Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
3Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
ТенисБорис Бекер оди во затвор поради затајување данок (ВИДЕО)Шесткратниот Грен слем победник Борис Бекер (54) е осуден на две и пол години затвор, јавува Би-Би-Си.Причината поради која легендарниот германски тенисер мора да оди во затвор е обидот да сокрие пари и други вредни предмети вредни 2,5 милиони фунти во стечајна постапка со намера да избегне плаќање долгови. Скај Спорт вели дека половина од тоа време ќе помине во затвор, една година и три месеци. Бекер (54) на прелиминарното рочиште се изјасни за невин. Судијката Дебора Тејлор ѝ порача на поротата да ги остави настрана сите предрасуди и да ја игнорира славата на Бекер. Високиот суд во Лондон го прогласи Бекер за банкрот на 21 јуни 2017 година на барање на банката, а според договорот тој требало да го открие целиот свој имот. Долговите на трикратниот шампион на Вимблдон во времето на банкрот биле проценети на 50 милиони фунти. Иако личниот банкрот во Англија обично може да заврши во рок од 12 месеци, постапката оттогаш е во тек. Бекер е обвинет по четири точки. Против него е поднесена кривична пријава за вкупно 24 обвиненија. Во 1985 година, на само 17 години, Бекер се појави на светската спортска сцена и стана најмладиот победник на Вимблдон. Успешно ја одбрани титулата следната година во пресметка со Иван Лендл, тогаш најдобриот тенисер на светот. Во 1989 година, Бекер го освои својот трет Вимблдон, а неколку месеци подоцна и УС Опен. Во 1991 година првпат го освои Австралија опен, а вторпат во 1996 година. Тој се пензионираше три години подоцна, откако освои 49 трофеи. Во 2002 година, судот во Минхен го осуди на две години условно и парична казна од 500.000 евра за даночно затајување од околу 1,7 милиони евра. Поранешниот играч имаше правни проблеми и во Шпанија, поради неплатени долгови поврзани со работите на неговата вила на Мајорка и со швајцарското правосудство поради тоа што не му платил на свештеникот во 2009 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаТренчевска до Хоџа: Македонија не е на распродажба – како дадовте согласност за пет рудници?Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска побара од министерот за животна средина и просторно планирање Муамед Хоџа објаснување за согласноста на Министерството во врска со Нацрт-просторниот план, во кој се предвидува отворање на уште пет рудници.Тренчевска посочи дека во изминатиот период сме сведоци на најавите на премиерот Христијан Мицкоски за изградба на рудници за метали и антимон, кои се претставуваат како голема развојна шанса за државата. Таа порача дека Македонија не е приватна фирма и не е на распродажба, а природните богатства се национално богатство кое им припаѓа на граѓаните. Тренчевска посочи дека на страница 187 од Нацрт-просторниот план се наведени пет конкретни локации – Иловица–Штука, Казан Дол, Плавица, Кадиица и Луке. Во истиот план, како што наведе Тренчевска, се предвидува површините под експлоатација на критични минерални суровини да се зголемат од околу два на приближно десет квадратни километри, односно петкратно. Тренчевска побара транспарентност за тоа каде би се наоѓале коповите, јаловиштата и постројките и колку би биле оддалечени од домовите и изворите на вода, посочувајќи дека станува збор за прашања што директно ги засегаат животната средина и здравјето на граѓаните. На крајот, таа го праша министерот како е можно неговото Министерство да даде согласност за ваков план кога, како што посочи, не се знае како овие рудници ќе влијаат врз животната средина и здравјето на граѓаните. Во продолжение, интегрален текст од обраќањето на Тренчевска: Моето пратеничко прашање, денеска е до министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, и се однесува на нешто што директно ги засега граѓаните, нивното здравје, животната средина во која живеат. Во изминатиов период сведоци сме на најавите на премиерот Мицкоски за изградба на рудници за метали, за антимон, кои ни се претставуваат како некаква голема развојна шанса за државата. Всушност исто како што Мицкоски секојдневно ни претставува една паралелна Македонија во која економијата цвета, инвестициите се рекордни и се оди одлично, а за жал, таа Македонија постои само во главата на Мицкоски - реалноста во која се наоѓа државата, која ја чувствуваат и ја живеат граѓаните е поразителна и загрижувачка. Додека граѓаните живеат со секојдневните проблеми, додека земјоделците се борат за егзистенција, додека семејствата се грижат дали ќе имаат пари за храна и сметки, дали ќе имаат чиста вода за нивните деца, Владата си има други приоритети. Не мерки за граѓаните, не чиста животна средина, не подобри услови за живот – власта си има бизнис приоритети и тоа веќе исцртани, испланирани, ставени во план. А јасно е веќе и како ќе се реализираат – преку распродажбата на државата. Тоа е нивниот модел на „развој“ - а во позадина профити, провизии. Оваа Влада, на чело со Мицкоски, сега распродажбата ја внесува и во Нацрт-просторниот план – документот што треба да ја определи иднината на Македонија до 2040 година. Документот со кој, наместо да им даде сигурност на граѓаните и на идните генерации, власта ја крои својата визија за наводен развој, зад кој, под превезот на изградба на рудници и наводен економски развој, не се крие ништо друго освен распродажба на природните богатства на државата за туѓи бизнис интереси, додека сметката повторно ќе ја плаќа. Еве да појаснам - на страница 187 од Нацрт-планот јасно е наведено дека треба да се отворат уште пет рудници на метали. И тоа не се некакви имагинарни локации. ВО планот се веќе исцртани Иловица–Штука, Казан Дол, Плавица, Кадиица и Луке. Значи, додека граѓаните сè уште слушаат најави и објаснувања за идни рударски проекти, Владата веќе ги внесува конкретните локации во стратешки документ со кој се планира развојот на државата во следните 15 години. Епа како ова го испланиравте? Па добро, кој ви даде право да ја планирате иднината на Македонија зад затворени врати и да им ја цртате средината на граѓаните во која треба да живеат? Македонија нМакедонија не е ваша приватна фирма, не е на продажба и не може да се продава земјата, што е природно,национално богтаство кое има припаѓа на граѓаните, за туѓи интереси. Не зборуваме за уште една зграда или уште еден пат, зборуваме за нешто што може сериозно да влијае врз животната средина и здравјето на граѓаните. Антимонот е во категорија на загадувачи, токсичен - влегува почва, во реки, во бунари, растенија - во човекот. Зборуваме за земја, за вода, за земјоделство, за природата во која живеат цели населени места - и најважно зборуваме за здравјето на луѓето. Иако видовме колку оваа власт се грижи за здравјето на луѓето. 5000 граѓани во Гостивар се затруја од загадена вода - 11 месеци не видовме извештај. Вардар и Лепенец згадени - нема извештај. Ете толку се грижат… не им е грижа, важно е само како да профитираат, од каде да укрдата пари, да земат провизии. И да се вратам на просторниот план - во истиот Нацрт-просторен план се предвидува површините под експлоатација на критични минерални суровини да се зголемат од околу два на приближно десет квадратни километри. Тоа е петкратно зголемување. Пет пати поголем простор за експлоатација. И тука доаѓаме до најважното - вие го ризикувате здравјето на граѓаните за вашите профити, ја ризикувате животната средина, плодната земја, водата… Во документот се бара да се планираат рудници, но граѓаните имаат право да знаат каде се коповите, каде ќе бидат јаловиштата, каде ќе бидат постројките и колку ќе бидат оддалечени од нивните домови и извори на вода. Не готови планови зад затворени врати - транспарентност, ако воопшто знаете што е тоа. Народот одлучува за својата иднина, не вие. Откако еднаш ќе ја загадите водата, нема враќање назад со едно соопштение. Кога ќе се уништи земјоделска почва, не се враќа со прес-конференција. А кога ќе се загрози здравјето на луѓето, никаква статистика не може да ја избрише штетата. Затоа, министер, ова не е прашање само за рудници. Ова е прашање за тоа дали оваа држава ја планира својата иднина според интересот на граѓаните или според интересот на вашата Влада. Оттука моето прашање до вас министре е : Кaкo е можно вашето министерство да даде согласност за ваква работа, кога ништо не се знае како овие рудници ќе влијаат врз животната средина и здравјето на граѓаните? Што водите Вие - бизнис или министерство кое треба да гарантира чиста животна средина? Дали ги слушате реакциите на граѓаните од југоисточниот регион за рудниците кои што се планирани токму во тој регион? Рудници за чија постапка, посебно за Казандол, веќе е завршена, повторно ја враќате во овој предлог-просторен план, се наведуива во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи -СкопјеОд почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје.Преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Ова поврзување ќе донесе многу за туризмот и за бизнисот, одговори денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на пратеничко прашање во Собранието. Тој потенцира дека ова е договорено на средбата со амбасадорот на ОАЕ во Македонија, што се одржа токму денеска во Собранието. "Она што сакам да го објавам после денешната средба со амбасадорот е дека имавме конкретна работа за која што зборувавме, а тоа е директно авионско поврзување помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот и на бизнисот помеѓу двете држави. Се договоривме дека со почетокот на новата сезона на летање, односно од март месец 2027 година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Значи ќе имаме директен авионски лет којшто ќе лета Дубаи - Скопје. Тоа е веќе договорено и Flydubai ќе почне во март 2027 година, значи за некои 6 месеци од денес, да лета директно од Дубаи до Скопје, што многу ќе придонесе за зголемување на туризмот и тоа во оној период којшто во Македонија е вонсезонски, односно во период којшто е надвор од летото. И втората работа којашто можам да кажам дека е сè уште во дискусија, би рекол дека е многу извесно дека ќе ја договориме, тоа е директен лет помеѓу еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, дали ќе е Абу Даби, дали ќе е Шарџа, до Охрид, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот. Така што тоа се двете конкретни работи коишто ги договоривме денес" -потенцира Николоски. Како што истакна, овие конкретни договори се резултат на владината посета на ОАЕ предводена од премиерот Мицкоски. „.На тие средби со премиерот Мицкоски и шеикот Мохамед бин Зајед, договоривме неколку значајни работи за меѓусебната соработка. Првата е веќе реализирана, тоа е безвизен режим, односно веќе помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати се патува без визи, што е многу значајно, особено во делот на туризмот и размена на бизнисот. Исто така разговараме за потенцијални инвестиции. Доста македонски компании веќе почнуваат да извзуваат во Обединетите Арапски Емирати како место коешто станува центар во моментов на она што се вика претставување, пред сè во делот на саемите, коишто се селат од Западна Европа кон Обединетите Арапски Емирати. Скоро и да немате поголема индустрија којашто својот годишен саем не го има веќе префрлено во Обединетите Арапски Емирати, без разлика дали е Абу Даби, дали е Шарџа, дали е Дубаи или некое друго место" -одговори Николоски. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНапад во манастир: Еден свештеник загина, повредени се пет лица (ВИДЕО)Напад со нож се случил во бенедиктински манастир во полскиот град Јарослав. Пет лица се повредени, меѓу кои тројца свештеници и една жена. Еден свештеник почина, додека напаѓачот е уапсен, објавува порталот Rmf24.pl. Како што дознава новинарот на RMF FM, Мацеј Палачицки, полицијата во Јарослав околу 9:30 часот била информирана дека маж со нож нападнал едно лице во бенедиктинскиот манастирски комплекс на улицата Бенедиктинска број 5. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, било утврдено дека пет лица - жена и четири мажи, меѓу кои тројца свештеници, се повредени. Сите се однесени во болница. Еден од свештениците починал. Состојбата на две лица е многу сериозна. Полицијата го уапси напаѓачот. Станува збор за 31-годишен Украинец. Кај него е пронајден нож. Нападот се случил во рамките на центарот за духовна обнова. Како што една од калуѓерките од манастирот изјави за новинар на RMF FM, напаѓачот го искористил моментот кога портата на комплексот била отворена по посетата на група млади луѓе и влегол внатре. Тој нападнал случајно избрани луѓе. Нема повредени деца кои го посетиле манастирот или деца кои ја посетувале градинката во рамките на комплексот. Мотивот за нападот сè уште не е познат, а полицијата и обвинителството се на местото на настанот. Поради нападот во бенедиктинскиот манастир, околу 11 часот во зградата на градската администрација на Јарослава започна кризен штаб свикан од градоначалникот. На состанокот присуствува и поткарпатската војвотка Тереза Кубас-Хул.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook