3НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЖивотБошко Стаменковски – непознатиот шампион од Македонска Каменица Четириесеттите години од животот за повеќето се период кога спласнува желбата за спорт и кога активните спортисти го посветуваат слободното време на своето семејство. За разлика од повеќето, приказната за Бошко Стаменковски, 45-годишен спортист од Македонска Каменица, е сосема различна. Стаменковски е еден од ретките што започнал да се занимава со малку познатиот пауерлифтинг по 40-тата година од животот, за доста кратко време успеа да освои сè што може да се освои на големите натпреварувања. Самиот раскажува дека поради големата телесна тежина морал да започне да се занимава со спортски активности, а неговиот прв избор бил бодибилдингот, за потоа да почне да се натпреварува во пауерлифтинг и дисциплината бенч прес, во која ги постигнува и најдобрите резултати. – Мојата телесна тежина беше 98 килограми, а висок сум само 165 сантиметри, што беше недозволиво. За да ја средам ситуацијата со килограмите, најпрвин започнав со трчање. Најголемите резултати ги постигнав со трчање на отворено, тренинг, па трчање на отворено, па попладне исто тренинг, па трчање… Бев изненаден од првите резултати кога ослабнав на 78 килограми. Освен трчањето нормално и вежбав и увидов дека можам да се подготвувам за натпреварувањата во бодибилдинг, бидејќи во меѓувреме добив и мускулна маса. Почетоците ми беа како дигач на тегови. Како натпреварувач на почетокот имав учествувано во бенч прес со освоено најпрвин трето место во 2012 година, потоа второ место во 2013 година и во 2014 година освоив прво место во позинг бодибилдинг. На 3 мај 2014 година практично беше и мојот прв настап и поголем успех, на тој датум првпат учествував на Куп на Македонија во бодибилдинг, во категоријата за натпреварувачи над 40 години, и го освоив првото место, раскажува Стаменковски. Истата година во септември, како што додава, учествува на Атлета на Македонија, при што го освојува второто место за натпреварувачи до 40 години. – По тој натпревар на социјалните мрежи се запознав со три-четворица спортисти кои се занимаваа со пауерлифтинг. Тие ме поканија да патувам со нив на турнир во Бела Паланка, Србија. Потоа дознав дека тоа всушност бил квалификациски турнир за Балканско и Европско првенство. Таму го освоив првото место во категоријата за натпреварувачи до 70 килограми. Тоа всушност беа моите почетоци во пауерлифтингот, а сето останато следуваше потоа, додава каменичкиот лифтер. Со освоеното прво место во Бела Паланка следната година Стаменковски обезбедува виза за настап на Балканското првенство, каде што го постигнува својот најголем успех, а потоа следувало и првото негово учество на Светското првенство во Лас Вегас, САД, како единствен претставник од Македонија. – На Балканскиот турнир го срушив рекордот со подигнати 15 килограми повеќе од тогашниот рекорд. Следуваше нормално Европското првенство во Истбурн, Англија, каде што подигнав 130 килограми и се закитив со златен медал. Најголемиот предизвик ми беше секако во Америка. Првпат имав можност да ја видам Америка, која е поим за цел свет, и Лас Вегас, кој пак е поим за цела Америка. Таму се одржа Светското првенство во пауерлифтинг. Натпреварувањето беше во Вест Гејт хотел. Имаше преку 2 000 натпреварувачи од цел свет. Освоив злато и тоа во тој момент беше круна на мојата кариера, бидејки секој спортист кога ќе влезе во вежбалница и кога потоа ќе започне да се натпреварува, целта му е да освои медал, вели шампионот од Македонска Каменица. Најголем удел во успесите, како што додава Стаменковски, играат исхраната и добриот тренинг. – Исхраната би рекол е најважниот фактор, затоа што ние што се натпреваруваме во овој спорт во точно одредено време внесуваме храна во организмот. Како оброк на почетокот најчесто користев килограм стек или риба исклучиво со зелена салата. Секако и тренингот игра доста значајна улога. Без добар тренинг нема успех. Во период кога немав добри услови за вежбање одев во други градови, а имав и сопствена импрововизирана вежбалница. Потоа се изгради спортски комплекс од калибар каков што им е потребен на спортистите и со тоа тренинзите ги продолжив во родната М. Каменица. Кога сме кај тренинзите често може да ме сретенете како возам велосипед, што исто така е важен дел од вежбите, објаснува Стаменковски. Минатата 2019 година беше доста плодна за каменичкиот спортист. Зад себе има 12 натпреварувања, учество на пет европски и пет светски натпревари, два светски куп-натпревари и околу 50 турнири. – Освоив медали од бодибилдинг до стрит воркоут и пауерлифт бенч прес. Како најголем успех минатата година ќе го издвојам настапот на Европско во Чадка, Словачка, 1. место и европски рекорд во категорија до 75 кг со подигнати 137.5 кг. Од останатите учества на натпреварувања и освоени награди ќе ги набројам Светското првенство во Атланта (САД) на кое со подигнати 140 килограми го освоив златниот медал. На тоа натпреварување воедно постигнав светски рекорд во категоријата до 75 килограми и бев прогласен за најдобар лифтер. Во Одеса, Украина, освоив две први места во бенч од кои едно е повторување со сопствена килажа 73 кг, со 62 повторувања и прогласен за најдобар лифтер. Исто така учествував на Балканско во Бјелина, каде што освоив прво место во категорија до 75 кг. Од останати турнири учествував на „Кроатија опен", Задар прво место, „Црна Гора опен" прво место, „Србија опен" Лесковац прво место, „Сврљиг опен" прво место, „Трофеј Београд" прво место и „Војводина опен" прво место, сите во категоријата до 74 килограми. Тука се и учествата на Стрит воркоут, Валјево (Србија) второ место, Пула склекови прво место – чучнувања со 60 кг трето место. Светски куп стрит воркоут Нови Сад прво место. Склекови со панцир од 20 кг и трето место чучнувања со сопствени килажа и 75 кг повторувања, раскажува за своите успеси Стаменковски. Меѓу останатото е и носител на светскиот рекорд во правење склекови. За една минута има направено 77 склека со заклучување. Рекордот е постигнат во декември 2018. Исто така има направено и 139 склека за една минута со пумпање. Со направени 2 525 склека за еден час е носител на неофицијален светски рекорд. Сите овие успеси, како што самиот додава, му даваат за право да очекува добри резултати и во 2020 година, година во која веќе има обезбедено право за настап турнир во Охајо, САД. – За 2020 година се имам квалификувано за „Арнолд класик" во Охајо Коломбос (САД) во периодот 5 – 8 март во бенч. Исто така, ќе се подготвувам за сите турнири до Светското, исто и во стрит воркоут, каде што ќе гледам да ги подобрам сите резултати. Веќе имам услови за тренинг, како во сала така и улично, каде што ја обезбедивме најдобрата улична справа за натпревари од светски ранг, додава Стаменковски. Тој на младите им препорачува поактивно да се занимаваат со спорт, но да не бараат брзи резултати бидејки, како што додава, најдобро е кога до успех ќе дојде на вистински начин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаВенецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда.. Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЏип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинатиНајмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај. „Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа. At least three people are dead after a car crashed into a food stand near a North Hollywood bus stop on Tuesday night. LAFD says three people were pronounced dead and three others were taken to a nearby hospital in critical condition. Breaking details in our bio. https://t.co/hOCLnAhBKQ — CBS LA (@CBSLosAngeles) November 11, 2026 Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонесиНародната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката. Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа. Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57