Божиновска на средба со висока делегација на Светска банка - соработка за стратешките енергетски проекти - Канал 5

Божиновска на средба со висока делегација на Светска банка - соработка за стратешките енергетски проекти

Во центарот на разговорите беше гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект што Светска банка го оценува како еден од најзначајните за енергетска безбедност и регионална поврзаност. 

Божиновска на средба со висока делегација на Светска банка - соработка за стратешките енергетски проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од г. Charles Cormier, Регионален директор за инфраструктура (транспорт и енергија), и г-ѓа Xiaoqing Yu, Директорка на Канцеларијата на Светска банка за Македонија. Средбата, информираат од Министерството за енергетика, беше посветена на стратешките енергетски приоритети, зелените инвестиции и унапредувањето на институционалната соработка.

-Во центарот на разговорите беше гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект што Светска банка го оценува како еден од најзначајните за енергетска безбедност и регионална поврзаност. Беше разгледана потребата од воспоставување заедничка институционална рамка со Србија, како и засилената улога на НОМАГАС АД во подготовката на проектната документација и координацијата со меѓународните партнери, соопшти Министерството.

Делегацијата на Светска банка, с епосочува во соопштението, ја потврди подготвеноста за поддршка на развојот на обновливите извори на енергија, инвестициите во системи за складирање, како и модернизацијата на системите за централно греење во Битола и Скопје – процеси кои директно придонесуваат за почист воздух и енергетска одржливост.

-Министерката Божиновска ја нагласи централната улога на Фондот за енергетска ефикасност, со акцент на насочување средства кон јавните установи, каде што ефикасноста има најголем системски ефект. Во делот на енергетската сиромаштија, беше истакната потребата од попрецизни и посоцијално таргетирани мерки, како и од забрзано подобрување на енергетските перформанси на јавните и приватните објекти. Посебен сегмент на средбата се однесуваше на постепеното исклучување на електраните на јаглен, и плановите за нови инвестиции во обновливи извори и современи системи за складирање. Двете страни се согласија дека транзицијата мора да биде социјално праведна, со силни програми за дообука и преквалификација за вработените во енергетските комплекси, с епрецизира во соопштението.

Министерката и претставниците на Светска банка се договорија за зголемена координација, техничка поддршка и редовен дијалог во наредниот период, со заедничка заложба за забрзување на зелената транзиција и создавање стабилен, модерен и одржлив енергетски систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратеници

Предлог Извештајот на известувачот Вајц за Македонија помина во Комисијата за надворешни работи на ЕП, и кон крајот на јуни ке се најде и на пленарна седница на Европскиот парламент.

Во Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратеници

Изгласани се 11 компромисни амандани и два на бугарски европратеници, едниот од нив се однесува на историската комисија.

Усвоените амандмани европарламентот официјално ќе ги објави, по што ќе се знае дали мегу нив е и амандманоит на Вајц за вториот протокол со Бугарија.

Од Европскиот парламент соопштија дека ја реафирмираат поддршката за македонските евроинтеграции, но дека напредокот во преговорите зависи од трајни и длабоки реформи, не само за усвојување на потребните уставни амандмани.

Вајц во пишано соопштение информираше дека е задоволен од исходот, а нагласува и дека земјава направила важни реформски чекори и дека од клучна важност е да се продолжи со напорите и да остане силно посветена на евроинтегративниот пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српската Безбедносно-информативна агенција: Го советувавме Вучиќ да не патува во Тиват поради безбедносен ризик

Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) му препорача на српскиот претседател Александар Вучиќ да не патува во Црна Гора на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват поради утврден висок безбедносен ризик.

Српската Безбедносно-информативна агенција: Го советувавме Вучиќ да не патува во Тиват поради безбедносен ризик

Во соопштението објавено на веб-страницата на БИА се наведува дека според оперативните сознанија на агенцијата, водачот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер, се наоѓа во Црна Гора.

Се додава дека безбедносната проценка што постојано беше барана од службата домаќин на собирот во Црна Гора не беше доставена до БИА, спротивно на сите правила на професијата и одговорен став.

„Од причини од најголема важност за задачите што ѝ се доверени на Агенцијата за безбедност и информации, соопштуваме дека е потребно да објавиме дека поради непријателските дејствија на странски служби и криминални кланови во Црна Гора, Агенцијата за безбедност и информации официјално го советуваше претседателот на Република Србија да не патува во Црна Гора бидејќи е утврдено дека постои висок безбедносен ризик“, се вели во соопштението. Вучиќ треба да присуствува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват на 4 и 5 јуни.

Црногорските медиуми објавија дека повеќе од 1 500 полицајци ќе го обезбедуваат самитот на 4 и 5 јуни во Тиват, на кој треба да се соберат учесници на највисоко политичко ниво. Меѓу нив се претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, шпанскиот премиер Педро Санчез, италијанскиот премиер Џорџа Мелони и бројни други европски и регионални лидери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел и Либан постигнаа договор за прекин на војната под два услова

Израел и Либан постигнаа договор за прекин на огнот со цел прекин на непријателствата, објави администрацијата на Трамп.

Израел и Либан постигнаа договор за прекин на војната под два услова

Со тоа, САД се стремат да отстранат една од најголемите пречки во постигнувањето поширок договор за прекин на војната со Иран.

Во заедничка изјава објавена од американскиот Стејт департмент по преговорите во Вашингтон, се наведува дека прекинот на огнот меѓу Израел и Либан е условен од целосен прекин на огнот од страна на Хезболах, милиција поврзана со Иран, и евакуација на сите нејзини оперативци од југот на земјата.

Двете страни, кои немаат формални дипломатски односи, се согласија и за создавање „пилотски зони“ во кои либанските вооружени сили ќе „преземат ексклузивна контрола врз територијата, исклучувајќи ги сите недржавни актери“.

Израел и Либан објавија заедничка изјава за договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД. Документот ги поставува темелите за смирување на ситуацијата на терен и продолжување на преговорите. Според соопштението, двете страни се обврзале на брзо воспоставување пилотски зони. „Двете страни, под водство на САД, се согласија дека брзо ќе започнат со воспоставување пилотски зони во кои либанските вооружени сили ќе ја преземат ексклузивната контрола врз територијата, без присуство на какви било недржавни актери“, се наведува во договорот. Беше разјаснето дека „недржавни актери“ се однесува на Хезболах, милитантна група поддржана од Иран, која со години е дестабилизирачки фактор во Либан и честа цел на израелски напади. Договорот, исто така, содржи обврска за иднината. „Израел и Либан потврдија дека немаат непријателски намери еден кон друг и се обврзаа да продолжат со директните преговори за градење доверба, решавање на сите преостанати прашања и постигнување сеопфатен договор меѓу двете земји“, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер