Борел: Се чини дека Гонзалес е победник на претседателските избори во Венецуела - Канал 5

Борел: Се чини дека Гонзалес е победник на претседателските избори во Венецуела

Во ова критично време, важно е демонстрациите и протестите да останат мирни. Венецуелските власти, вклучително и безбедносните сили, мора целосно да ги почитуваат човековите права, вклучително и слободата на изразување и собирање.

Борел: Се чини дека Гонзалес е победник на претседателските избори во Венецуела

Европската Унија и натаму со голема загриженост ги следи случувањата во Венецуела и повикува на смиреност и воздржаност, се наведува во писмената изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел објавена доцна синоќа во врска со настаните во оваа јужноамериканска држава по претседателските избори одржани на 28 јули.

- Во ова критично време, важно е демонстрациите и протестите да останат мирни. Венецуелските власти, вклучително и безбедносните сили, мора целосно да ги почитуваат човековите права, вклучително и слободата на изразување и собирање, потенцира Борел во изјавата упатена во име на ЕУ.

Според Борел, во извештаите на меѓународните мисии за набљудување на изборите јасно се наведува дека претседателските избори не ги исполниле меѓународните стандарди за изборен интегритет.

Националниот изборен совет на Венецуела (ЦНЕ) официјално го прогласи Мадуро за победник на изборите со освоени 51,95 отсто од гласовите, пред кандидатот за здружената опозиција Демократска унитарна платформа (ПУД), Едмундо Гонзалез со 43,18 проценти. Но, опозицијата ги отфрла ваквите резултати на ЦНЕ, во кој доминираат луѓе од Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ) на Мадуро, обвинувајќи за изборни измами и фалсификати. Според резултатите на ПУД, Гонзалез освоил 67,14 отсто, а Мадуро 30,41 проценти од гласовите. Ваквите состојби доведоа до масовни протести на приврзаниците на опозицијата, во кои досега загинаа најмалку 17 лица.

- И покрај сопствената посветеност, Националниот изборен совет на Венецуела се уште ги нема објавено официјалните записници од гласањето на избирачките места. Без нив како доказ, резултатите објавени на 2 август од ЦНЕ не можат да бидат прифатени. Секој обид да се одложи целосното објавување на официјалните записници од гласањето само дополнително ќе предизвика сомнеж во веродостојноста на официјално објавените резултати, вели Борел.

Тој натаму потенцира дека според копиите од изборните записници објавени од опозицијата, а прегледани од неколку независни организации, „се чини дека Гонзалес е победник на претседателските избори со значително мнозинство“.

- Затоа Европската Унија повикува на понатамошна независна проверка на изборната евиденција, доколку е можно од страна на меѓународно познат субјект, се додава во изјавата.

Според Борел, ЕУ е сериозно загрижена поради зголемениот број произволни притворања и континуираното малтретирање на опозициски припадници и ги повикува властите во Венецуела да престанат со ваквите апсења, репресии и насилна реторика против членовите на опозицијата и граѓанското општество и да ги ослободат сите политички затвореници.

- Европската Унија ги поздравува напорите на регионалните партнери, со кои останува во близок контакт, за промоција на дијалог и решавање на кризата преку преговори. Почитувањето на волјата на венецуелскиот народ останува единствениот начин Венецуела да ја врати демократијата и да ја надмине актуелната хуманитарна и социо-економска криза, додава Борел во писмената изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење

500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари.

Уапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење

500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари за издавање на потребното мислење. Ангелов вели дека веднаш го упатил лицето случајот да го пријави во МВР. По пријавата следувала полициска акција и апсење на вработениот, кој сега е осомничен за кривично дело примање поткуп.

-Пред неколку дена добив повик од граѓанин кој ми се пожали дека од страна на лице вработено во ДЗС како Советник за урбанистичко планирање му биле побарани 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засегнатото лице го упатив случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал на МВР. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на безмалку сите вработени во ДЗС кои чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски,- – Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Од МВР информираат дека лицето било лишено од слобода во координација со Обвинителството. По целосно документирање на случајот најавија соодветна кривична пријава. Од ОЈО велат дека јавнообвинителска одлука ќе биде донесена утре.

-Се постапува за обезбедување докази. Лицето е задржано по насоки на јавен обвинител, а во текот на утрешниот ден ќе биде донесена јавнообвинителска одлука,- – ОЈО Скопје.

Ангелов ја поздрави акцијата и ги повика граѓаните кои се соочуваат со незаконско постапување од страна на вработени во Дирекцијата, случаите веднаш да ги пријават во надлежните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Мегапопуларната српска актерка Лидија Вукичевиќ пред да влезе во Собранието на Србија е полеана со јогурт.

Видео: Актерката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт пред Собранието на Србија

Една од идните пратенички од листата собрана околу СНС, Лидија Вукиќевиќ, е полиена со јогурт на скалите пред Собранието на Србија.

Лидија Вукичевиќ утрово беше полиена со јогурт од страна на Марија Радовановиќ, поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, во моментот кога пристигнала пред Собранието на Србија.

Пратеничката од редовите на СНС дојде на конститутивната седница на Собранието на Србија во црно-бела комбинација, а носеше и капут со интересен крзнен детаљ околу вратот.

Посебно внимание привлече нејзиниот избор на модни додатоци – таа се одлучи за чанта и очила од брендот „Гучи“.

Станува збор за црн кожен часовник во „винтиџ“ стил, чија цена изнесува околу 3.000 евра, додека очилата од истиот бренд чинат околу 800 долари.

Откако беше полиена и влезе во Собранието, видно вознемирената актерка им се обрати на присутните медиуми, веднаш по лидерот на СНС, Александар Вучиќ. Актерката одлучи да не ги извади очилата, а бидејќи гласот ѝ трепереше, се претпоставува дека таа се расплакала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, десет деца завршија во Ургентниот центар, тројца мораа да бидат оперирани

Видео: Хаос во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, на елеватор повредени десет деца

Десет деца, на возраст од осум години, денес биле пренесени во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград, откако се здобиле со повреди – некои од нив и сериозни – во инцидент што се случи околу 14:35 часот во трговскиот центар „Галерија“.

Според очевидци, инцидентот наводно се случил на подвижните скали. Сите деца се подложени на дијагностика, а на три од примените деца им е потребна хируршка интервенција, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Како што претходно објави Танјуг, неколку деца се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници и повреди на главата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер