„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка, Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје
2„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка, Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје
ЗабаваБолт го воодушеви светот со оваа фотографија, но монтажата на водителката предизвика гнев на социјалните мрежи (фото)Фотомонтажата на водителката Елен Деџенерис и спринтерот Усеин Болт предизвика лавина негативни коментари.Пред неколку дена Јамајканецот Усеин Болт по кој знае кој пат го воодушеви светот со својот перформанс на трката на 100 метри. Извонредните фотографии кои се појавија на фото-сервисите и на социјалните мрежи станаа многу популарни. pic.twitter.com/qFOoH7sh9W — matthew. (@yooomatthew_) August 15, 2016 Многумина ја искористија приликата да се пошегуваат на сметка на фотографијата, а меѓу нив беше и американската водителка Елен Деџенерис. Имено, таа објави монтажа како Јусеин ја носи на грб со коментар:„Отсега вака ќе ги завршувам обврските“, но коментарот и фотографијата не наидоа на позитивни реакции. This is how I’m running errands from now on. #Rio2016 pic.twitter.com/gYPtG9T1ao — Ellen DeGeneres (@TheEllenShow) August 15, 2016 Елен е обвинета за расизам, дека се исмева со познатиот спортист, дека се однесува како робовладетел и итн. Водителката сфатила дека “ѓаволот ја однел шегата“, па објасни на Твитер. „Свесна сум дека расизмот постои во нашата земја. Тоа е нешто што не е поврзано со мене“ – напиша Елен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Собранието го падна испитот на Денот за елиминација на насилството врз женитеСобранието го падна испитот на Денот за елиминација на насилството врз жените – наместо празно портокалово светло, веднаш да се изгласаат електронските нараквици!На Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Собранието на Македонија не го положи испитот. Наместо празни декларации, протоколарни говори и осветлување на институциите во портокалово, ќе беше вистински и симболичен успех токму на овој ден пратениците да го усвоеја предлог-законот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за воведување електронски нараквици за насилниците – со што директно ќе се превенираа нови трагедии и ќе се спасеа човечки животи. „Делата говорат многу повеќе од зборовите. Не сакам веќе да говориме, барам во овие 16 дена да го усвоиме законот кој го поднесовме. Во спротивно, наместо за ‘активизам‘, ќе говориме за собраниски неуспех“, порача Моника Зајкова, пратеничка во Собранието и лидерка на ЛДП. Додека власта и институциите испраќаат декларативни пораки за поддршка, трагичната реалност говори дека податокот на Обединетите нации за зголемување од 70 проценти на пријавените случаи на родово базирано насилство во првите десет месеци од 2026 година е аларм за итна реакција, а не повод за уште една прес-конференција. Жените-жртви немаат луксуз да чекаат уште 16 дена, ниту пак нова работна група, бидејќи насилниците не прават пауза, а за нив секој изгубен ден е прашање на живот и смрт. Двапати досега пратеничкото мнозинство дозволи предлог-законот на ЛДП за електронски нараквици да биде одбиен и одложуван, додека зад нас веќе броиме 7 фемициди и епидемија на насилство. Телефонски линии и ПР-кампањи не можат да ја заменат одговорноста на државата. ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици во текот на овие 16 дена, доследно спроведување на заштитните мерки, функционални засолништа, бесплатна правна и психолошка помош за жртвите, како и конкретна одговорност за секој институционален пропуст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Шоу бизАнџелина Џоли и Бред Пит потпишаа „примирје“Некогаш најпопуларната џет сет двојка, брачниот пар од Холивуд, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа спогодба во нивната долгогодишна правна битка околу продажбата на нејзиниот удел во француска винарија.Според судските документи на кои се повикуваат холивудските медиуми, четири од нивните шест деца законски го промениле своето презиме од Џоли-Пит во Џоли. Некогаш најпопуларната џет сет двојка, брачниот пар од Холивуд, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа спогодба во нивната долгогодишна правна битка околу продажбата на нејзиниот удел во француска винарија, која трае од почетокот на нивниот бурен развод. „Постигнавме вонсудска спогодба во најдобар интерес на нашето семејство и нема да коментираме понатаму“, изјавија претставниците на холивудските ѕвезди во заедничка изјава. Двојката купи контролен удел во имотот Шато Миравал во 2008 година и се венчаа таму шест години подоцна. Во тужбата, Пит тврди дека Џоли, го продала својот удел во винаријата на руски милијардер без негова дозвола. Таа поднесе контратужба, обвинувајќи го Пит дека во пијана состојба ги нападнал неа и нивните деца во приватен авион во 2016 година, што му претходеше на нејзиното поднесување барање за развод. Спогодбата објавена во среда ги реши нивните правни постапки едни против други. - Сите коментари во медиумските написи што се припишуваат на „извори“ всушност не доаѓаат од ниту еден од нас, ниту од некој близок до нас - изјавија нивните претставници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МагазинГрижата за себе не треба да чека: Flex Group го одбележува Месецот на машкото здравјеКолку често ги прашуваме колегите како се, а колку често навистина застануваме да го слушнеме одговорот? Зад едно вообичаено „Добро сум“ понекогаш се кријат замор, грижи, здравствени проблеми или преглед што со месеци се одложува. Мажите често се навикнати да бидат оние на кои другите се потпираат. Да најдат решение, да преземат одговорност, да бидат поддршка за семејството и за колегите. Но, во сето тоа, неретко забораваат дека и ним им е потребна поддршка и дека грижата за сопственото здравје не треба да чека некој послободен ден. Токму затоа, во Flex Group и оваа година традиционално го одбележуваме ноември – Месецот на машкото здравје. Со оваа иницијатива сакаме да ги охрабриме нашите колеги да одвојат време за себе, да не ги одложуваат превентивните прегледи и отворено да разговараат за своето физичко и ментално здравје. Голем дел од денот го поминуваме заедно на работното место. Ги споделуваме професионалните успеси, предизвиците, но и многу моменти од приватниот живот. Затоа, во Flex Group веруваме дека одговорноста на една компанија кон своите вработени не завршува со создавањето услови за професионален раст и развој. Таа подразбира и градење работна средина во која здравјето, благосостојбата и квалитетот на животот на секој поединец имаат значајно место. Одбележувањето на Месецот на машкото здравје е дел од нашата организациска култура. Сакаме нашите колеги да знаат дека нивното здравје е подеднакво важно како и нивниот професионален успех. Дека е во ред да побараат поддршка, да одвојат време за преглед и да зборуваат за она што ги загрижува. Ако со оваа иницијатива поттикнеме барем еден колега да го закаже прегледот што долго го одложува или да започне разговор за нешто што досега го премолчувал, тогаш одбележувањето на овој месец има вистинска смисла. Затоа што зад секоја работна позиција, секој постигнат резултат и секој професионален успех стои човек, чие здравје е поважно од која било деловна цел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter