјоделството и ќе имаме поголемо производство на земјоделски производи што претставува една од основните цели на работењето на оваа влада. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на колегите од владата, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за посветената работа на луѓето од институциите во рамките на самото министерство коешто навистина со својата енергија, со својата напорна работа допринесува за овој проект денеска повторно се рестартира или отпочне со работа, на општината којашто дава своја поддршка се разбира секогаш кога е потребно за ваков тип на проекти, на пратениците од овој дел во македонското собрание коишто го поддржуваат реализирањето на ваквите проекти. И остануваме ние како влада да решиме што повеќе проблеми, нешто коешто веќе го кажав на почетокот од моето денешно излагање и конечно на крај да се заблагодарам на нашите партнери од банката KfW коишто ги пратат овие проекти. Се надевам дека уште многу вакви и слични проекти ќе решиме во иднина. Нека е аирлија.“изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter