Борусија Дортмунд и понатаму со најверна публика во Европа

Навивачите на европскиот вицешампион Борусија Дортмунд и понатаму се најверната публика на Стариот континент.

Според истражувањето на „Стадионвет“ милионерите од Дормунд на својот „Сигнал Идина парк “ во сезоната 2012-2013 имале неверојатен просек на посетеност од 99,8 % од капацитетот .На секој натпреварев во просек имало 80 482 гледачи , капацитетот на стадионот во Дортмунд е 80 645.

На второто место според просечниот број на навивачи на својот стадион е англискиот шампион Манчестер Јунајтед . Стадион от Олд Трафорд во сезоната 2012-2013 бил исполнет со 99,1 % од капацитетот или во бројки 75530 гледачи по натпревар на стадионот кој има 76 712 столици.

Одлична посетеност бележи и шампионот на Шпанија Барселона . Камп Ноу сезонава во просек бил исполнет со 72,23 % или имало по 71 350 навивачи. Капацитетот на импозантниот Камп Ноу изнесува точно 98 787 навивачи.


Иако според бројот на гледачи е дури на четвртата позиција ,европскиот првак Баерн Минхен може да се пофали дека сезонава прекрасната Алианц арена ја исполнувал до последното место. Баерн Минхен на секој натпревар имал полни трибини или Алианц арената била 100% исполнета , биле продадени сите 71 000 седишта.


За одбележување е и спектакуларната посета на „Ајброкс парк“ стадионот на Ренџерс во Глазгов.

Иако пред почетокот на сезоната шкотскиот гигант поради банкрот беше исфрлен во 4 лига сепак навивачите не го напуштија саканиот тим.
Глазгов сезонава во натпреварите од 4 лига во просек го следеле 45 964 гледачи што е 90,93 % од капацитетот на стадионот

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

притисни ентер