Борел: ЕУ го поддржува планот на Бајден за прекин на огнот во Газа - Канал 5

Борел: ЕУ го поддржува планот на Бајден за прекин на огнот во Газа

 ЕУ ги цени решителните напори на САД, Египет и Катар за олеснување на преговорите за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас.

Борел: ЕУ го поддржува планот на Бајден за прекин на огнот во Газа

Европската Унија дава целосна поддршка на сеопфатниот патоказ предложен од американскиот претседателот Џо Бајден, кој би довел до траен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници и доставување на повеќе хуманитарна помош за Газа, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

- ЕУ ги цени решителните напори на САД, Египет и Катар за олеснување на преговорите за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас, истовремено гарантирајќи ја безбедноста на Израел, на која ЕУ останува целосно посветена, наведува Борел во писмената изјава.

Според високиот претставник на ЕУ, загубени се премногу цивилни животи, па затоа итно е потребен траен прекин на огнот за да се обезбеди заштита на цивилите, безусловно и итно ослободување на сите заложници чија безбедност и благосостојба се загрижувачки и да се зголеми протокот на многу потребната хуманитарна помош во Газа со оглед на продлабочената хуманитарна криза .

- Мирот и стабилноста на Блискиот Исток се во интерес на двата народа, на регионот како целина, како и на глобално ниво. ЕУ ги повикува двете страни да го прифатат и исполнат предлогот од три фази и е подготвена да придонесе за заживување на политичкиот процес за траен и одржлив мир, заснован на решението за две држави и да поддржат координирани меѓународни напори за обнова на Газа, додава Борел во изјавата.

Американскиот претседател Бајден во петокот предложи план за прекин на огнот во Појасот Газа, кој предвидува три фази. Првата фаза опфаќа прогласување шестнеделен прекин на огнот, ослободување на дел од заложниците што ги држи Хамас, пред се повозрасни лица, жени и деца во замена за стотици палестински затвореници, враќање на палестинските цивили во Газа и доставување по 600 камиони хуманитарна помош дневно во Појасот. Втората фаза предвидува преговори за траен прекин на непријателствата меѓу Израел и Хамас во кој период би траело примирјето и третата фаза опфаќа импелментација на план за обнова на Газа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за МВП на 13-тото коло во Евролигата

Центарот на Олимпија Милано, репрезенативецот на Македонија, Мозес Рајт, е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 13-тото коло од Евролигата, по доминантната партија во победата од 78:70  против фаворизираниот Фенербахче.

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за  МВП на 13-тото коло во Евролигата

Американецот со македонски пасош го заврши натпреварот со индекс на корисност од 36, што претставуваше најдобар учинок во ова коло во најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Рајт во дуелот против центрите на Фенербахџе оствари „дабл-дабл“ учинок со 22 поени, 11 скока и две асистенции, како и една украдена топка.

Тој погоди седум од десетте обиди за два поена, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен осум пати од девет обиди.

Ова е негова трета МВП награда во кариерата, а прва во дресот на миланскиот клуб. Претходните две ги освои минатата сезона како член на Жалгирис, во 28-то и 38-то коло. Тој е, исто така, првиот кошаркар на Олимпија што ја добил оваа награда оваа сезона.

Второто место во изборот му припадна на Двејн Вашингтон од Баерн, кој оствари индекс на корисност од 33 во победата над Басконија (100:81).

Американецот постигна 23 поени, а забележа и седум скока и две асистенции. Трет беше Дарио Бризуела од Барселона со индекс од 31, и покрај поразот на каталонскиот тим од Црвена ѕвезда (100:103). Шпанскиот бек постигна 22 поени, со пет скока и четири асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општините

Денес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато.

Мицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општините

Во продолжение целата изјава на премиерот Христијан Мицовски кој со владина делегација е во посета на Делчево.

„Добар ден и од мене.

Денес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато.

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалникот на општина Делчево кој што е навистина жестоко мотивиран, неговата работа се гледа на терен, импресионира тоа што нонстоп зборува за нови проекти, се бори за својата општина. И јас би сакал да ја поздравам неговата работа и да дадам поддршка за неговата работа, да се заблагодарам на сите оние советници, на луѓето, на администрацијата на општина Делчево кои што помагаат секој од овие проекти да биде реализиран и му помагаат на градоначалникот во намерата да навистина сето она кое што било заборавено да денеска еве добие контура која што ќе го подобри квалитетот на животот на жителите на општина Делчево.

Но, и не само на општина Делчево туку и на општините кои што гравитираат околу општина Делчево, би рекол целиот Пијанечко-Малешевски крај.

Исто така би сакал да се заблагодарам на колегите од владата кои што работат во интерес на испорака на проект повеќе, не само тука, туку и на цела територија на Македонија.

Како влада во рамките на нашите можности па и повеќе од тоа би рекол, можеби нескромно-но тоа е реалноста; даваме се од себе за да испорачам проект повеќе, да санираме проблем повеќе, да креираме политика повеќе со која што ќе успееме колку толку да го олесниме животот на нашите граѓани.

Понекогаш успеваме, понекогаш помалку успеваме, но проблеми се многу за решавање, нема да очајуваме, туку едноставно мотивирани сме, сакаме да направиме да Македонија биде навистина убаво, пристојно место за живеење.

Така што еве уште една благодарам до денешниот домаќин, градоначалникот на општина Делчево и да посакаме уште многу проекти да се реализираат во Пијанечко-Малешевски крај, истакна македонскиот премиер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Боинг со 146 луѓе изврши принудно слетување на Филипините

Патнички авион на „Ер Њугини“ (Air Niugini), со 146 патници и членови на екипажот, мораше принудно да слета во јужните делови на Филипините поради предупредувања за можен пожар во моторот.

Видео: Боинг со 146 луѓе изврши принудно слетување на Филипините

Авионот слета безбедно, а никој од патниците и членовите на екипажот не е повреден. Авионот од типот „Боинг 767-383ER“ летал од Хонгконг кон Папуа Нова Гвинеја, кога пилотите забележале предупредување за можен пожар или искрење во десниот мотор. Тие одлучиле да ја пренасочат трасата на летот кон Меѓународниот аеродром во Давао.

Авионот извршил непланирано слетување во Давао, кратко по полноќ во саботата. Во него се наоѓале 137 патници и девет членови на екипажот, кои по слетувањето го напуштиле леталото користејќи тобогани за итна евакуација. Филипинската управа за цивилно воздухопловство потврди дека нема повредени лица.

Патниците и екипажот биле пренесени до аеродромската зграда, каде што им била пружена помош и им било обезбедено хотелско сместување, сè додека не се организира продолжување на патувањето.

Пилотите добиле предупредување за можен пожар. Портпаролот на Управата за цивилно воздухопловство на Филипините, Ерик Аполонио, изјави дека пилотите, преку системот за предупредување, забележале знаци на можна искра или пожар во десниот мотор на авионот.

Екипажот веднаш пристапил кон спроведување на безбедносните процедури и побарал дозвола за непланирано слетување. Аполонио најави истрага, која ќе вклучува и изјави од пилотите, со цел да се утврди што го предизвикало предупредувањето.

Засега нема информации за оштетувањата на леталото. Исто така, не е потврдено дали навистина избувнал пожар во моторот, или пак системот само сигнализирал можна опасност, поради што екипажот, од претпазливост, ја променил траекторијата на летот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер