3СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?
МакедонијаБожиновска на Форум за слобода: Енергетиката не трпи импровизации и брзи, опасни потези од денес за утре„Енергетиката не трпи импровизации и брзи, опасни потези од денес за утре – туку ред и стратегија за систем што трае, или не си фактор“Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на дводневниот „Форум за слобода“, меѓународн политички настан во организација на Унијата на млади сили во Македонија и глобалната мрежа на центар-десни и конзервативни политички подмладоци. Настанот, обедини учесници, млади лидери од повеќе од 45 земји, со фокус на политичките, економските и стратешките предизвици пред младите генерации во Европа и пошироко. Панелот посветен на енергетиката, на кој учествуваше министерката Божиновска, привлече значително внимание поради нејзиниот директен и аргументиран пристап кон енергетската политика – тема која денес е клучна за секоја модерна држава Во своето обраќање, министерката Божиновска потенцираше дека од формирањето на Министерството во 2024 година, енергетскиот сектор минува низ најдинамичниот реформски период досега. „Се соочивме со обврска сè да се одвива забрзано – да создадеме институција од нула, да ја стабилизираме состојбата и да воспоставиме јасна мисија. Денес можам да кажам: за првпат по долго време Македонија има јасна енергетска насока, конкретни проекти и регионални партнери кои нè гледаат како сериозен играч,“ истакна министерката. Божиновска нагласи дека енергетиката е сектор каде нема простор за импровизации. „Или имаш податоци, стратегија, инфраструктура и партнерства — или немаш ништо. Затоа првата работа што ја направивме беше да ставиме ред: да видиме каде сме, што имаме, што ни недостига и што реално може да се реализира со темпо што го бараат модерните енергетски пазари,“ рече министерката. Таа ги презентираше клучните резултати:започната реализација на гасниот интерконектор со Грција, синхронизирана работа со Србија на иден интерконектор, финализирано електроенергетско поврзување со Албанија, нов темелен Закон за енергетика, нови закони за Обновливи извори, за геологија и рударство, енергетска ефикасност, забрзани постапки за приклучување на ветерни и соларни капацитети, тригодишен план за енергетско ефикасно реновирање на јавни згради, подготовка на мастер-план за мрежата и инвестиции. Во панел-дискусијата таа зборуваше и за регионалната интеграција како предуслов за стабилност. „Не може држава да се затвори сама и да очекува дека ќе ги реши сите свои енергетски предизвици. Во енергетиката, самостојност без поврзаност веќе не значи сигурност – денес се гледа јасно дека само земјите кои се дел од глобалниот енергетски мрежен систем можат да бидат стабилни.“ Таа подвлече дека Македонија прави пресврт во своето позиционирање: „Интерконекторот со Грција го менува начинот на кој земјата пристапува до европските пазари и до нови извори на гас. Во паралела, со Србија и Албанија создадовме нова рамка на функционална регионална соработка. Во енергетиката, сами не можете да опстоите. Во минатото седевме сами. Не учествувавме активно на ниту еден значаен форум каде се кроеше енергетската политика – бевме аутсајдери, исклучени од главните европски и глобални процеси. Денес, тоа повеќе не е случај. “ Таа потсети и на октомврискиот Меѓународен енергетски форум, кој го организираше Министерството: „ Македонија не само што денес седи на маса рамноправно со другите држави, туку ја презема и улогата на домаќин. На 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), во Скопје ги донесовме оние што ја обликуваат иднината на енергетиката – над 800 учесници од повеќе од 70 земји. Тоа е јасна порака дека Северна Македонија се враќа како фактор на регионалната и европската енергетска мапа.“ Без драматични чекори – туку пресметана транзиција На прашањето за затворањето на јагленските капацитети, Божиновска беше директна: „Не постои затворање без план, ниту сигурност без алтернативи. Поддржувам паметни, пресметани чекори со минимален ризик и максимална стабилност. Ние сме целосно посветени на зелената транзиција – но не по пат на брзи импровизации, не на грбот на граѓаните и не без стабилен извор за базна енергија. Да бидеме реални: денес веќе произведуваме над 40% електрична енергија од обновливи извори, но тоа важи кога има сонце, ветер или вода. А енергија ни треба и навечер, и во денови без ветер, и кога хидролошките услови се слаби. Затоа правиме транзиција со ред, со план и со алтернативи. Интерконекторите се нашето осигурување, паралелно инвестираме во обновливи извори и енергетската ефикасност, која за нас е реален производствен капацитет – секој киловат што ќе го заштедиме е киловат што не мораме да го произведеме. Овој сектор не смее да прави драматични, брзи и опасни скокови. Правиме стабилни, и пресметани чекори – затоа што енергетиката е место каде или имаш контрола, план и ред или не си фактор.“ На крајот, министерката подвлече: „ Мора да бидеме искрени: ништо во енергетиката не се случува од денес за утре. Години секторот беше запоставен, без јасен план, без инвестиции и без реални чекори напред. Она што го работиме денес е поставување темел – за во следните 5 до 10 години Македонија да биде безбедна, стабилна и енергетски независна. Денес конечно имаме контрола, визија и јасен правец – и ние ја држиме таа насока.“ Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБез јасен победник на изборите во Кнесетот. Претстојат преговори за обезбедување мнозинствоПо пребројувањето на гласовите од парламентарните избори во Израел нема јасен победник, двата главни блока се далеку од мнозинство во Кнесетот со 120 места.Блокот предводен од партијата ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху доби 53 места во Кнесетот, додека опозицискиот блок, предводен од партијата Јашар на поранешниот началник на генералштабот на изреаелската армија - Гади Ајзенкот, доби 48. Арапските партии обезбедија рекордни 19 места. Овој резултат значи дека Израел се соочува со веројатно тежок период на преговори за формирање влада, а не се исклучува и влада на национално единство бидејќи голем дел од еврејските партии одбиваат да коалицираат со арапските. Израелскиот претседател Исак Херцог ќе одржи консултации со лидерите на партиите избрани во кнесетот пред да ја додели задачата за формирање на влада на кандидатот за кој верува дека има најдобри шанси да обезбеди доволна поддршка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождовиВо познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната. Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу. Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат. Nevşehir Kapadokya'da peribacası çöktü. ▪️Ölü ve yaralılar olduğu bildiriliyor. https://t.co/4Kw3iBNdtV — Notify (@notifyhome) October 29, 2026 Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирењеВо петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио СтојановскиСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. шпагети 150 гр. сирење 150 гр. кечап масло сол и малку магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter