Божиновска: Новиот закон за енергетика документ што ќе го обликува енергетскиот сектор - Канал 5

Божиновска: Новиот закон за енергетика документ што ќе го обликува енергетскиот сектор

Новиот Предлог-закон за енергетика е документ што ќе го обликува енергетскиот сектор на Македонија во следните децении. 

Божиновска: Новиот закон за енергетика документ што ќе го обликува енергетскиот сектор

Ова не е само закон, туку визија за модерен, одржлив и конкурентен енергетски систем што ќе донесе придобивки за економијата, граѓаните и животната средина.

Овој закон е дел од нашите обврски како членка на Енергетската заедница. Го транспонираме европскиот „Пакет за чиста енергија“, кој вклучува директиви и регулативи како Директивата (ЕУ) 2019/944, Регулативата (ЕУ) 2019/943, CACM, REMIT и други. Требаше да го усвоиме до крајот на 2023 година, но, да бидеме искрени, задоцнивме. Сега, во април 2025, сме целосно посветени да ја завршиме оваа работа. Со донесувањето на законот, ќе ги затвориме споровите со Енергетската заедница, како случаите ECS-11/24 за електрична енергија и ECS-21/24 за гас, што е важно за нашиот меѓународен углед.

Но, овој закон не е само за исполнување европски обврски. Туку основа за создавање енергетски систем што ќе привлече инвестиции, ќе создаде работни места, ќе ја заштити животната средина и ќе обезбеди сигурна, достапна енергија за секој граѓанин. Тоа е дел од нашата реформска агенда за поблиску до ЕУ, но и за подобар живот тука, дома.

Овој закон од 317 члена е резултат на напорна работа и широка соработка. Процесот почна пред формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, но не се заврши. Откако се формираше министерството, создадовме работна група со претставници од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), МЕПСО, ЕСМ, ЕВН, ТЕ-ТО, МЕМО, стопанските комори и други засегнати страни. Одржавме 14 состаноци, а на 24 октомври 2024 година го ставивме предлогот на јавна консултација на платформата ЕНЕР. Добивме коментари од Енергетската заедница и ги вградивме во текстот, со поддршка од правни експерти од ЕБРД.

“ Горда сум што овој закон го напишаа македонски професионалци од јавната администрација, луѓе со долгогодишно искуство во енергетиката, без дополнителен надомест. Тие поставија високи стандарди за идната работа на министерството, и тоа е нешто што треба да го цениме“ истакна Божиновска

Клучните новини во законот

1. Повеќе обновливи извори и инвестиции Законот го олеснува градењето соларни, ветерни и хидроелектрани преку Годишен план за енергетска инфраструктура, што го подготвуваме во согласност со Стратегијата за развој на енергетиката и Интегрираниот национален план за енергија и клима. Инвеститорите можат да поднесуваат предлози до 1 јуни секоја година, а ние ќе ги поддржуваме проектите што ги исполнуваат нашите цели за

чиста енергија. Законот исто така воведува јасни правила за приклучување на мрежата, за да нема хаос со премногу соларни панели на дистрибутивната мрежа.

2. Заштита на ранливите граѓани Енергетската сиромаштија е реален проблем, и затоа воведуваме методологија за нејзино мерење, во соработка со Министерството за социјална политика. Домаќинствата што не можат да си ги платат сметките за струја ќе добијат поддршка – пониски цени преку универзален снабдувач или други снабдувачи. Владата може да одобри компензации за овие семејства, а ранливите потрошувачи ќе имаат и финансиска помош (на пример, субвенции за греење или енергетски ефикасни уреди) и нефинансиска помош (како забрана за исклучување од мрежа). Ова е за да никој не остане без струја во зима поради финансиски проблеми.

3. Либерализиран и конкурентен пазар Законот создава пазар на електрична енергија каде цените се формираат пазарно, но со заштита за ранливите. Воведуваме пазар „ден однапред“ и „во тековен ден“, што овозможува поефикасна трговија со струја. МЕМО е назначен за номиниран оператор (НЕМО) за четири години, што ќе го поврзе нашиот пазар со европскиот преку механизам наречен „market coupling“. Ова значи дека можеме да купуваме и продаваме струја по конкурентни цени, што може да ги стабилизира сметките за граѓаните. На пример, ако во регионот има вишок струја, можеме да ја купиме поевтино, а ако имаме вишок, да ја продадеме.

4. Складирање енергија и електромобилност Складирањето на електрична енергија станува посебна дејност, што е клучно за управување со обновливите извори. На пример, соларните панели произведуваат струја преку ден, но со складирање можеме да ја користиме и навечер. Ова ја прави мрежата постабилна и ја намалува потребата од увоз во шпиц-периоди. Исто така, го интегрираме полнењето на електрични возила во мрежата, со јасни правила за станиците за полнење. Ако сакате да возите електричен автомобил, законот гарантира дека станиците за полнење ќе бидат достапни и дека цените за струја за полнење ќе бидат разумни, во рамките на просечните цени на горивата.

5. Паметни системи и лесна промена на снабдувач Воведуваме паметни мерни системи за точно мерење на потрошувачката, а отстрануваме и можноста броилата да не се читаат, што досега создаваше конфузија кај граѓаните. Секој потрошувач ќе може да го смени снабдувачот за само 48 часа, без трошоци за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова значи поголема слобода – ако не сте задоволни од вашиот снабдувач, можете брзо да изберете друг, без бирократија.

6. Граѓански енергетски заедници и активни потрошувачи Законот им дава можност на граѓаните да формираат енергетски заедници. На пример, неколку соседи можат да постават соларни панели, да произведуваат струја за себе и да ја продаваат вишокот. Ова ги прави граѓаните активни учесници во енергетскиот пазар, а не само пасивни потрошувачи. Идејата е да имате контрола врз вашата енергија и да заштедите.

7. Подобрена енергетска сигурност Законот воведува мерки за справување со ризици во снабдувањето со струја и гас. Министерството ќе подготвува планови за итни ситуации, за да бидеме подготвени за кризи, како прекини во снабдувањето. Ова е особено важно во зима или во периоди на висока потрошувачка, за да нема затемнувања или недостиг на енергија.

8. Подобро управување со енергетските мрежи Воведуваме Десетгодишен план за развој на електропреносниот систем и јасни правила за операторите на мрежите. Министерството станува сопственик на операторот на електропреносниот систем, што ни дава поголема контрола врз

стратешките одлуки. Исто така, се осигуруваме дека мрежите се подготвени за повеќе обновливи извори и за зголемена потрошувачка, како од електрични возила.

Законот е пред Собранието, немаше забелешки од собраниските комисии. Сме отворени за амандмани во второто читање, за да го направиме текстот уште подобар. Целта ни е да создадеме закон што ќе трае, што ќе даде правна сигурност и нема да бара чести измени. Имплементацијата бара соработка на сите институции – ќе треба да ги зајакнеме капацитетите на РКЕ, операторите на мрежите и министерството. Ќе воведеме нови процедури, платформи за известување, обуки за кадар и ќе соработуваме со регионални и европски партнери. Исто така, ќе работиме со приватниот сектор и граѓанските организации.

Овој закон е за иднината на Македонија. Тој ќе го стимулира економскиот раст, ќе го забрза технолошкиот напредок, ќе ја заштити животната средина и ќе нè приближи до европските и глобалните климатски цели за 2050 година. Целта е Македонија со соларни панели на покривите, електрични возила на патиштата и стабилни сметки за струја – тоа е она што го градиме со овој закон. Сакаме да бидеме лидер во регионот во чиста енергија, и ова е голем чекор во таа насока.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Ако се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“.

Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите.

Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра.

Што добивате?

„Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“.

Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало.

Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“.

За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта.

„GTA VI“ без физички диск

Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск.

Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите.

Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија.

„Rockstar“ има направено нешто слично и претходно

Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта.

Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето.

Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно.

Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

Лука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака.

На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата.

„Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ.

Најмладото од трите деца

Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб.

Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Рускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики.

Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес.

Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград.

„Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин.

YouTube video

Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи.

Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер