СкијањеБраќата Петкови следната недела ќе учествуваат на Светско првенство во скијањеВиктор Петков, моментно најдобриот скијач во Македонија и неговиот помлад брат наредната недела ќе настапат на светското првенство во скијање. Пред заминување, желби за добри резултати и успешно претставување на Гостивар им посака и градоначалникот Таравари. Во шестчлената експедиција на националната скијачка репрезентација која ќе настапи на Светското првенство Гостивар, браќата Петкови на клубот „Сноу Спорт" добија можност за настап во најсилната светска конкуренција. Тие идната недела ќе се натпреваруваат во дисциплините слалом и велеслалом. Пред заминување за Кортина Д’Ампецо, двајцата спортисти и нивниот тренер беа на прием кај градоначалникот Арбен Таравари кој ги потврди заложбите за поддршка на успешни спортисти. – Секогаш е задоволство да се запознаам со врвни и талентирани спорстити. Тие се и своевидни амбасадори на родниот град и ние чувствуваме потреба да ги поддржиме во постигнувањето на врвни резултати и нивното заминување на елитниот натпревар. Им посакувам да имаат успешни настапи, а со тоа и да ја пренесат пораката дека талентираните спортисти ја имаат поддршката од средината од каде потекнуваат, рече Таравари. Тренерот на клубот Сноу Спорт, Гоце Петков заблагодарувајќи се на желбите, истакна дека помошта на општината и залагањето на градоначалникот во значајна мера влијаеле за постигнатите и резултати и претстојниот настап на најелитното светско натпреварување. – Нашите членови ќе тргнат во недела и според планот треба во четврток да настапат во трките а квалификации, а еден наш претставник веќе има обезбедено и настап во главната трка. Виктор и Владимир ќе настапат во техничките дисциплини. За да се стигне до тука не е воопшто лесно и затоа помошта од заедницата ни е добредојдена, рече тренерот Петков. Тој напомена дека пласманот во првите триесет во светската елита ќе биде одличен успех и своевидно „визирање" на билет за претстојната зимска олимпијада. Виктор Петков (21) со постигнатите резултати, моментно е најдобро рангираниот македонски скијач. Ова ќе биде негово трето учествува, а на неговиот пет години помал брат Владимир ова ќе му биде деби во скијачката елита./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРанче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина БутелОпштина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства.На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на родителите. Вредноста на училишниот пакет и униформата претставува заштеда од околу 9.000 денари за секое семејство кое годинава има прваче. Покрај висококвалитетниот анатомски ранец, пакетот ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка. Со оваа активност, Општина Бутел продолжува да инвестира во квалитетно образование и подобри услови за најмладите, создавајќи средина во која секое дете ќе има можност да учи, расте и да го развива својот потенцијал. Вложувањето во децата е вложување во иднината на Општина Бутел. Општина БутелТагови: Општина Бутел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затворНа 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско. Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“. Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата. Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30