Борел: Не се преправаме, навистина го сакаме Западен Балкан во ЕУ

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска изјави дека Европската унија инвестира многу пари на Западен Балкан и дека не е фер да се каже дека ЕУ само глуми дека ги сакаат земјите од регионот во својот состав.

„Ние сакаме да им помогнеме на земјите од Западен Балкан да се приближат до нас, да се приклучат кон системот на ЕУ. Не е точно дека само се преправаме дека сакаме земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ. Тие земји имаат иднина во ЕУ, но тие земји мора да ги завршат своите домашни задачи: да ги исполнат стандардите што се однесуваат на сите членки “, рече Борел како гостин на онлајн конференцијата на Американскиот атлантски сојуз.

Тој додаде дека Русија, Кина и Турција се исто така присутни на Балканот и дека тие се претставуваат како да се грижат повеќе за Западен Балкан отколку Европската унија.

"Но, ние продолжуваме со процесот на проширување, чекор по чекор. Безвизниот режим е реалност, можеби не за сите земји од Западен Балкан. Ние го насочивме дијалогот помеѓу Белград и Приштина на вистинскиот пат. ЕУ многу му помага на Балканот повеќе од другите, но можеби не сме добри во пропагандата.Девет милијарди евра е нашиот економски план за Западен Балкан“, нагласи Борел.

Тој вели дека европскиот блок инвестира многу повеќе пари од Кина, Русија и Турција на Балканот, но дека можеби ќе треба подобро да објаснат што и зошто прават.

"Ние помагаме, но бараме реформи. Другите не бараат. Реформите што ги бараме не се мода, туку им се потребни на овие земји и нивните жители, како што е искоренување на корупцијата. Штета е ако некои луѓе мислат дека само се преправаме., оцени тој.

Борел зборуваше и за санкциите кон Русија, односите со Кина, односите меѓу САД и Иран.

„Претходната администрација на САД сакаше да започне своевидна студена војна со Кина. Ние сме ривали со Кина и сме многу поблиску до Америка, но тоа ривалство не мора да трае вечно. Во исто време, ние сме партнери со Кина во некои области “, рече тој.

Во случајот на Иран, тој вели дека нуклеарниот договор е триумф на дипломатијата, но забележува дека едната страна вели: „прво попуштајте, па потоа ќе правиме“, додека другата страна вели: „исполнете ги нашите барања ,ќе го направиме своето “...

Борел вели дека мора да се започне некако, и да се остане на зборот.

„Треба да ги ставиме двете страни на преговарачка маса, да изградиме доверба меѓу САД и Иран, тоа е единствениот правилен начин“, заклучил тој.

Приведени две лица од Велика Британија, приложиле фалсификувани негативни ПЦР-тестови

На Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје", вчера во 04.30 часот поради приложени фалсификувани негативни ПЦР тестови, од слобода биле лишени В.Б.(37) и Д.Х.(12), двајцата од Велика Британија.

МВР денеска информриа дека тие биле предадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

Рецензија на делото „Шетајќи го ќибритот“ на екс премиерот Љубчо Георгиевски

Текстот е комплетна фикција/козерија и е базиран врз FB статус на некогашниот премиер, и „најголемиот ас“ на Бугарите - Љубчо Георгиевски. Ова е Прв дел од рецензијата на неговото ново FB „дело“-„Шетајќи го ќибритот“

Вчера македонската јавност се запозна со новото дело на авторот Љубчо Георгиевски , мега познат по неговата „научно-фантастична“ стихозбирка „Апокалипса“ од далечната 1988 год. вметна и една феноменална песна во која како да ја наговестува иднината која денес ни се случува па напиша. „...Некој ми шара по мозокот,некој ми црта шаблони во него,ми наместија електрични чипови,во срцето за природна емоција,со дигитално управување...А јас сакав само да лижам п**ка! Влажна, розава, месеста п**ка. Ве молам,оставете ме да ја долижам!...“

Новото фејсбук дело се вика „Шетајќи го ќибритот“ од авторот Георгиевски и само може да се погодува дали насловот на новото дело има врска со еден стар , познат виц во кој главни протагонисти се :доктор, пациент и еден ќибрит врзан за конец како куче да е?
Денес Канал 5 ексклузивно објавува 1 дел од ова „научно-фантастично“ ремек дело, пти што поканивме неколкумина оналјн Рецензенти да дадат свое видување на самото дело. Дефинитивно, како што сметаат и рецензентите и јавноста , ова штиво „Шетајќи го ќибритот“ од авторот Љубчо Георгиевски ќе внесе нов дух, и позитивна енергија не само во уетноста и субкултурата, туку и во гео-политичките случувања.
Следува дел од Фејсбук делото, заедно со рецензиите:.

Глава 1: „Северна Македонија да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија и во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија. Погледнато од Скопје, Пиринска Македонија секогаш била Источна.“

Рецензија: Авторот на многу политичко-стратешки начин воведува термин Источна Македонија, со што врши директна импликација дека Бугарија е источна Македонија. Но , поради фактот што ова фејсбук дело на авторот ЉуБчо Георгиевски е класична научна фантастика, која слободно може да се каже дека се воздигнува до висините на делата на Стенли Кјубрик, терминот Источна Македонија може да се сфати и дека делот на Македонија почнувајќи преку Крива Паланка, па Каменица, Пехчево, Делчево , Берово, се до Струмица и Дојран е Бугарија? Дали и Вицепремиерот Љупчо Николовски, заедно со Премиерот Зоран Заев се Бугари? Еден од Рецензентите, кој само тој ќе биде именуван со кодно име „Злобниот“ постави и дилема дали братот на Премиерот Заев, намерно е крстен по титулата „заменик“ односно Вице? Како е можно пред повеќе од 40 год. едно струмичко семејство да претпостави дека ќе го „даде“ денешниот Премиер по име Зоран, а братот ќе му биде „заменик“?Сепак таа дилема колку и да е парапсихолошка или политичка, не смее да се третира сериозно во ова фантастично „научно-фантастично“ дело на авторот Георгиевски

Глава 2: „Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ке изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година и дека Бугарија со ништо не ги прифака тезите за кои смета дека се фалсификат и ја подржува бугарска историографија во одбрана на својата вистина. Оваа теза во Бугарија можеби ке биде прифатена како политичка игра тоа не е така, само ја нудам српската стратегија, како тие ги решаваат нивните проблеми“

Рецензија: Тука авторот на ова дело, кој е познат и по еротски дела во минатото ( види вовед на текстов ), директно им дава „идеи“ на безидејните Бугарските политичари, при што очигледно се води од т.н. синдром на „заспана нација“. Рецензентот потсетува на изјавата на Премиерот Заев во кој легнуваме како Македонци, а се будиме како Бугари од лажните татковци, со тоа што рецензентот се прашува дали Каракачанов е принцот кој ќе ја разбуди “заспаната нација“ или пак убавата Захариева? „злобниот“ пак рецензент несомемно смета дека на авторот Георгиевски при пишувањата ова фејсбук дело, „некој навистина му шарал по мозокот и му цртал шаблони“, како што самиот напишал во едно од неговите претходни ремек дела. Дополнително, „Злобниот“ пак се чуди како е можно ваков генијалец изненадувачки слабо да го познава македонскиот правопис, па зборот поддржа го пишува со едно Д ? Зборот ПОДРЖИ со едно Д, означува држење на нешто/некого краток период или време.Да не се крие некоја нова политичка „игранка„ од авторот Георгиевски, „глумејќи“ граматички аналфебитизам?

Глава 3:„Да се утврдат уште десет или петнаесет настани кои се општи без многу големи текстови и објаснение и да почнат да слават заедно. Може и сто и петнаесет ама тогаш политичарите само од прослава на прослава треба да одат.“

Рецензија: „Генералот“ на македонскиот пишан збор како што го нарекува пак еден друг Рецензент ( ова нема врска со реторичкото прашање на Бранко Црвенковски дали авторот во времето додека бил премиер на Македонија се облкеувал како генерал и се гледал со часови ), на авантуристички начин индиректно ги потсетува читателите на не така далечното минато, а „Злобниот“ пак рецензент поставува дилема дали тие во 10 славења можат да се вбројат и познатото „свиждање“ или по ново „ свирнување“, и дали дополнителни 9 одмори на Македонци во Бугарија ќе се сметаат за „заеднички настани“, при што голем број на Македонците ќе ги „слават“ летните одмори вообичаено со Бугарки и по некој Бугарин, нормално се во духот на Европската Унија, така да вкупно еве се соберат 10 настани?

Глава 4: „Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се се избришат без да се чека општата дискусија.
-Да се направи нова специјална комисија која ке работи под најбрза постапка за прогонот и убиствата на Македонцисо бугарска национална свест. Според бугарски извори 30.000 убиени и 120.000 малтретирани. Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарскајавност. Но и 1200 да се, демократијата треба да објави на виделина.“
Рецензија: Ова генијално историско-фантастично поглавје отвора простор за еден сосема нов, досега непознат писателски жанр: авто-само-лажно- историско-утепувачки жанр, кое како такво наиде на широко воодушевување кај македонските издавачи, кои сигурно сами, несакајќи да бидат изложени на финансиски трошоци, со помош на бела темпера ќе почнат веднаш да ги покриваат зборовите : бугарски фашисти и бугарски окупатор, убиен или малтретиран од бугарска војска - буквално секаде каде Бугарите лажно се претставени во негативен историски контекст , и врз белата темпера ќе се испише само еден збор – СРБИ и СРПСКИОТ.
„Злобниот“ пак рецензент вели дека оваа поглавје на делото „Шетајќи го ќибритот“ од авторот ЉуБчо Георгиевски ќе биде одлична идеја за оваа предавничка Влада која сигурно ќе предложи при попишувањето да се постават и следниве прашања :
1. „Дали сте Македонец кој се чувствува како Блгарин„ и независно од одговорот да се оди на второто прашање:
2. „Дали сте биле убиени по Втората светска војна“? Можеби малку чудно ќе звучи живи луѓе да бидат прашани од комисијата задолжена за попис кои се живи, дали биле претходно убиени, ама чудно е нели што и авторот на ова ремек дело, познатиот „бугарскиот ас“ бил некогаш премиер?

Тука е крајот на Првиот дел од анализата на новото фејсбук дело , фантастичниот „научно-фантастичен“ роман „ Шетајќи го ќибритот“, а во очекување сме и на рецензиите на останатите поглавја застапени во ова штиво, кое се надеваме дека ќе ги објавиме во текот на утрешниот ден

Забелешка: Текстот е вистинска фикција и козерија, базирана на вистиниски ФБ статус на Љубчо Георгиевски, и во никаков смисол не ја одразува моменталната писателска и политичката реалност.

Приведени двајца државјани на Косово на ГП Табановце

Приложиле патни исправи на македонски државјани

На Граничниот премин Табановце вчера во 12.35 часот од слобода биле лишени З.Е.(25) и Х.Д.(27), двајцата од Косово, затоа што на увид и пасошка контрола приложиле туѓи, односно патни исправи на двајца македонски државјани.

– Идентитетот им бил утврден откако бил извршен преглед на нивниот личен личен багаж и биле пронајдени нивните лични документи. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопштија денеска од МВР.

притисни ентер