Бомбашки напад на фестивал, меѓу загинатите и тинејџер- ужас на Тајланд - Канал 5

Бомбашки напад на фестивал, меѓу загинатите и тинејџер- ужас на Тајланд

Најмалку три лица загинаа, а 48 се повредени во бомбашки напад на фестивал во Тајланд.

Бомбашки напад на фестивал, меѓу загинатите и тинејџер- ужас на Тајланд

Непознато лице фрлило бомба директно врз луѓето кои во моментот на нападот биле пред фестивалската сцена во Умпанг.

Нападот се случил нешто пред полноќ кога расположението било на врвот и додека посетителите танцувале пред бендот што настапувал, пишува Метро.

Се наведува дека од силината на експлозијата веднаш починале две лица, а најмалку уште едно лице починало во болница. Меѓу загинатите има и тинејџер (14).

Според тајландските медиуми, по бомбардирањето имало премалку возила за итна помош, па селаните со сопствени автомобили ги однеле повредените во болница.

Засега не е јасно кој стои зад злосторството. Според тајландската полиција, две групи мажи претходно се расправале на фестивалот. Сепак, ситуацијата на почетокот не изгледала заканувачки.

Се вели дека експлозивната направа е бомба од домашно производство. Полицијата започнала истрага.

Премиерката Паетонгтарн Шинаватра (37) изрази сочувство до жртвите и нивните семејства и испрати помошници и повеќе полицајци во Умпанг за да го истражат случајот и да ги поддржат погодените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Речиси еднакво застапени во избирачкиот список, но жените гласаат помалку од мажите, главно во малите општини

Иако се речиси еднакво застапени во избирачкиот систем, на локалните избори минатата година, жените сепак помалку излегле на гласање од мажите, особено во помалите општини.

Речиси еднакво застапени во избирачкиот список, но жените гласаат помалку од мажите, главно во малите општини

Овие податоци беа изнесени на конференцијата посветена на можностите за унапредување на учеството на жените во изборните процеси , на која учествваа претставници од Државната изборна комисија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, швајцарската амбасада и Мегународната фондација за изборни системи- ИФЕС, но и претставнци на собранието, граѓанскиот сектор и меѓународни експерти

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

3.300 евра за квадрат во Центар, куќа во Карпош 1,5 милиони евра, пазарот на недвижнини порасна за 21,3%

Стан од 50 метри квадратни во скопски центар продаден за 168.000 евра, додека куќа од 575 квадратни метри во Карпош е купена за 1,5 милион евра, покажуваат податоците на Катастар за најскапо продадени недвижности во првата половина од 2026 година.&n

3.300 евра за квадрат во Центар, куќа во Карпош 1,5 милиони евра, пазарот на недвижнини порасна за 21,3%

Експерти од градежниот сектор признаваат дека трендот на пораст на цените на становите и куќите продолжува и годинава - Образложуваат дека таков е примерот и со земјите во регионот, иако признаваат и оти е факт дека куповната моќ на граѓаните дома сепак е намалена.

– Секоја цена која пазарот ја плаќа или населението ја плаќа за одреден деловен или станбен простор е цена која е реална и е пазарна. Мене ми е жал што стандардот не ја следи инфлацијата со која се подигаат цените на становите, но верувајте дека тоа не е само случај кај нас. Ако видите и во околината, а и пошироко ќе сфатите дека, еве во Белрад на пример цените за недвижнини се исто во атрактивни централни градски подрачја и до 5.000 евра, во Софија исто, во Ниш имаме во централното градско подрачје, во град што не е главен град на наша соседна држава, се нудат станови по 2.500 евра. изјави Андреа Серафимовски , претседател на здружението на градежната индустрија, градежните материјали и неметали при Стопанската комора.

Иако во првата половина од 2026-та година пазарот за недвижности бележи пораст од над 21 процент во однос на лани, агенциите кои ги контактиравме, велат дека во моментот понудата е поголема од побарувачката, иако потенцираат и дека тоа може бргу да се промени во пракса.

- Во овие попатрактивни локации кои се за купување, факт е дека има хиперпродукција на станбени единици и едноставно во моментот реално самиот град не може толку да продаде, затоа што заинтересираноста кај самите клиенти во моментот не е толкава. Да речеме ако имаме 1.000 станови, немаме и 1.000 купци, туку едноставно имаме 1.000 станови, а имаме 100 до 200 купци во моментот коишто се актуелни. Да се гради, но можеби ќе се смени ситуацијата. Еве сега ова го збориме, но за неколку месеци можеби ќе има и дефицит на станбени единици на пазарот, затоа што сме го виделе тоа во минатото. - изјави Александар Гиноски, сопственик на Агенција за недвижности.

Покрај во Скопје, каде просечната цена на новите станови достигнува и до над 1.700 евра за метар квадратен, скапо е и во Охрид, каде стари станови се продаваат за сума од 1.299 евра за метар квадратен. Најниски просечни цени се евидентирани во Струмица и тоа 719 евра за квадратен метар кај старата градба и 689 евра кај становите од инвеститори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот Ристовски истакна дека инвестициите во спортската инфраструктура се еден од клучните предуслови за развој на спортот и создавање подобри услови за клубовите, спортистите и младите.

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници на локалната самоуправа и на ФК Башкими, денеска изврши увид во градежните активности со кои започнува целосната реконструкција на фудбалскиот терен кај стадионот на ФК Башкими во Куманово.

Со реконструкцијата, постојниот фудбалски терен на површина од 4.000 квадратни метри ќе биде целосно обновен и уреден, со што фудбалерите ќе добијат значително подобри услови за тренинг, а клубот современа спортска инфраструктура за секојдневна работа и развој на младите категории.

Проектот предвидува целосно нивелирање и подготовка на земјената подлога, поставување нова природна трева, изградба на надворешен хидрантски систем, поставување комплетно нова ограда и нови голови. По целата должина на теренот ќе биде изградена и трибина.

Министерот Ристовски истакна дека инвестициите во спортската инфраструктура се еден од клучните предуслови за развој на спортот и создавање подобри услови за клубовите, спортистите и младите.

„Повеќе од десетина години на овие луѓе им е ветувано дека овој фудбалски стадион ќе се реконструира, но досега тоа не било реализирано. Ние стоиме на зборот што го дадовме пред неколку месеци и еве сега го исполнуваме. Со ова уште еднаш покажуваме дека Министерството за спорт и Владата генерало, секогаш стојат на своите ветувања. Ова е едно од тие ветувања и не застануваме тука. Фудбалскиот стадион што го користи ФК Башкими за брзо време ќе добие нов изглед. Со целосната реконструкција на овој терен, ФК Башкими ќе добие современ простор за тренинг и развој на своите фудбалери“ - рече Ристовски.

Министерот за спорт упати порака да се чуваат и одговорно да се користат овие терени и сите спортски објекти што ги прави државата за тие да останат што подолго во функција.

„Ова е подобрување не само на спортскиот дел, туку има и социјален момент бидејќи овде тренираат и деца и низ спортот се создаваат вредности коишто ги градат како личности. Како Министерство за спорт и Влада вложуваме многу средства во капитални инвестиции затоа што сметаме дека создавањето услови е најважното нешто што може да го дадете на својот народ и на сите оние што се занимаваат со спорт“ - истакна Ристовски.

Со реализацијата на овој проект во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава, уште еден постоечки спортски капацитет ќе биде целосно обновен и ставен во функција на клубот, фудбалерите и развојот на фудбалот.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер