Брачен пар пронашол “закопано богатство“ во својот двор

Детскиот сон за пронаоѓање на скриено богатство му се оствари на еден пар од Њујорк, кога во дворот на својата куќа пронашле метален сеф полн со злато, дијаманти и пари.

Имено, парите кои ги пронашле закопани во нивниот двор му припаѓале на соседите кои биле ограбени пред седум години.

Богатството во дворот, Метју и Марија ЕмануелI ги пронашле кога изнајмиле работници да им посадат ново дрво. Досега живееле во куќата четири години, целосно несвесни за тоа што крие нивниот двор.

„Не сфативме дека станува збор за сеф, мислевме дека внатре има некои жици од струја“ – објаснил Метју.

Работниците ја извлекле кутијата, а внатре биле пронајдени златни прстени, банкноти од по 100 долари и полускапоцени камења.

„Беше неверојатно. Внатре имаше хартија со адресата на нашите соседи. Тропнав на нивната врата и ги прашав дали некои ги ограбил, а тие одговорија потврдно. Госпоѓата беше во шок“ – открива и додала дека полицајците после грабежот и рекле дека никогаш повеќе нема да ги види своите работи.

Грабежот се случил уште во 2011 година, а соседите на кои им бил вратен накитот не сакале да ги откријат своите имиња.

Уапсени се тинејџери во Германија- на мобилните имале упатства за составување бомби

Четворица тинејџери биле уапсени за католички Велигден во Германија под обвинение дека подготвувале напади со исламистичко потекло, информирајќи се за склопување на експлозивни направи, објавија денеска германските медиуми.

„Обвинетите се подготвувале за напади со експлозивни направи кои првенствено служат за ширење оган и за напади со мачети“, известува јавниот сервис WDR, повикувајќи се на извори во истражните кругови.

При анализата на податоците на мобилните телефони на четворицара малолетници, уапсени во април под сомнение дека подготвувале напад со исламистичка позадина, пронајдени се упатства за составување експлозивни направи.

При претресот во станот на еден од осомничените биле пронајдени нож и мачета. Во исто време, како што се наведува, не се пронајдени информации за можни конкретни цели, туку како места на можни напади се споменуваат само градови како Келн, Дизелдорф, Дортмунд и Штутгарт.

Четири малолетници на возраст од 15 и 16 години, од кои три се момчиња и едно девојче, се уапсени во сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија и Баден Виртемберг откако Канцеларијата за заштита на уставниот поредок ги следела активностите на еден од осомничените на форуми каде што се собрани од исламистите и поддржувачите на т.н исламски држави.

Во последно време исламистите, меѓу другото, поради зголемениот број на пропалестински протести кои често ги организираат забранети организации поврзани со Хамас, повторно станаа во центарот на вниманието на истражните органи.

Минатиот викенд во Хамбург се одржа протест на кој отворено се повика на воведување шеријат во Германија, поради што на удар е министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

Во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Радовиш-Штип загинаа двајца возачи, а сопатничка од едното возило е пренесена во штипската Болница.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“.

- На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото возило „опел" е пренесена во Медицински центар Штип, изјави Трајанова.

Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за утре.

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно, најмногу во Грција

Во Европската унија во 2023 година, 7,1 отсто од вработените работеле 49 или повеќе часа неделно, што спаѓа во долго работно време, покажуваат податоците објавени од Евростат.

Од земјите на Европската унија најголем удел на работници со долго работно време има Грција, поточно 11,6 отсто, потоа Кипар со 10,4 отсто и Франција со 10,1 отсто.

Најмал удел на вакви работници е забележан во Бугарија, 0,4 отсто, како и во Литванија и Летонија, по 1,1 отсто.

Речиси една третина од самовработените или поточно 29,3 отсто од оваа категорија работат 49 или повеќе часа неделно, додека кај вработените овој процент е значително помал и изнесува 3,6 отсто.

Долгите работни часови најчесто се застапени кај квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството, како и кај менаџерите.

Како што пренесува порталот Статиста, вработените со полно работно време во Европската унија во првиот квартал од 2023 година работеле во просек по 40,4 часа неделно.

притисни ентер