Борел: Русија намерно го продлабочува судирот со нас

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел денеска пред Европскиот парламент изјавил дека Русија се чини дека намерно го продлабочува конфликтот со Западот, а големо мнозинство европратеници го поддржаа .

Во дебатата со европратениците за случајот со Алексеј Навални, трупањето на руските воени сили на украинските граници и операцијата на руските тајни служби во Чешка, Борел рече „мора да се подготвиме за долг и тежок период во нашите односи со Русија“ .

„Гледам загрижувачки тренд кај руските власти кои се чини дека намерно го продлабочуваат конфликтот со Западот, со нас“, рече високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика.

"Нашите односи со Русија продолжуваат да се влошуваат и сега се на најниско ниво. За жал, не можеме да исклучиме дека овој негативен тренд нема да продолжи и да достигне уште поопасно ниво", рече Борел во дебатата на пленарната сесија на Европскиот Парламентот.

Тој исто така рече дека сепак е потребно да се најде модус вивенди во односите со Русија за да се избегне „трајна конфронтација со сосед кој се чини дека решил да дејствува како ривал“.

„Русија мора да престане со своите провокации“, рече Борел и додаде дека Русија мора да престане да се преправа дека е „неутрален посредник“ во Украина.

Русија минатиот месец распореди десетици илјади војници во близина на границата со Украина и организира голема воена вежба на Крим.

„Досега Русија не покажа волја за ставање крај на конфликтот“, рече Борел.

Борел, исто така, повика на ослободување на најистакнатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој е осуден на три и пол години затвор за кршење на условна казна, поточно за нејавување пред суд.

Тој рече дека е „прилично песимист“ во врска со ситуацијата во Русија и предвидува дека ќе има нови „ограничувања на основните слободи“ пред парламентарните избори во септември.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш овој месец објави дека руската разузнувачка служба ГРУ е одговорна за експлозијата на складиштето за оружје во Чешка во 2014 година, при што загинаа двајца чешки државјани. Нападот, како што објави Прага, го извршиле двајца оперативци одговорни за труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, во Англија во 2018 година. Прага одговори со протерување на неколку вработени во руската амбасада, додека Кремљ, кој негира одговорност за нападот, одговори со иста мерка.

Борел рече дека станува збор за „криминални дејствија“ и изјави дека ова исто така покажува дека односите меѓу Русија и Европската унија „продолжуваат да се влошуваат“.

„Ние нема да прифатиме тактика на заплашување и мора да одговориме на нив кога ќе се случат“, рече Борел.

Претставниците на повеќето политички групи во Европскиот парламент ги осудија постапките на руските власти на дебатата и ги поддржаа Прага и Киев.

Од денеска пријавување за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисел Вода

Од денеска почнува пријавувањето за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисела Вода

Нова акција за собирање на кабаст отпад ќе се спроведе во општина Кисела Вода. Како дел од активностите за заштита на животната средина, во периодот од 27 мај до 07 јуни во сите месни и урбани заедници на територија на општината, ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои бесплатно ќе го подигаат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради, информираат од Општина Кисела Вода.

Пријавувањето почнува денеска и ќе трае до 23 мај. Секој жител на општина Кисела Вода кој поседува кабаст отпад и сака тој да биде подигнат и депониран на соодветна локација, ќе може да закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Од Општината појаснуваат дека кабастиот отпад треба да биде поставен пред објектот кој е претходно договорен, на безбедна локација со што не би се загрозила безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот, кои ќе се движат во тој период.

-Само со одговорно однесување на секој поединец заеднички ќе можеме да ја одржуваме Кисела Вода чиста и уредна. Зачувувањето на природата и животната средина е наша заедничка обврска и одговорност, велат од Општина Кисела Вода.

Оттаму апелираме до сите граѓани да се приклучат на оваа акција, бидејќи, како што велат поддршката и заедничката ангажираност се од суштинско значење за заедницата.

Делови од Нова Каледонија се надвор од државна контрола

Области на пацифичката територија на Нова Каледонија „се надвор“ од државната контрола, изјави денеска претставник на француската влада, најавувајќи нови безбедносни распоредувања по неколкудневното смртоносно насилство.

„Ќе пристигне засилување... за да ги контролираме областите што не се под наша контрола во изминатите денови “, изјави на брифинг високиот комесар на Републиката во Нова Каледонија, Луј Ле Фран.

Вонредна состојба беше воведена на францускиот архипелаг откако противењето на планот на Париз за промена на правилата за гласање таму прераснаа во подметнување пожар, грабежи и насилство, при што загинаа пет, а стотици беа повредени.

Како дел од вонредната состојба, приведени се околу 200 од околу 5.000 „бунтовници“, соопштија француските власти.

Едно лице осомничено за убиство им се предаде на властите, рече Ле Фран на денешниот брифинг.

Немирите започнаа кога француските пратеници ги одобрија плановите да им се дозволи на оние кои се преселиле на територијата пред најмалку 10 години да гласаат на локалните избори.

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“

Стопанската комора на Македонија денеска ќе реализира работна средба со раководството на „Македонија 2025“ на тема „Големи економски проекти - темели за просперитетна иднина на Македонија“. 

По средбата, која ќе се одржи во просториите на Комората, предвидени се изјави за медиумите од претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и Мајк Зафировски, еден од основачите на „Македонија 2025“.

притисни ентер