Борисов во Скопје по повод две години од потпишувањето на договорот за добрососедство

Две години подоцна, Борисов и Заев повторно се поклонија на гробот на Гоце Делчев, и тоа во време кога македонско- бугарската Комисија заглави токму на ова прашање.

Бугарскиот премиер денеска беше дециден – очекува до октомври да се постигне компромис, бидејќи како што рече, не сака ниту да помисли да биде доведен во ситуација да крене рака против евоинтеграцијата на Македонија.

Отимист дека решение е можно и за Гоце Делчев е и премиерот Заев. Како позитивен пример кажа дека Комисијата досега успеа да се усогласи за личности и настаните од средниот век.

- Исто мислам дека ќе најдеме решение и за Гоце Делчев. Ние му оддаваме почит на Делчев преку заедничкото разбирање. Убеден сум дека делата на Делчев можат само да не поврзуваат. Ќе градиме пријателство и добрососедство, бидејќи тоа им го должиме на сите идни генерации, рече Заев.

Двајцата политичари се пофалија дека по потпишувањето на договорот за добрососедство пред две години, трговската размена меѓу двете земји оди на нагорен правец и се сложија дека мора да се интензивира и конечно да се изгради коридорот 8 кој е од есенцијално значење за двете земји.

Посетата на Борисов, доаѓа откако пред неполн месец, тој рече дека претседателот Пендаровски е северномакедонски политичар кој признава дека Делчев е Бугарин. Денес се извини и призна дека згреши.

-Кога реков Северномакедонци, како да убив некого. Ненамерно згрешив и еве јавно се извинувам за тоа, рече Борисов.

Борисов денеска беше примен и од претседателот Пендаровски, кој на средбата повикал на воздржаност од политичките водства на двете држави, со цел да им се овозможи на историчарите успешно да ги завршат обврските во рамки на комисијата.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер