Сопружници со потекло од Гостивар, двајцата на возраст од 38, и едно 64 годишно лице од Битола, се трите жртви во синоќешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол, кај местото викано „Сеферов бунар“ во 20.40 минути.
Во судирот учествувале три патнички возила „опел“, „форд“ и „мерцедес“,а според министерот за внатрешни работи, првично причината е големата неприлагодена брезина..
-Брзо возење е причина за несреќата на патот Кичево-Гостивар, истакна министерот Панче Тошковски.
Во сообраќајката повредени се и осумина, кои се префрлени во кичевската болница и во Клиничкиот ценатр во Скопје. О нив тројца се малолетници од кои две се потешко повредени. Од Клиниката за детска хирургија, информираа дека едното од децата на возраст од 4 години е ставено на механичка вентилација.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи, а биле подигнати и траги од лице место со цел утврдување на причините за несреќата.
Првиот човек на МВР кажа дека дел од потребните закони за регулирање на сообраќајот кои се нужни да се променат, а се поврзани со имплементацијата на проектот „Безбеден град“ , веќе се ставени на веб платформата ЕНЕР.
Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил „бмв“, што го управувало, излетало од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово.