Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
АвтомобилизамБрабус го среди најпрестижниот Мерцедес (ВИДЕО)Доколку парите не се проблем, а барате седан придвижуван од V12 мотор, понудата е исклучително скромна. За среќа, се уште постои Мајбах.За жал, не посебен модел, туку само синоним за врвната верзија на Mercedes S класата. Ја носи ознаката S680, што значи дека е придвижуван од моќен V12 мотор со над 600 КС. Секако, некои сакаат повеќе, а Брабус нуди одговор токму за сите оние кои секогаш бараат повеќе. Brabus смени многу модели и сега го носи името Brabus 850. Јасно е дека неговата моќност навистина е зголемена на 850 КС, а тоа е направено, меѓу другото, со зголемување на работната зафатнина на моторот на 6,3 литри. Моторот има ковани клипови, модифицирано коленесто вратило и нови поврзувачки шипки. Покрај огромната моќност, моторот произведува и над 1.400 Nm вртежен момент, кој Brabus го ограничи на 1.100 Nm за да го заштити деветстепениот автоматски менувач и самиот погон на сите тркала. Една од најлуксузните лимузини може да вози до ограничени 250 km/h, а до 100 km/h достигнува за само 4,1 секунда. Секако, покрај работата на моторот, Брабус реши да ги усоврши каросеријата со карбонски аеро детали, дифузорот и 22-инчните Monoblock Z Platinum Edition бандажи. Новиот модул ја контролира и воздушната суспензија, а инсталиран е и нов надгледуван издув. Соодветна обработка претрпе и внатрешноста на возилото. Од Брабус информираат дека замениле дури 300 пластични делови и им дале поексклузивен финиш. Сè на сè, многу е направено, а купувачот треба да процени дали вреди 470.000 евра што Брабус ги бара за својата најнова креација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ФудбалАрсенал договори големо засилување Англискиот шампион Арсенал го финализираше еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок, договарајќи го ангажманот на Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед. Актуелниот англиски шампион ќе плати 75 милиони фунти за бразилскиот играч за врска, кој уште во јули го известил раководството на Њукасл дека сака да ја продолжи кариерата во Северен Лондон. Арсенал ги започна преговорите со значително пониска понуда, додека Њукасл првично одбиваше дури и да размисли за продажба на својот капитен. Ставовите се приближија по неколку рунди разговори, а на играчот му беше дадена дозвола да го реализира трансферот. Гимараеш беше со тимот на подготовките во Шпанија, но го чекаше „зеленото светло“ за да ги изврши лекарските прегледи. Неговиот поранешен клуб, Лион, има право на 20 проценти од сумата што Њукасл ќе ја оствари од овој трансфер. Според тоа, францускиот клуб ќе добие меѓу седум и осум милиони фунти. Бразилецот пристигна во Њукасл во јануари 2022 година, во трансфер вреден околу 50 милиони евра. Тој има одиграно 153 натпревари во Премиер лигата, при што постигнал 30 гола и забележал 26 асистенции. Минатата сезона, тој запиша девет гола и осум асистенции на 41 настап, а исто така беше асистент за четири гола на пет натпревари за Бразил на Светското првенство. Неговото заминување е продолжение на значителното осипување на играчкиот кадар. Менаџерот Еди Хау, како и Ентони Гордон и Сандро Тонали, веќе го напуштија клубот ова лето, додека се очекува Матијас Јајсле да ја преземе тренерската функција. Како дел од процесот на реконструкција, Њукасл ги ангажираше Шон Стјур од Ајакс и Алаџи Бамба од Монако, но клубот сè уште бара дополнителни засилувања во средниот ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСојузот на синдикатите бара работодавачите да ги заштитат работниците од топлотниот бранСојузот на синдикатите бара работодавачите да ги заштитат работниците од топлотниот бран кој ја зафати земјава.Оттаму бараат работодавците да ги почитуваат мерките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. „Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост за време на високи температури, а за што веќе објави Институт за јавно здравје. Укажуваме дека од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички . Значењето на животот и здравјето на работниците, во овие услови на екстремно високи температури е од исклучителна важност и сите заедно треба да го зачуваме здравјето на работниците и граѓаните, тие се двигатели на општеството“,се вели во нивната реакција. Сојузот на синдикатите на Македонија ги потсетува работниците дека доколку не се почитуваат нивните права, тоа може да го пријават кај синдикалниот претставник, претставникот на работниците за безбедност и здравје при работа, во државниот инспекторат за труд, како и во самиот сојуз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНа „Охридско лето“ промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“Со нивниот посветен труд, денес пред македонската јавност го претставуваат својот ракопис, преточен во оваа луксузна, содржински богата и значајна монографија, посветена на животот и делото на една од најголемите македонски оперски уметници.Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф.д-р Александар Трајковски посветена на 100-годишнината од раѓањето на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ беше промовирана вчеравечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“ кој одбележа 66 години од своето постоење, а започна токму на 4 август далечната 1961 година со солистички рецитал на оваа голема уметница, носител на алтовскиот и мецосопранскиот фах. Обраќајќи се на промоцијата, директорот на фестивалот „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека со оваа монографија, животот и делото на Ана Липша-Тофовиќ добиваат трајно сведоштво, а нејзиниот придонес кон македонската музичка култура и кон создавањето на „Охридско лето“ останува запишан за идните генерации. Тој упати и благодарност до авторите на монографијата за кои рече дека се докажани и реализирани музички публицисти, кои низ годините, секој на свој начин, соработувале со „Охридско лето“. -Со нивниот посветен труд, денес пред македонската јавност го претставуваат својот ракопис, преточен во оваа луксузна, содржински богата и значајна монографија, посветена на животот и делото на една од најголемите македонски оперски уметници.Несомнено, името на Ана Липша-Тофовиќ е нераскинливо поврзано со „Охридско лето“. Нејзината восхитеност од Охрид, а особено од храмот „Света Софија“ – неговиот амбиент, духовната енергија и извонредната акустика – ја поттикнала идејата токму овде, да одржи целовечерен солистички рецитал. И токму од тој визионерски потфат започнува да се испишува приказната која денес, по 66 изданија, го сочинува богатиот и шаренолик мозаик на „Охридско лето“. Но, нејзиниот придонес не е само во тоа што го одржала првиот концерт. Благодарение на нејзината визија, македонската култура концертно го добива и акустичниот простор на „Света Софија“ – простор кој и денес е една од најпрепознатливите сцени на фестивалот, рече Цуцковски. Промоторот на монографијата, Марко Коловски, еден од најеминентните македонски музиколози, рече дека со исчитувањето на последната страница од монографијата, читателот добива чувство дека се работи за капитално дело посветено на великан на македонската музичка култура. -По читањето на поголемиот дел од оваа книга, она што го знаев, она што сум го слушнал од нејзините современици и колеги доби една уверлива потврда. Низ описот на животот и сето она што тој го носи. И како што големата Ана себеси се гледаше во служба на нејзиното височество музиката, значи без никакви знаци на себеистакнување, авторите успеале на неверојатно ненаметлив начин да дозволат низ фактите, низ описот на нејзиниот однос кон делата што ги изведувала-да овозможат нејзиниот лик да ја добие токму нејзината вистинска физиономија. На авторите Чадиковска и Трајковски треба да им се оддаде посебно признание за нивниот, овојпат истражувачки подвиг, бидејќи јас речиси и да не знам книга во која речиси секоја изведба, оперска или концертна е покриена со соодветна критика или исказ. И токму тоа им овозможило на авторите сопствените оценки, дури и кога доаѓаат од сведок на тие изведби, кажа музикологот Коловски. Пригоден говор за значењето на Ана Липша-Тофовиќ имаше и проф. д-р Ганка Цветанова според која делото на оперската примадона треба да остане како силен поттик и обврска за денешните и идните генерации уметници – со истата посветеност да го негуваат, збогатуваат и афирмираат македонското музичко творештво. -Нејзината визија, уметничка извонредност и посветеност ги поставија темелите врз кои „Охридско лето“ прерасна во една од најпрестижните културни манифестации и препознатлив симбол на македонската музичка и културна сцена во светот. Годинава одбележуваме сто години од раѓањето на Ана Липша Тофовиќ. Но, јубилеите не се само повод да се навратиме кон минатото. Тие се можност повторно да ја согледаме трајната вредност на вистинските уметнички и културни достигнувања, кои не се само сведоштво за едно минато време, туку продолжуваат да живеат и да го обликуваат времето што доаѓа. Токму такво е делото на Ана Липша Тофовиќ – присутно во нејзината уметност, во институциите што ги создаваше, во вредностите што ги афирмираше и, пред сè, во трајниот дух на „Охридско лето“, нагласи Цветанова. За авторката на монографијата, м-р Снежана Анастасова Чадиковска, голема е честа да се биде дел од авторите на ова дело, како што вели, гранитен споменик кој многу јасно и аргументирано говори за непоколебливата верба во силата и креативното. -Пред шеесет и пет години, кога на единаесетгодишна возраст првпат влегов во ,,Света Софија“ доведена од родителите да го слушам концертот на Ана,се почувствував како да влегувам во друг свет,свет исполнет со возвишена светлина. Беше тоа всушност своевидно волшебство.Не само прекрасната музика , која по децении молк ја озвучи катедралната црква .Беше волшебство сета радост на луѓето од околните куќи , кои го исполнија и дворот , носејки столчиња од своите домови.Беше волшебство црврнилото на небото по залез.Беше волшебство да постоиш, да бидеш тука и сега, во нераскинлив спој со убавината.Тоа волшебство до денес ме грее ,секогаш кога влегувам во овој храм или мислам за него, вели Анастасова Чадиковска. Проф. д-р Александар Трајковски, вториот автор на книгата, појасни дека со испишувањето на ова дело се исполнува и аманетот на истакнатиот македонски диригент Фимчо Муратовски кој на последните средби пред неговото заминување од овоземниот свет, им оставил аманет да не ја забораваат Ана Липша -Тофовиќ. -Вечерва, стоејќи на местото каде што во 1961 година Ана Липша-Тофовиќ ја започна фестивалската одисеја на ,,Охридско лето", чувствувам голема возбуда и одговорност. Пред сè, заради нејзиниот музичко-сценски габарит со кој се вгради во темелите на современата македонската музичка култура. Затоа, сметам дека објавувањето на оваа книга е успех за современото македонско музичко книгоиздателство и особено, успех на македонската култура, воопшто.За мене лично, оваа монографија има и една интимна нота - навраќање на моето детство и фасцинацијата од нејзината личност, благодарение на пријателствувањето на мојата мајка и нејзината ќерка. И прекрасните средби и разговори во нејзиниот салон во Скопје, покрај грандиозниот портрет на Кондовски и концертниот клавир, рече Трајковски. Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковски се истакнати музички педагози и публицисти, добитници на повеќе награди од областа на културата, публицистиката и педагогијата, со свој значаен влог во полето на македонското музичко книгоиздателство. Од нивната повеќегодишна соработка, досега се произлезени книгите „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при МНТ“ (2018) и „Милка Ефтимова – Моето богатство“ (2020).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook