Божик – на 25 декември или на 7 јануари - Канал 5

Божик – на 25 декември или на 7 јануари

Православните христијански верници во Македонија на 7 јануари го одбележуваат Божик. 

Божик – на 25 декември или на 7 јануари

Пред две недели и католиците и дел од православниот свет го прославија Христовото раѓање, единствен настан за христијаните, со единствено значење, но без единствен термин за негово одбележување.

Во христијанството се уште има разлики за тоа кога треба да се слави Божик и другите верски празници, пред се поради догматските несогласувања меѓу црквите и различните системи на мерење на времето. Така католиците и дел од православните христијани кои го прифатиле Грегоријанскиот календар, Божик го слават на 25 декември. Дел од православните цркви кои се водат според стариот Јулијанскиот календар, раѓањето Христово го одбележуваат на 7 јануари.

Иако се правени обиди за усогласување на празнувањата меѓу „старокалендарците" и „новокалендарците", разликите остануваат, и покрај укажувањата на математичарите дека ако продолжат да се применуваат и двата календара, дел од православците Божик во 2101 година наместо на 7 ќе го слават на 8 декември. Тоа е затоа што стариот Јулијански календар доцни зад соларниот еден ден на секои 128 години, што кај Грегоријанскиот календар се случува по 3300 години.

Во времето на Отоманската империја цариградскиот патријарх Еремија го одбил предлогот на папата за прифаќање на Грегоријанскиот календар и за усогласување на верските празници. Примената на Грегоријанскиот календар во православните христијански цркви почна во првите децении на 20 век, на инсистирање на вселенскиот патријарх Јоаким.

Во 1919 година новиот календар е прифатен во Кралството на СХС, во 1923 во Грција, а потоа и во Бугарија, Романија и Турција.

Меѓутоа, монасите на Света Гора, Ерусалимската патријаршија, Руската, Српската и Македонската православна црква и натаму се водат според Јулијанскиот календар, за разлика од Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот.

Најсериозен обид за компромис меѓу Jулијанскиот и Грегоријанскиот календар направил српскиот физичар и астроном Милутин Миланковиќ. Календарот што изработил на барање на Вселенскиот патријарх Милентиј четврти, се смета за најточен и за разлика од јулијанскиот и грегоријанскиот доцни еден ден на секои 28.800 години.

Миланковиќ го претставил својот календар на Сеправославниот конгрес во 1923 година во Цариград. Решението го прифатиле Цариградската, Александриската, Антиохиската, Бугарската и Романската патријаршија, како и Атинската архиепископија. Против биле Српската, Ерусалимската и Руската православна црква. И покрај мнозинската поддршка од православните цркви, календарот не е прифатен.

Стариот Јулијански календар според кој се води и Македонските православна црква, датира од 46 година п.н.е, кога римскиот император Јулиј Цезар го ангажирал александрискиот астроном и математичар Сосиген да изработи нов попрецизен календар. Тогаш во Рим се воведува календар базиран на египетскиот со 365 дена поделени во 12 месеци, наречен Јулијански според Јулиј Цезар. Во него секоја четврта година е престапна, а 366-тиот ден се додавал во февруари кој бил последен месец во годината. Со новиот Јулијански календар почетокот на новата година, што дотогаш бил во март е префрлен на 1 јануари.

Во 325 година од нашата ера на првиот Вселенски собор на тогаш единствената Христијанска црква во Никеја е одлучено да биде прифатен Јулијанскиот календар и по него да се сметаат значајните датуми од историјата на христијаните. На Соборот во Никеја учествувал и претставник на градот Скупи, своевремено голем регионален културен центар, врз чии ѕидини е изградено Скопје.

Подоцна е утврдено дека годината според Јулијанскиот календар е подолга за 11 минути и 14 секунди од природната соларна година, со што на секои 128 години се создава разлика од еден ден. Во 16 век разликата достигнала 10 дена што предизвикувало проблеми во одредувањето на Велигден, најголемиот христијански празник што секогаш се врзува за пролетната рамноденица и првата недела по првата полна Месечина. Затоа папата Гргур 13 во 1582 година извршил ревизија на Јулијанскиот календар, со што е создаден Грегоријанскиот календар, до денес општоприфатен во светот, според кој годините се бројат од раѓањето на Исус Христос. Со була на папата Гргур 13, денот по 4 октомври не се сметал како 5-ти туку како 15 октомври, со што е „испеглана” разликата од 10 дена. Разликата во траењето меѓу Грегоријанската и природната година е надмината со тоа што не е престапна секоја четврта година. Последните години од вековите што не се делливи со 400 без остаток не се сметаат за престапни. На пример, 1900 за разлика од 2000 година не е престапна бидејќи не е деллива со 400.

Иако многубројна популација луѓе времето го бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја, Грегоријанскиот календар денес е главниот временски ориентир по кој најголем дел од луѓето во светот ги одбележуваат настаните./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер