Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива нова фасада и LED осветлување, помали сметки и подобри услови
1Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива нова фасада и LED осветлување, помали сметки и подобри услови
Од Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежи
2Од Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежи
ЖивотБожикните празнувања во Бигорски почнуваат од утре наутро, покана за присуство до сите вернициСо благослов на епископот Антаниски г. Партениј игумен на Свештената бигорска Обител, божикните празнувања, почнуваат од утре наутро а покана за присуство имаат сите верници, кои имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово.Со благослов на епископот Антаниски г. Партениј игумен на Свештената бигорска Обител, божикните празнувања, почнуваат од утре наутро а покана за присуство имаат сите верници, кои имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово во овој познат манастир. - Утре во 6:30 ќе биде отслужена Утрена и Божествена Литургија во спомен на Свети Наум Охридски. Во согласност со црковниот богослужбен типик, службата на Свети Наум се префрла од петок во четврток, бидејќи во петок не се служи Божествена Литургија, туку Царски Часови. Во петок, 5 јануари во 6:30 часот ќе биде отслужена Утрена богослужба со Царски Часови за Рождество Христово, додека попладне во 16 часот Вечерна богослужба, информираше отец Кирил. Додава дека во сабота во 6:30 часот ќе се отслужи Утрена со Златоустова Литургија, во 15 часот Празнична Вечерна богослужба во чест на Рождеството Христово а од 18:00 до 19:30 Бадникова закуска со пеење на Божикни каланди. - Во 21:00 часот почнува сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово, Големо повечерие со Литиски и Стиховни, Утрена и Божествена Василева Литургија, со којашто ќе чиноначалствува старецот на Обителта, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. На божикните празнични богослужби можат да присуствуваат сите коишто имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово во нашата свештена Обител, заедно со монашкото братство, нагласува отец Кирил. По традиција во Бигорски манастир се очекува големо присуство на верници од сите делови на државава, дел од нив веќе се тука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаГерасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива нова фасада и LED осветлување, помали сметки и подобри условиГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување.Овој капитален зафат, финансиран преку заем од Светска банка, ќе придонесе за значително зголемување на енергетската ефикасност на објектот. „На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова целосна енергетска обнова. Новата енергетски ефикасна фасада и LED осветлувањето ќе придонесат за помали сметки за електрична енергија, подобри услови за учениците и наставниот кадар и поздрава средина. Во овој период наш приоритет се реконструкциите и санациите во сите училишта во Центар, затоа што вложувањето во образованието е вложување во иднината“, порача Герасимовски. Реконструкцијата предвидува поставување висококвалитетна камена волна на површина од близу 2.000 квадратни метри, како и поставување стиродур на околу прозорците и вратите, со цел подобрување на топлинската изолација. Финалниот изглед на училиштето ќе биде заокружен со декоративен малтер и ново колоритно решение. Во рамки на зафатот, сите челични решетки ќе бидат демонтирани, прилагодени, бојадисани и повторно поставени, а на кровот ќе бидат изведени нови лимени опшивки и ветерлајсни. Паралелно се модернизира и внатрешното осветлување со замена на сите светилки, околу 300, со нови, енергетски ефикасни LED светилки, со што значително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија. Според предвидената динамика, главниот дел од фасадата ќе биде завршен до септември, со цел учениците и наставниот кадар да ја започнат учебната година во подобри услови за работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаКлековски, Андовски, Перински и Касами со делегација на Светска банка во КБ ТетовоПодготвуваме значајна инвестиција во здравството на полошкиот регион.Министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, и директорот на Клиничка болница Тетово, д-р Ерзен Елези, заедно со делегација на Светска банка и претставници на Министерството за здравство, денеска ја посетија КБ Тетово. На посетата беше презентиран концептот за темелна реконструкција, проширување и опремување на болницата. Проценетата вредност на планираната инвестиција изнесува 4,56 милијарди денари, односно приближно 74 милиони евра, додека конечниот финансиски модел ќе биде утврден по завршувањето на потребните анализи и постапки. Проектот предвидува: реконструкција и модернизација на хируршкиот и интернистичкиот блок; изградба на нов павилјон за повеќе медицински дејности; посебен објект за гинекологија, акушерство и неонатологија; набавка на современа медицинска опрема и ИТ-системи; отстранување на дотраените објекти и целосно уредување на болничкиот комплекс. „Ова е инвестиција во достоинството и сигурноста на пациентите и во подобри услови за здравствените работници. Нашата цел е граѓаните од Тетово и полошкиот регион да добиваат современа и навремена здравствена услуга блиску до местото на живеење“, истакна министерот Клековски. Инвестицијата е од непосредно значење за околу 251.500 жители на полошкиот регион и треба да овозможи повеќе локално достапни услуги, пократко време на чекање и помалку упатувања во Скопје. Со претставниците на Светска банка беа разгледани следните чекори: подготовка на физибилити студија, техничка документација, анализа на трошоците и придобивките и дефинирање одржлив модел на финансирање. Министерството за здравство, заедно со Фондот за здравствено осигурување, општина Тетово и раководството на КБ Тетово, ќе обезбеди координирана подготовка, транспарентност и институционална поддршка во сите фази на проектот. Модерна КБ Тетово значи посилно регионално здравство и поквалитетна здравствена заштита поблиску до граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПознатиот пејач обвинет за монструозно убиство на тинејџерка – телото било пронајдено во автомобилАмериканскиот музичар Дејвид Ентони Бурк (21), кој настапува под уметничкото име D4vd, наскоро ќе му биде судено по обвиненијата дека брутално ја убил и ја злоставувал четиринаесетгодишната Селест Ривас Ернандез.Американскиот музичар Дејвид Ентони Бурк (21), познат како D4vd, ќе му биде судено под обвинение дека брутално ја убил и ја злоупотребувал 14-годишната Селест Ривас Ернандез. По петдневното прелиминарно сослушување, судијата одлучил дека има доволно докази случајот да оди на суд. Посмртните останки на девојчето биле пронајдени минатата година во автомобил „Тесла“ регистриран на адреса поврзана со музичарот. Според обвинителството од Лос Анџелес, Бурк ја убил девојката откако се плашел дека таа јавно ќе ја открие нивната врска и ќе му ја загрози музичката кариера. На суд биле презентирани и пораки во кои Селест му се заканувала дека ќе му го уништи животот и кариерата по расправија. Обвинителството тврди дека девојката ден подоцна пристигнала во неговиот дом во Холивуд, каде што била убиена. Одбраната, пак, тврди дека нема доволно докази и дека нејзините родители знаеле за нивната врска. Детективите откриле и дека двајцата посетувале црква заедно со нејзиното семејство, а девојката наводно ја криела вистинската возраст од музичарот. Судијката Шарлин Олмедо оценила дека доказите се доволни за судење за убиство под посебни околности. Обвинителството сè уште не одлучило дали ќе бара смртна казна. Бурк, кој се изјаснил дека не е виновен, треба повторно да се појави пред суд на 31 август. Судењето се очекува да започне во следните 90 дена. View this post on Instagram A post shared by Ramondo Taylor (@pix.0f.lyfe) Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter