Борис Бекер може да заврши седум години во затвор,почна судењето во Лондон

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер банкротира во јуни 2017 година, поради неговата неможност да ги подмири долговите кон банка „Арбутнот Латам“.

Тој денеска се појави на суд за да биде присутен на читањето на обвинението, според кое е обвинет по 19 точки за измама на повеќе начини на државата за мултимилионски износ, а максималната казна што може да му се изрече е седум години затвор.

Да потсетиме, Бекер изгуби скоро 100 милиони евра поради неуспешни инвестиции во нафтениот бизнис во Нигерија. Судот во Лондон го прогласи за банкрот поради долг од околу 12 милиони евра кон споменатата лондонска банка, но тој избегал со дипломатски статус затоа што станал културен аташе на Централноафриканската Република во Европската Унија.

Сепак, тој подоцна се откажал од својот дипломатски имунитет и процесот продолжил за да може наскоро да ја открие неговата судбина, што се чини дека нема да му донесе ништо особено позитивно.

Шпанскиот крал во самоизолација поради ризичен контакт

Шпанскиот крал Фелипе VI се самоизолирал откако стапил во контакт со лице кое имало позитивен тест на Ковид-19, објави палатата.

„Лицето со кои бил во контакт вчера денес е позитивно на Ковид-19“, се наведува во соопштението од кралската палата во кое се додава дека 52 годишниот крал ги суспендирал сите службени актривности на 10 дена.

„Согласно здравствените правила, тој 10 дена ќе помине во превентивен карантин“, се вели во сооштението, пренесе „АФП“.

Кралицата Летиција и ќерките на кралскиот пар Леонор и Софија ги продолжуваат своите активности.

Престолонаследничката Леонор (15) помина две недели во самоизолација во септември, откако беше откриена инфекција со Ковид-19 меѓу нејзините колеги. Подоцна таа била негативна.

Шпанија е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата на коронавируси со повеќе од 1,5 милиони заразени и над 43.000 смртни случаи.

Трамп на кратко се појавил пред новинарите, не зборувал за изборите

Многу сум возбуден за тоа што се случува на полето на развојот на вакцината против Ковид-19, рекол Трамп.

Претседателот на САД Доналд Трамо денес на кратко се појави на конференција за новинари во Белата Куќа и не проговорел ниту збор за изборите, пренесе сајтот „ Politico“.

Индустрискиот индекс на Њујоршката берза Дау Џонс денес скокнал за повеќе од 500 поени, надминувајќи ја границата од 30.000 бодови, за што говорел и Трамп.

-Тоа се свети бројки. Никој не помисли дека некогаш ќе се видат тие бројки, рекол кратко Трамп, пренесе „Танјуг“.

Претседателот на САД не одговарал на новинарски прашања, а едиствено ја прокоментирал вакцината против Ковид-19.

- Многу сум возбуден за тоа што се случува на полето на развојот на вакцината против Ковид-19. Тоа е апсолутно неверојатно, рекол Трамп.

Видео: Младоженец случајно ја удри невестата и ја уништи венлавката

Еден младоженец случајно ја уништи сопствената венчавка кога ја удрил со нога својата сопруга директно во лице додека изведувал танц за неа.

Овој невообичаен танц кој младоженецот Адам Гаудет реши да и го приреди на неговата сопруга Микаела заврши неочекувано. Тој ја удри во лица и на тој начин ја уништи соспствената свадба.

Тие се решиле да го споделат видеото на социјалната мрежа Тик Ток под наслов „Како мојот сопруг ја уништи нашата венчавка“ каде што тоа стана вирално.

притисни ентер