3Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, се најавува и локална нестабилност со пороен дожд
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Други спортовиБоречкиот камп на Конор Мекгрегор: Алкохол, забави и жени (ВИДЕО)Конор Мекгрегор, најпопуларниот борец во историјата на ММА, не се борел речиси три години.Поточно, тој на 10.06.2021 година го имаше својот последен натпревар во кој загуби од Дастин Поарје откако ја повреди ногата. Но, сега го чека огромен меч, бидејќи на 29 јуни треба да се бори против Мајкл Чендлер, а евентуална победа во таа борба повторно би го лансирала во најтесниот круг на кандидати за напад на појасот. Се очекува подготовките да бидат во полн ек, а Мекгрегор тренира напорно, но според последните објави кои кружат на социјалните мрежи, се чини дека ирскиот борец не го сфаќа сериозно предизвикот, што ги налути неговите фанови. Неодамна трофејот го освои Блек Форџ, аматерскиот клуб во сопственост на Мекгрегор, а Ноториус ја искористи можноста да направи голема забава. Conor McGregor is reinventing fight camp pic.twitter.com/GA1OicBtkb — Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) May 26, 2024 Така камерите го снимија како силно се забавува и како се бакнува со својата партнерка Ди Девлин, додека неколку извори истакнуваат дека ниту тој не бегал од пиење алкохол. Сето ова се случува откако Мек Грегор целосно прекина на одреден период да тренира за потребите на снимањето на филмот Road House, а дали тоа оставило трага на неговата форма наскоро ќе дознаеме.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНевремето предизика проблеми и на скопскиот аеродромНевремето предизика проблеми и на скопскиот аеродром, каде поради протекување на кровот беше предизвикан прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу час и половина информираат од Министертвото за внатрешни работи.Во транзитниот центар Табановце се регистрирани оштетувања на дел од привремените објекти за сместување на мигранти на подрачјето на СВР Куманово пријавени се 9 оштетени возила и 3 оштетени кровови . Во штипскиот регион регистрирани се 14 оштетувања на патнички возила и 6 оштетувања на кровни конструкции.На подрачјето на Тетово евидентирани се 5 настани, од кои 3 оштетувања на патнички моторни возила и 2 оштетувања на кровови. Во Велес и околината пријавени се две оштетувања на патнички моторни возила предизвикани од паднати дрвја.Во струмичко пријавени се паднати електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин на снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати СкопјеПетнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје. Најсериозно е повредена повозрасна жена што се здобила со повреда на главата по пад на дрво. 100 тици дрвја беа откорнати низ целиот град, откорнати беа кровови од станбени објекти. Летаа предмети од силниот ветер,според информациите ветрот достигнал брзина и до 90 километри на час, а на единствениот број за итни повици 112 штети пријавиле над илјада граѓани. Невремето беше кратко, но многу интезивно за само 10 минути направи вистински хаос.Тагови: Град Скопје невремето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПетнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
Петнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје08:33
МетеоДенеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, се најавува и локална нестабилност со пороен дождОд УХМР (Управата за хидрометеоролошки работи) предупредуваат за голема нестабилност на времето денес.Според УХМР денеака времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До петок под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Во Скопје, до петок ќе биде променливо облачно, повремено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter