3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
ТенисБорис Бекер си ги распродава и сопствените чорапи и часовникот од Ѓоковиќ (ФОТО)Поранешниот тениски ас е во тешки финансиски проблеми и затоа распродава се- од трофеите и наградите до дресовите и чорапите.Трикратниот победник на Вимблдон и некогашниот најдобар светски тенисер ума големи финансиски проблеми. Деновиве треба да се заврши и разводот со сопругата Лили , на која ќе треба да и исплати милионска сума . И без овој трошок Борис Бекер е во милионски банкрот. Тој ќе ги продаде сите трофеи , како и часовникот што му го подари Новак Ѓоковиќ. На продажба е и сертификатот за победата во двојки на Олимпијадата во Барселона во 1992 година. Star Lot in the Timed Online Auction of Boris Becker's sporting memorabilia. Gentleman's Wimbledon Semi Finalist Medal 1994. When Boris Becker met Goran Ivanisevic losing in 3 sets #Wimbledon #tennis #borisbecker #auction #sportingmemorabilia #tenniscareer #medal pic.twitter.com/M4nE1B56bd — Wyles Hardy & Co (@WylesHardy) June 25, 2019 Аукциската куќа Wyles Hardy & Co во понудата го има и трофејот од УС Опен што Борис го доби по победата над Иван Лендл во 1989 година , што би можел да достигне цена од над 200 000 фунти. Full Size Stirling Silver Replica of the U.S. Open Trophy awarded to Boris Becker for his Men's Singles Victory over Ivan Lendl in 1989 #tennis #grandslam #USAOpentennis #auction #sportingmemorabilia https://t.co/qgcmmfH8Tv pic.twitter.com/UDej0Avahz — Wyles Hardy & Co (@WylesHardy) June 27, 2019 Љубителите на тенисот ќе може да ја купат и спортската облека штио славниот Германец ја носел на натпреварите , меѓу кои се најдоа дури и чорапите. Boris Becker XXL Lotto Tennis Shirts and Shorts formerly exhibited at the Tennis Hall of Fame, Newport. #auction #tennis #BorisBecker #Wimbledon #Sales #lot7#sportingmemorabilia #tennishalloffame pic.twitter.com/PE4YYta2zB — Wyles Hardy & Co (@WylesHardy) June 30, 2019 Аукцијата на предметите на Бекер почнува на 11. јули.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
СветТрамп штотуку објави: „Ова е нова територија на САД“Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth social“ мапа од Ормускиот теснец, над која е напишано дека областа е „нова територија на САД“.Ова соопштение доаѓа откако претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач на Техеран, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека Ормускиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ги исполнат своите обврски според меморандумот за разбирање со Иран. It’s ours!! 🔥BREAKING: President Trump just claimed the Strait of Hormuz is an AMERICAN territory! pic.twitter.com/pSpXCzxOF7 — B’s Spin🐝 (@BsSpin) August 18, 2026 Калибаф рече дека условите вклучуваат: • укинување на поморската блокада и санкциите; • ослободување на замрзнатите ирански средства; • укинување на санкциите за нафта; • запирање на заканите и воените операции на сите фронтови „Додека не се исполнат обврските што САД ги презедоа во меморандумот за разбирање, теснецот нема да биде отворен“, рече Калибаф. Од друга страна, иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас Аракчи, рече дека Иран и Оман ќе финализираат договор за соодветна рута за безбедно минување на бродовите низ Ормускиот теснец. Според новинската агенција Тасним, Аракчи разговарал по телефон со својот турски колега Хакан Фидан за билатералните односи и најновите регионални случувања. Зборувајќи за разговорите меѓу Иран и Оман, Аракчи ја нагласил решеноста на Техеран да продолжи со процесот на договарање за безбедна рута за бродовите низ Ормускиот теснец. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо Сирија осуден на смрт братучедот на Башар ал АсадСирискиот суд го осуди Васим ал Асад, братучед на поранешниот претседател Башар ал Асад, на смрт за сторени „воени злосторства и злосторства против човештвото“, откако поранешниот претседател Асад беше осуден на смрт во отсуство една недела претходно.Судијата Фар ал-Дин ал-Арјан го прогласи Васим ал Асад за виновен за, „убиства со умисла на повеќе лица, придружени со тортура и бруталност... класифицирани како злосторства против човештвото и воени злосторства“ и објасни дека е „осуден на смрт за тоа“. Во април, во Сирија започнаа судења против Башар ал Асад, кој избега во Русија, и други функционери, за злосторства извршени за време на граѓанската војна предизвикана од бруталната репресија на продемократските протести. Сирија го осуди братучедот на Башар ал Асад на смрт Васим ал-Асад е првиот член на семејството Асад на кој му се суди откако беше уапсен и приведен во близина на сириско-либанската граница во јуни. Војната ја опустоши земјата од 2011 до 2024 година, оставајќи зад себе повеќе од половина милион мртви, милиони раселени и десетици илјади исчезнати. Трибуналот утврди дека Васим ал-Асад формирал две вооружени групи лојални на поранешниот режим, кои извршиле напади во близина на Дамаск во кои загинале десетици луѓе. Тој беше прогласен и за виновен за поттикнување граѓанска војна. Други обвиненија, вклучително и трговија со дрога, беа отфрлени поради недостаток на докази. Иако не држел висока функција, Министерството за финансии на САД го санкционираше Васим ал-Асад во 2023 година, велејќи дека тој водел паравоена единица и бил „клучна фигура во регионална мрежа за трговија со дрога“. Неговата пресуда може да се обжали до Касациониот суд, највисокото судско тело во Сирија. Новите сириски власти, кои го соборија претходниот режим во декември 2024 година, ветија дека ќе ги повикаат на одговорност оние што се одговорни за злосторствата извршени за време на владеењето на Асад. Тој живеел во луксуз во земја на сиромаштија и војна За време на граѓанската војна, Васим ал-Асад се фалел со своите луксузни автомобили на социјалните медиуми, повремено појавувајќи се во воена униформа и вооружен. На 11 август, Башар ал-Асад беше осуден на смрт во отсуство за „воени злосторства“ и „злосторства против човештвото“. Шест поранешни воени и безбедносни функционери беа осудени во отсуство, вклучувајќи го и Махер, братот на Асад, кој командуваше со 4-та дивизија, елитна воена единица. Единствениот што се појави на суд, Атиф Наџиб, поранешниот шеф на безбедноста на покраината Дараа, лулката на востанието од 2011 година, исто така беше осуден на смрт за злосторства против човештвото. Башар ал-Асад избега во Русија во декември 2024 година, придружуван само од неколку блиски соработници. Извор: Индекс.хрТагови: Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПронајдени 10 лица мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот од ЛатвијаНа 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија. При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а Р.С. е предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter