Божиновска: Македонија испраќа јасна порака – без стабилни финансиски модели нема зелена транзиција - Канал 5

Божиновска: Македонија испраќа јасна порака – без стабилни финансиски модели нема зелена транзиција

Инвестициите во енергетска ефикасност и обновливи извори подразбираат  предвидливи правила, дигитализирани и стандардизирани постапки и инструменти за де-рискирање што го катализираат приватниот капитал преку локалните банки. 

Божиновска: Македонија испраќа јасна порака – без стабилни финансиски модели нема зелена транзиција

Ова се клучните приоритети кои Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги поставува како непосредна агенда на панелот „Financing Energy Efficiency and Renewable Energy“, во рамките на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој – IFESD-14, одржан под мотото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“. Форумот се огранизира во партнерство УНДП, и петте комисии на ОН, а фокусот е од идеи да се создадат финансиски портфолија преку стандардна документација, агрегирање на помали иницијативи и предвидливи рокови за дозволи и приклучок кон мрежата, со силни стандарди за мерење, известување и верификација на резултатите.

Денешниот панел ја става ги фокус меѓународните финансиски институции и новите финансиски механизми за поддршка на приватниот сектор со цел заштеда на трошоци и зајакнување на ефикасната зелена транзиција.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска нагласи дека финансиските модели мора да се усогласат со реалните потреби на домаќинствата, малите и средни претпријатија и индустријата.

„Јасни критериуми, транспарентно следење на резултати и стабилна, предвидлива регулатива се предуслов за доверба на инвеститорите. МЕРМС веќе работи на ажурирање на законската и подзаконската рамка за енергетска ефикасност и обновливи извори, на поедноставување и дигитализација на административните постапки, на појаснување на процедурите и роковите за приклучок кон мрежата, како и на проширување на пристапот до поволни кредити и мешовито финансирање во соработка со меѓународните финансиски институции и локалните банки“, рече во воведното обраќање министерката Божиновска.

Програмата на IFESD-14 е ориентирана кон практични решенија и мерливи резултати.

„Секое евро вложено денес во енергетска ефикасност и обновливи извори е инвестиција во поздрава заедница, поконкурентни бизниси и стратешка отпорност утре. Со усогласени правила, финансирање и имплементација, амбициите ги претвораме во проекти што мерливо ги намалуваат сметките и емисиите,“ дополни министерката Божиновска.

Во воведниот дел се обрати и Рита Колумбија, постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, која потенцираше дека потребни се конкретни модели што го катализираат капиталот со цел да се остане на трасата за декарбонизација. Само во 2022 година глобалните инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност достигнаа 1,3 трилиони долари во 2022.

„Потребни се партнерства, доверба и ко-инвестирање меѓу владите, ИФИ, приватниот сектор и ОН за да го затвориме годишниот јаз од трилиони и да ја забрзаме праведната енергетска транзиција“, рече постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија.

За постојаниот претставник на УНДП во Македонија Армен Григорјан од суштинско значење е здружената акција за обезбедување соодветни механизми и платформи за ефикасни и одржливи енергетски практики.

„Фокусот на УНДП е никој да не биде изоставен. Со програмата ‘Зелен финансиски инструмент’ преку иновативни решенија и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, обезбедуваме достапно финансирање за енергетски ефикасни и обновливи решенија, но придонесуваме и за намалување на емисиите, почист воздух и поддршка на оние на кои што им е најпотребно. Со комбинираното финансирање привлекуваме нови инвестиции. Истовремено, со проектот ‘Намалување на загадувањето на воздухот’, кој се спроведува во шест општини, исто така работиме на подобра енергетска ефикасност, ги поддржуваме најпогодените семејства и користиме иновативни алатки за ефикасно справување со загадувањето,“ изјави Армен Григорјан, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Дискусиите опфаќаат инструменти што го намалуваат ризикот за инвеститорите, модели што комбинираат јавни и приватни извори на финансирање и искуства од програми кои веќе донеле енергетски заштеди, нови инсталирани обновливи капацитети и пониски трошоци за корисниците. Посебен акцент е ставен на техничка помош и поддршка при подготовка на проекти, особено за општински објекти, јавна расвета, индустриски процеси и распределени обновливи извори зад бројило.

МЕРМС ќе продолжи со унапредување на законските и подзаконските решенија за ЕЕ и ОИЕ, со изработка на стандардизирани упатства, договори и тендерски шаблони за општините, јавните институции и компаниите. Паралелно, ќе се дигитализираат и скратуваат процедурите за дозволи и приклучок, ќе се воведат појасни MRV-постапки и критериуми за избор и следење на проекти споредливи на национално и меѓународно ниво, а во партнерство со меѓународните финансиски институции ќе се прошируваат инструментите за де-рискирање и пристапот до поволни кредити за да се поттикне поголем прилив на приватен капитал.

Програмата опфати посебен блок за Green Finance Facility (GFF) – заедничката програма која преку партнерство меѓу Владата, агенциите на ОН, ЕБОР и локални финансиски институции овозможува пристапни средства за МСП и недоволно услужени домаќинства, како и панели со бизниси и банки за практичните чекори до инвестиции.

Форумот годинава бележи рекорден интерес: во трите дена се очекуваат над 600 учесници од 70 држави, вклучувајќи креатори на политики, владини и претставници на меѓународни организации и банки, академската заедница, енергетскиот бизнис-сектор и граѓански организации. Повеќе од 150 експерти дебатираат на 35 панелски сесии за енергетска безбедност и отпорност, финансирање на чиста енергија, дигитализација на системите, управување со критични суровини, праведна транзиција, како и улогата на младите и жените во енергетската трансформација.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер