Босанска судијка крадела имоти од убиени Евреи - Канал 5

Босанска судијка крадела имоти од убиени Евреи

Поранешната судијка на Општинскиот суд во Сараево , Лејла Фазлагиќ , против која во БиХ е покренато обвинение за злоупотреба на функцијата , со години се крие во Хрватска.

Босанска судијка крадела имоти од убиени Евреи

Судијката незаконски присвојувала имоти на Евреи , кои биле убиени во Втората светска војна. Фазлагиќ избегала од БиХ во 2016 , кога против неа е покренато обвинение заедно со поранешниот министер за внатрешни работи Алија Делимустафиќ . Таа успеала да дојде до имоти во центарот на сараево вредни речиси 750 000 евра. Највредна од нив е зградата во непосредна близина на сараевската катедрала , која припаѓала на еврејските семејства Циндорф, Барух и Маестро. Судијката сама на себеси си наместила расправа за право на сопственост над оваа зграда . Таа во име на својата баба , која 26 години веќе била мртва , поднела тужба против Албин и Ерна Циндорф , кои биле запишани како сопственици на половина зграда.

Иако и тие со години веќе биле починати и тоа во Израел , Фазлагиќ немала проблем да праќа судски налози на измислени адреси , а потоа да го принудува курирот да ги врати повратниците со фалсификувани потписи на одамна починати луѓе.

Потоа на закажаната расправа , таа си донела пресуда во корист на својата баба , со што станала сопственик на имотот. Откако ја завршила постапката, таа и формално ја прогласила бабата за мртва и покренала оставинска постапка и за наследник го прогласила својот татко , и тоа врз основа на фалсификуѕвано полномошно. Но , таа не застанала тука.

Ги фалсификувала и потписите на членовите на семејството Маестро , кои биле убиени како Евреи во усташкиот логор Јасеновац во 1944 година, за да добие и од нив согласност за имот.

По истиот модел ги фалсификувала и документите на својата мајка , почината 1988 за да и ја префрли куќата во Сараево , сопственост на покојната Еврејка Шарика Фархи, која починала во Србија во 1985 година. За да ги замачка трагите , куќата на Фархи два пати ја препродавала , па ја урнала , а сега таму се гради хотел.

Освен овие куќи и имоти , судијката има куќа во макарска , каде сега живее со својата ќерка. Во Хрватска фазлагиќ има уште една куќа покрај море и тоа островот Пељешац.

Денеска Министерството за правосудство на БиХ побара од Хрватска да ја екстрадира поранешната судијка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластување

Според информациите од МВР на неколлку локации во Скопје и Штип во тек е акција на полицијата за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ .

Во тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластување

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР, по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од страна на Р.Т. раководител на информатички сектор при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Северна Кореја тестираше касетна боева, уништува се пред себе!!

Северна Кореја тестираше касетна боева глава наменета за стратешка крстосувачка ракета, само неколку дена откако тестираше касетна бомба за балистички ракети, објавија денеска државните медиуми.

Северна Кореја тестираше касетна боева, уништува се пред себе!!

Тестовите биле спроведени во понеделникот за да се процени разорната моќ на боевата глава и способноста на проектилот за вертикален напад, објави Корејската централна новинска агенција (KCNA).

Според севернокорејските претставници, боевата глава може да уништи површина од пет до шест хектари, додека способноста на проектилот прецизно да ги погодува целите е подобрена.

Северна Кореја најави дека до крајот на годината ќе развие различни видови касетни боеви глави, а експертите проценуваат дека, преку подобрување на способноста за вертикален напад, Пјонгјанг се обидува да овозможи попрецизно гаѓање на подземните воени објекти и влезовите во тунелите на јужнокорејските сили, пренесува „Јонхап“.

Агенцијата додава дека јужнокорејската војска соопшти оти одржува високо ниво на подготвеност и поседува супериорни капацитети за одговор на евентуални провокации од страна на Пјонгјанг.

Портпаролот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, Џанг До-јонг, изјави дека јужнокорејската војска веќе има развиено системи за прецизни удари и одржува постојана оперативна подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Што се случи синоќа во близина на Киев? Повредени војници, пукање, уништен автобус...

Во украинското село Петропавливска Боршчахивка, во предградието на Киев, вчера дојде до судир откако цивили се собрале пред објект во кој се сместени припадници на Националната гарда. 

Видео-фото: Што се случи синоќа во близина на Киев? Повредени војници, пукање, уништен автобус...

Во официјалното соопштение од единицата „Азов“ при Првиот корпус на Националната гарда се наведува дека се прошириле „непроверени информации“ според кои во привременото сместувалиште незаконски се приведени и се мачат воени лица.

Според Националната гарда, дел од војниците во објектот биле неодамна мобилизирани, додека други биле задржани откако неовластено ги напуштиле своите воени единици, во очекување на прераспределба во други единици.

Четворица војници се здобиле со повреди и се испратени во болница на лекарски преглед.

„Командата на Националната гарда, во соработка со полицијата и другите надлежни органи, ја презеде истрагата за овој инцидент. Доколку се докаже дека во просториите на воениот објект се случиле какви било незаконски, насилни дејствија, одговорните соодветно ќе бидат казнети“, соопштија од Првиот корпус на Националната гарда.

Украинската национална гарда наведе дека деталите за повредите и здравствената состојба на војниците ќе бидат објавени дополнително, притоа повторувајќи дека нема смртни случаи.

Националната полиција потврди дека интервенирала на лице место и ги отфрли тврдењата дека луѓе биле незаконски задржани или дека некој го загубил животот.

Според полициското соопштение, полициски службеници биле испратени на локацијата по повик од вработен во приватна служба за итна медицинска помош, кој пријавил дека бил спречен да стигне до маж кој се наоѓал во зградата. При пристигнувањето на лице место, полициските службеници затекнале припадници на Националната гарда и локални жители собрани пред една куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер