Со изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!
1Со изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
2Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!
ЗабаваБратот на Новак Ѓоковиќ на Калемегдан во Белград ја побара Сашка за жена (ВИДЕО)Ѓорѓе Ѓоковиќ, брат на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ја запроси својата девојка, инфлуенсерката Сашка Веселинов.Запросувањето се случило на тврдината Калемегдан во Белград, а видеото е објавено на TikTok. Додека Сашка и Ѓорѓе уживаа во глетката на зајдисонцето, Ѓорѓе клекна на едно колено и ја запроси инфлуенсерката која рече „да“ и го прегрна. @naslovnestrane365 Ženi se Đoković! 💍😍❤️🎉🎉🎉 Đorđe Đoković, najmlađi brat Novaka Đokovića zaprosio je Sašku Veselinov #djordjokovic #saskaveselinov #djokovic #prosidba #svadba #belgrade #serbia #novakdjokovic #exklusiv ♬ Marry You - Bruno Mars На почетокот на август, парот ја прослави првата годишнина од врската на одмор во Хрватска. Сашка на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од одморот и му испрати трогателна порака на Ѓорѓе. „Најубавата година помината со тебе Ѓокица“, напишала таа со видеото од Ѓоковиќ. Ѓорѓе е и тенисер, понекогаш играл и двојки со брат му, но уште не стигнал до својот успех. Ѓорѓе израснал во сенката на Новак и еднаш си признал дека не е лесно да му бидеш брат на Новак, особено ако се има предвид дека решил да тргне по неговите стапки. "Не е лесно да се биде брат на Новак. Тоа има и добри и лоши страни. Да се биде брат на првиот тенисер во светот е привилегија и значи да се има отворен пат. Каде и да одам, сите ме пречекуваат одлично, сепак кога ќе излезам на теренот, презимето носи дополнителен притисок, сите играчи имаат дополнителна мотивација против мене“, изјави своевремено Ѓорѓе за „Независне новине“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаСо изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.На последното рочиште во фокусот беше сведочењето на вештакот ангажиран од одбраната, Петре Русески. Неговите тврдења за исполнетоста на условите за пренамена на објектот предизвикаа реакции кај обвинителството и кај семејствата на жртвите. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова порака на својата социјална мрежа „Truth Social“, во која отворено ја бранеше Русија и упати остри критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“. „Мојата одлука во врска со Русија е многу едноставна. Во процес сум на договарање мир во војната меѓу Русија и Украина и не сакам да направам ништо што би можело, на непромислен начин, да ја одврати Русија од преговарачката маса. Се постигнува голем напредок, што ги вклучува и тековните преговори за заложниците! Потпишувањето на тој документ во овој момент би довело токму до тоа, а јас можам да го потпишам подоцна, или во кој било момент што ќе го одберам!“, наведе Трамп на почетокот од објавата. Понатаму, тој се осврна на улогата на Москва на Блискиот Исток и на нападите врз руската нафтена индустрија. „Можеби уште поважно е тоа што Русија прави многу малку – ако воопшто прави нешто – за да ѝ помогне на Исламската Република Иран, во споредба со она што би можела да го направи. Сакам така и да остане, а така и ќе биде – под услов некои безумни луѓе да не се испречат на патот. Последно, Зеленски ги напаѓа рафинериите за дизел во Русија, добро знаејќи дека овие напади сериозно им штетат на глобалните пазари на дизел, вклучително и на оној во Соединетите Држави. Земјоделците, сточарите и бизнисите од секаков вид трпат големи штети поради тоа; сепак, и покрај ова, Русија продолжува да испорачува милиони барели дизел ширум светот по ниска цена“, изјави Трамп. На крајот, тој експлицитно го обвини Зеленски дека нема никаква желба за мир, опишувајќи ја ситуацијата во Украина во крајно мрачни тонови. „На Зеленски не му е грижа, а искрено, со сите пари што Европа великодушно му ги дава – а кои во минатото му ги даваше и ’нечесниот‘ Џо Бајден – тој нема никаква желба да ја заврши оваа војна, а веројатно никогаш и немал. Пред две години можеше да постигне подобар договор отколку што може сега. Неговата земја е во урнатини, голем дел од неа е изгубен, ги нема повеќе неговите океани и мориња, а машкото население е исцрпено, рането и/или мртво. САКАМ ОВАА ВОЈНА ДА ЗАВРШИ! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател. Патем, Украина нема океани. Оваа изјава на Трамп доаѓа во време на радикална промена во политиката на Вашингтон во однос на војната во Украина. По долг и пријателски телефонски разговор со Владимир Путин, Трамп неодамна одлучи привремено да ги укине санкциите за увоз на руски дизел и еднострано прогласи „енергетско примирје“ – потег што го затекна Киев неподготвен, додека руската војска на терен веднаш го прекрши со нови воздушни напади.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook