Божиновска: Жените не ја чекаат иднината – тие ја создаваат - Канал 5

Божиновска: Жените не ја чекаат иднината – тие ја создаваат

 Жените не се иднината на енергетиката и рударството - жените се сегашноста, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Божиновска: Жените не ја чекаат иднината – тие ја создаваат

Жените не се иднината на енергетиката и рударството - жените се сегашноста, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Енергија на успехот: Таму каде што жените создаваат, иднината се менува“.

Овој настан, организиран од министерката Божиновска, беше посветен на жените кои ја обликуваат иднината на енергетиката и рударството, индустрии кои традиционално се сметаат за „машки“, но кои денес се сведоци на промени кои ги водат токму жените.

-Кога жените се дел од одлуките, енергетските стратегии се попаметни, а ресурсите се поефикасно искористени. Ова не е борба за да бидеме признати, ова е борба за резултати. Како министерка, мојата работа не е само да „мотивирам“ жени да влезат во секторот, туку да обезбедам услови тие да напредуваат во него, истакна Божиновска во своето обраќање.

Таа ги нагласи и конкретните чекори што о ги презема Министерствотза поддршка на жените во овие сектори, вклучувајќи професионален развој, менторски програми и родов баланс во управувањето.

На настанот присуствуваше и постојаната координаторка на ОН во земјава и признат меѓународен експерт за родова еднаквост, Рита Колумбија, која говореше и за нејзиниот пат како жена.

-Целта пред себе и одлучноста да бидам во можност да им помогнам на жените во светот е она што ме движеше напред. Како жена добро знам што се ни стои на патот. Клучно е да не го одиме патот сами, да имаме вистинска поддршка и партнерство во нашите семејства и опкружување, но и да се поддржуваме ние жените меѓу себе, да играме тимски и да напредуваме заедно, рече Колумбија.

Настанот вклучуваше две инспиративни панел-дискусии, каде над 50 жени-лидери од индустријата ги споделија своите искуства и визии.

Учесничките, меѓу кои Катерина Новакова (Рудник САСА), Кристина Крстева (рудник Бучим) Ана Мешко (АД ЕСМ) Кика Шпритова, раководител на одделение за рударство и Магдалена Даскалова (Сектор за обновливи извори на енергија) МЕРМС, разговараа за Разбивање на бариерите, нивните искуства во секторот, Родовата еднаквост – дали има значителен напредок и што треба да се подобри.

Во вториот панел, Соња Лепиткова (Македонско геолошко друштво), Александра Крколева (ФЕИТ), Симона Домазетовска (МЕПСО) Маја Аначкова (ЕСМ), Валентина Старделова (МЕРМС) дискутираа за: Клучните фактори за напредок во кариерата, како до лидерски позиции и успех, потребата од поддршка, менторство и вмрежување и како да се зголеми бројот на жени во STEM професиите.

-За да создадеме заедница на жени во секторот, треба да инвестираме во менторство и да ги подигнеме гласовите на оние кои веќе се успешни. Нивните приказни се најмоќната инспирација и ќе охрабрат, ќе го отворат патот, порачаа учесничките.

Настанот „Енергија на успехот“ не беше само прослава на достигнувањата на жените во енергетиката и рударството, туку и повик за акција. Тој ја истакна потребата од родова еднаквост, поддршка и инклузија во овие сектори, како и важноста на колективната обврска за поддршка на жените во STEM професиите -да се биде инспирација повеќе млади девојки да ја одберат оваа професија.

-Вашите приказни се моќни. Вашите достигнувања се инспиративни. И вашите соништа се остварливи. Продолжете да ги кршите бариерите и да инспирирате! Заедно, можеме се, порача министерката Сања Божиновска.

Силен земјотрес од 5,1 степени ја погоди Турција

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во четврток, 15 мај 2025 година, во 14:46 часот, во централна Турција, во близина на главниот град Анкара.

Силен земјотрес од 5,1 степени ја погоди Турција

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 39.153 и географска должина 33.218.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби на Турција ја следат состојбата.

На платформата на EMSC, сведоци пријавија дека силен земјотрес бил почувствуван во главниот град Анкара, кој наводно траел помеѓу седум и 10 секунди.

Гаши: Оставката од Таравари сè уште не е доставена до Собранието

Иако ја најави, оставката на Арбен Таравари од министерското место во здравство се уште не е доставена ниту до Владата, ниту до Собранието. 

Гаши: Оставката од Таравари сè уште не е доставена до Собранието

Собранискиот спикер Гаши вели дека таа ќе биде констатирана согалсно собраниските процедурии и рокови. Според нив, оставка на функционер од Владата се контатира на првата пленарна седница по нејзиното доставување, а според собранискиот календар тоа би било на 20 мај во вторник.

„Во моментот кога ќе добиеме писмено доставена оставка тогаш според Деловникот како што е предвидено ќе чекаме предлог од премеирот за да се контатира оставката, а потоа ќе пристапиме кон избор на нов министер доколку хиотетички до тогаш има предлог “– Африм Гаши, претседател на Собрание.

Во меѓувреме собранискиот спикер добил известување дека пратеничката група на Вреди која досега ја координираше Халил Снопче од крилото на Таравари, ќе бара наначување на нов кориднатор. Колку пратеници ќе брои пратениката група на Вреди, по замнувањето на Алиајнса во опозиција вели дека засега не се знае, но смета дека секој кој бил изгалсан за пратеник како дел од коалицијата Вреди, треба така да продолжи да дејствува во Парламентот.

За разлика од актуелниот министер за здравство кој самиот ќе се повлече од функцијата по одлуката за напуштање на власта, за останатите кадри кои доаѓаат од Алијанса ќе се чека разрешување од функциите. Според Меџити тоа е јасен дека одлуката на Таравари за излез од Влдата не кореспонидрала со вољата на голем дел од членовите на Алијанса за Албанците. Семта и дека позициите кои ги има Алијанса во власта треба да им припаднат на Вреди.

Се уште е незвесно дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи ќе го следи Таравари во опозиција, откако не беше присутен на партискиот состанок на Алијанса во Тетово, а за кој Меџити трвди дека имале одлична соработка и дека немал никакви забелешки за досегашните политики на Вреди во рамки на Владата. Фетаи ниту денеска не беше достапен за коментар, но во јавноста веќе се шпекулира дека тој сепак ќе остане дел од владиниот кабинет на Мицкоски.

Кој ќе го замени Таравари во ресорот здравство и дали ќе има рокади во министреските позиции помеѓу владеачките партии како што најави премиерот Мицкоски ќе биде познато идната недела. Освен челното место во здравство, кадри од крилото на Таравари во Алијанса седат и во заменичките министерски столчиња во одбрана и во земјоделство, шумарство и водостопанство.

YouTube video

Костадиновска-Стојчевска: Со измените власта го уназади Законот за македонски јазик

Со Законот за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме со поддршка од сите пратеници, во јануари 2024 година, после 18 години, за првпат се воведе јасна контрола на тоа како ќе се употребува македонскиот јазик.

Костадиновска-Стојчевска: Со измените власта го уназади Законот за македонски јазик

Со Законот за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме со поддршка од сите пратеници, во јануари 2024 година, после 18 години, за првпат се воведе јасна контрола на тоа како ќе се употребува македонскиот јазик, каде и дали правилно, како и формирањето на независен Инспекторат. Денес, преку предложените измени, сведочиме на уназадување на тој напредок, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска.

- Со укинување, на став 2 од членот 1, Инспекторатот ја губи својата правна и буџетска независност и се претвора во одделение во Министерството за култура и туризам – спротивно на она што беше договорено и што го ветивме во 2024 година. Иако стручната јавност, вработените во Министерството и сите засегнати страни побараа Инспекторатот да остане независен, денес тоа се поништува, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа потенцираше дека дополнително, предложените измени не обезбедуваат јасни критериуми ниту за избор, ниту за разрешување на директорот на Инспекторатот.

- Во член 22 се вели дека Владата именува директор преку јавен оглас, но без јасна постапка и без дефинирани услови за селекција. Се предвидува дури и директорот да може да биде разрешен поради „привремена неспособност“, без појаснување што тоа значи, ниту предвидена жалбена постапка, рече пратеничката на СДСМ.

Со измените на Законот се намалуваат и стручните критериуми: наместо исклучиво меѓународно признати сертификати за познавање јазици, се дозволува и „друг документ“, со што се снижува критериумот.

- И покрај донесениот закон, скоро година и пол немаше сериозен обид тој да профункционира – ниту беа усогласени внатрешните акти на Министерството, ниту беа вработени нови лектори, ниту се спроведе систематизацијата. Денес гледаме дека Агенцијата за промоција на туризмот сè уште функционира со старата структура, што покажува дека нема капацитет. Наместо да го зајакнеме законот, се прави обид да се ограничи автономијата на телото кое треба да ја следи и штити употребата на македонскиот јазик. Ова е директен удар врз она за што се боревме – независен, стручен и функционален Инспекторат, рече Стојчевска Костдиновска.

YouTube video

притисни ентер