Братот на Џорџ Флојд го повика Конгресот да ги усвои полициските реформи

Филониз Флојд, братот на убиениот афроамериканец Џорџ Флојд, ги повика конгресмените  да ги усвојат реформите со кои ќе се запре полициската бруталност, така што неговиот брат не би бил само „име на списокот“, пренесува Би-Би-Си.

„Јас сум тука да ве замолам да ја запрете. Запрете ја болката“, рече Флојд, поттикнат од емоции на сослушувањето пред Комисијата за правда во Домот, еден ден откако неговиот брат беше погребан во Хјустон.

"Џорџ побара помош и беше игнориран. Ве молам, слушајте го повикот што ви го упатувам, повиците на нашето семејство и повиците што одекнуваат низ улиците на целиот свет".

Џорџ Флојд (46) почина во Минеаполис пред петнаесет дена откако бел полицаец го притискал со коленото на вратот скоро девет минути.

Неговата смрт предизвика протести против расизмот и полициската бруталност во САД што се раширија низ целиот свет.

Филониз рече дека не сака неговиот брат да биде „уште едно име на списокот“.

„Луѓето на улиците ви кажуваат дека е доволно. Бидете лидери на оваа земја и на овој свет“, им рече тој на пратениците.

Судскиот комитет во Домот го одржа своето прво собраниско сослушување за да ги разгледа прашањата што предизвикаа граѓански немири - расизам и полициска бруталност.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер