Во текот на изминатото деноноќие 15 лица се лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
1Во текот на изминатото деноноќие 15 лица се лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило
3МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
АвтомобилизамБрабус има нов луксузен комплет по цена од 1,4 милиони евра (ВИДЕО)Новиот сет за избраните вклучува луксузен брод, џип и рачен часовник.Првиот важен член на листата е Brabus 800. Нејзината основа е веќе бруталниот и нималку достапен Mercedes-AMG G63 4x4², но неговиот V8 сега произведува 800 КС и 1000 Nm. И покрај тоа што е создаден за нерамен терен, ова чудовиште со теренски гуми е лош играч и на асфалтот – 100 km/h се постигнува за само 4,6 секунди. Сепак, максималната брзина е ограничена на 210 km/h поради споменатите гуми. Опремата е комплетирана со карбонски детали и тркала од 22 инчи, ЛЕД осветлување на покривот и чекрк. Ако го додадеме и луксузниот ентериер, може да резимираме како оваа играчка чини 718.500 евра. Комплетот доаѓа и со брод наречен Brabus Shadow 900 Stealth Green Signature Edition напојуван од два Mercury Marine 450R 4.6 V8 мотори со вкупно 900 КС. Плови со брзина до 60 јазли, а е создаден во соработка со финското бродоградилиште Аксопар. Последен на листата е часовникот Panerai, поточно верзијата Panerai Submersible S Brabus Verde Militare Edition со цена од 52.000 евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо текот на изминатото деноноќие 15 лица се лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возилоВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Сите 15 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, а пет од нив биле малолетници. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Битола: Нов паркинг простор во центарот на градотИзградбата на паркинг и улицата „Браќа Џаферови“ влегуваат во завршна фаза. Денес се асфалтираше и на оваа локација, а станува збор за површина од 1100 м2. Новиот паркинг простор ќе обезбеди 25 паркинг места, согласно проектот ќе има и улично осветлување, а изведена беше и атмосферска канализација. Со ова Битола добива уште еден паркинг простор во центарот на градот. Вкупната сума на средства кои што ги обезбеди општината од својот буџет изнесува 2.752.772 денари. И на неколку други локации се работи на новите паркинг места во градот, што е заложба на општината за подобрување на состојбата со сообраќајот во централното градско подрачје. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијатаДенеска (06.08.2026) во Министерството за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност и Министерството за финансии – Биро за јавни набавки.Меморандумот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска. Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната институционална соработка, со цел зголемување на ефикасноста во размената на податоци по електронски пат, организирање континуирани обуки, како и развивање други форми на соработка од делокругот на работењето на Бирото за јавна безбедност и Бирото за јавни набавки. Меморандумот ги уредува и начините на остварување координација и меѓусебна соработка во областа на спречувањето и сузбивањето на корупцијата и криминалот поврзани со јавните набавки, преку поефикасна размена на информации и заеднички активности во рамките на законските надлежности на двете институции. Со оваа соработка двете институции ја потврдуваат својата заедничка заложба за зајакнување на институционалните капацитети, транспарентноста и интегритетот во системот на јавните набавки, како и за поефикасна борба против корупцијата и криминалот во оваа област.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter