Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени
1Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
СветБорел: Војна од пошироки размери во Европа повеќе не е само фантазијаЕвропа мора да се подготви за потенцијална војна, бидејќи конфликт од широки размери на континентот, надвор од Украина „повеќе не е фантазија“, предупреди денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.„Русија ѝ се заканува на Европа“, како преку тековната војна во Украина, така и преку хибридните напади врз земјите-членки на ЕУ, истакна Борел во говорот пред делегатите на форумот „Нова економија“ во Брисел. - Војната секако се наѕира околу нас, рече Борел. - Конвенционална војна во Европа со висок интензитет повеќе не е фантазија и мора да направиме апсолутно сè за да ја избегнеме. Ова е првпат поранешниот шпански министер за надворешни работи толку експлицитно да ја изложи руската закана, по неодамнешните предупредувања од воените началници и лидери во северна Европа за ризикот од нови руски напади надвор од Украина. Данскиот министер за одбрана во февруари рече дека Русија може да ја тестира солидарноста на НАТО во рок од три до пет години. Борел изрази жалење поради тоа што западните сојузници на Украина не успеваат да ѝ ги обезбедат системите за противвоздушна одбрана кои на земјата итно и се потребни. Киев неодамна побара од своите сојузници да испратат седум системи за противвоздушна одбрана Патриот за да му помогнат да се спротивстави на руското бомбардирање на неговите градови и инфраструктура. - Би било незамисливо да не можеме да ги испорачаме, знаејќи дека западните војски располагаат со околу 100 ракетни батерии Патриот, а сепак не можат да ги испорачаат седумте што очајно ги бараат, истакна Борел на форумот „Нова економија“. - Ситуацијата во Украина е исклучително тешка, бидејќи руската воена машинерија работи со полна брзина, нагласи шефот на европската дипломатија. - Треба да направиме повеќе и побрзо за да им помогнеме да ја добијат потребната опрема, инсистира тој, повикувајќи ги европските земји брзо да ги зголемат своите одбранбени способности. - Околу 80 отсто од набавките на оружје се прават надвор од Европската Унија, а од тие набавки на оружје што се направени надвор од ЕУ, 80 отсто отпаѓаат на оружје направено во САД, додаде европскиот дипломат, повикувајќи да се стави крај на оваа „зависност“. Тој, исто така, ја истакна потребата Европа да ја развие својата автономија на полето на одбраната и безбедноста, вклучително и во рамки на НАТО. Фајненшл Тајмс пишува дека конфликтот на границата на ЕУ покажа недоволно инвестирање во одбранбена индустрија и воените капацитети на блокот. „Исто така, ги исплаши политичките центри кои се загрижени дека САД би можеле да се повлечат од својата долгорочна улога како крајна безбедносна гаранција на континентот доколку Доналд Трамп се врати во Белата куќа по американските претседателски избори во ноември“, пишува ФТ. Трамп, за кој анкетите покажуваат дека е во тесна трка со претседателот Џо Бајден, се закани дека нема да ги брани сојузниците на НАТО во Европа кои не трошат доволно за одбрана. Тоа доаѓа во време на поширок политички притисок во Вашингтон да ја фокусира својата воена моќ повеќе на Азија отколку на Европа. - Американскиот чадор, на кој се потпираме уште од Студената војна, можеби нема да биде отворен постојано, рече Борел. - Можеби, во зависност од тоа кој владее со Вашингтон, нема да можеме да се потпреме на Америка да не заштити“. „Во рамките на Унијата, приоритетите за поединечни членки може да се променат, додаде тој. Европските земји, кои претходно ги срозија трошоците за одбрана во децениите по крајот на студената војна, сега ги засилија инвестициите во својот одбранбен индустриски производствен капацитет во обид да ги зголемат испораките за Украина и повторно да ги вооружат сопствените сили. - Но, потребни се повеќе инвестиции, имајќи предвид дека безбедносната ситуација во Европа е во „егзистенцијална криза“, рече Борел. „Потребен ни е нов меѓувладин инструмент за финансирање. . . нешто слично со оној што го создадовме за време на финансиската криза (во еврозоната)“. Некои лидери на ЕУ повикаа тоа финансирање да се подигне преку заеднички одбранбени обврзници, додека други, кои се спротивставуваат на идејата за поголем заеднички долг, поддржуваат олабавување на правилата што ќе му овозможат на буџетот на ЕУ да финансира оружје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДрама во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени Маскиран напаѓач упаднал на состанок на парламентарната група на Зелената партија во германскиот град Шверте и употребил бибер спреј, повредувајќи осум лица, соопшти полицијата во Дортмунд.Едно лице е однесено во болница, додека седум други се здобиле со полесни повреди, објави регионалниот јавен радиодифузер WDR. Осомничениот сторител избегал кога полицијата пристигнала на местото на настанот. Полициските службеници го бараат и ги испрашуваат сведоците. „Се справуваме со чин кој е многу веројатно политички мотивиран. Сè укажува на тоа“, изјави портпаролот на полицијата. Налепница залепена на стаклото од канцеларијата на партијата пишува „Подобро мртов отколку црвен“. Maskierter attackiert Grüne in Parteibüro – Drei Verletzte, Staatsschutz ermittelt in NRW https://t.co/txJqfu4awh https://t.co/7G3VVpQtFR — WELT (@welt) November 24, 2026 Полицијата истражува дали налепницата е поврзана со нападот. Зелените во Шверте во соопштението изјавија дека се згрозени од насилството. „Полоши последици беа спречени само благодарение на храбрата интервенција на член на парламентарната група. Откажувањето не е опција“, соопштија Зелените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран ѝ постави ултиматум на Америка: Ова се условите за мирГлавниот преговарач на Иран и претседател на Парламентот, Мохамад Багер Калибаф, изјави дека Техеран нема да преговара со Соединетите Држави за ставање крај на конфликтот сè додека не се исполнат седум ирански услови.Калибаф ги даде овие изјави во вторник, а неговото обраќање беше емитувано на иранската државна телевизија. Иранските власти јавно не открија за какви услови станува збор. Државните медиуми пренесуваат дека тие вклучуваат укинување на санкциите, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и ослободување на запленетите ирански средства. Калибаф исто така предупреди дека Иран ќе го „прошири географскиот опсег на конфликтот доколку непријателот направи грешка“. Поморските сили на Иранската револуционерна гарда соопштија дека три нафтени танкери налетале на поморски мини во Ормускиот теснец и се запалиле, и покрај тоа што биле надгледувани од воздух од страна на американските сили. Според Гардата, танкерите налетале на мините бидејќи пловеле низ теснецот кршејќи ги прописите. САД и Израел започнаа војна против Иран кон крајот на февруари. Во средината на јуни, Иран и САД потпишаа меморандум за разбирање во Исламабад, со посредство на Пакистан. Договорот предвидуваше прекин на воените дејствија и рок од 60 дена за преговори за поширок мировен договор. Договорот почна да се распаѓа уште кон крајот на јуни, а истече во средината на август, при што преговорите никогаш не започнаа. Во средината на септември, Иран му достави на Вашингтон нов предлог кој содржи седум услови. Според претходните извештаи на Ројтерс и катарската новинска агенција „QNA“, тие вклучуваат укинување на блокадата на иранските пристаништа и санкциите за извоз на нафта, одмрзнување на средствата, плаќање воени репарации и прекин на непријателствата на сите регионални фронтови. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во октомври изјави дека Ормускиот теснец би можел да се отвори во рок од шест дена, доколку Вашингтон ги прифати овие услови. Според Ал Џезира, главниот спор меѓу двете страни се однесува на редоследот на чекорите. САД бараат прво да се отвори Ормускиот теснец и уште од самиот почеток да се разговара за иранската нуклеарна програма, додека Иран инсистира прво да се укинат блокадата и санкциите. На почетокот на ноември, Иран – преку Катар, кој дејствува како посредник – испрати предлог до САД во врска со својата нуклеарна програма. Сепак, Техеран има намера да разговара за ова прашање дури откако Вашингтон ќе ги исполни седумте барања на Иран. По ова, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, за можностите за посредување.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре ведро и студено време со температури од минус 8 до 12 степени Времето утре ќе биде утрото ведро и студено, а преку денот променливо облачно, соопшти УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА -1 Попова Шапка, Крушево, 1 Маврови Анови, 2 Лазарополе, 4 Берово, Прилеп, 5 Крива Паланка, Битола, 6 Тетово, Штип, 7 Виница, 8 Претор, Зајчев Рид, Велес, Охрид, Кавадарци, 9 Скопје Петровец, Демир Капија, 10 Струмица, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец. До крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде ведро и постудено. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на утрешниот ден до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни (над 30 l/m² за 24h). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook