ЗабаваБолт ги постигна првите голови во професионалната кариера (видео)Најбрзиот човек на светот, Усеин Болт го постигна првиот гол во професионалната кариера.Поточно, момчето од Јамајка постигна два гола во триумфот на неговиот тим Централ Коуст Маринерс над второлигашот Макартур Саут Вест јунајтед со 4-0. Тој во 55 минута од подготвителниот натпревар ја искористи одличната асистенција од соиграчот и во манир на најдобрите напаѓачи, од левата страна, го изненади голманот со шут во поблискиот агол. Нешто помалку од 15 минути подоцна повторно се впиша во стрелците – ја искористи грешката и судирот на одбранбениот играч и голманот, па не му беше тешко да ја спроведе топката во празната мрежа. „Прв пат се најдов во стартната постава и постигнав два гола. Тоа беше добро чувство“ – изјавил Болт. Најдобриот спринтер на сите времиња изјави дека е сериозен во намерата да стане фудбалер. „Среќен сум што дојдов овде и му покажав на светот дека напредувам. Сакам да станам ’Маринер“, да играм на највисоко ниво и да изборам место во првиот тим“ – додал Болт. Here it is, @usainbolt, the footballer, scores his maiden Mariners goal. What a moment! Don't think limits! ⚡️ #SWSvCCM #CCMFC 🎥@FOXFOOTBALL pic.twitter.com/X7zrqmrYCZ — Central Coast Mariners (@CCMariners) October 12, 2018 BOLT HAS HIS BRACE! ⚡️ That's two goals tonight for @usainbolt!! What a moment in sport, don't think limits! #CCMFC 🎥 @FOXFOOTBALL pic.twitter.com/0NeIH9i49V — Central Coast Mariners (@CCMariners) October 12, 2018 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШведска купува четири воени бродови од Франција за 3,5 милијарди евра Шведска потпиша договор со француската компанија „Навал груп“ за купување четири нови фрегати. Договорот беше склучен во Стокхолм на церемонија на која присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и шведскиот премиер Улф Кристерсон, пишува Ројтерс. Набавка вредна четири милијарди долари Шведска ја објави својата намера да нарача бродови од францускиот производител уште во мај. Вредноста на договорот изнесува 3,5 милијарди евра, а инвестицијата ќе ги тројно зголеми капацитетите за воздушна одбрана на земјата со оглед на безбедносната ситуација во Балтичкото Море. Како најнова членка на НАТО, Шведска брзо ја зајакнува својата војска по руската инвазија на Украина. Првата од четирите нови фрегати треба да биде испорачана во 2030 година, а тие ќе бидат и најголемите бродови во шведската морнарица. Зајакнување на европската соработка Договорот доаѓа во време кога Франција и Шведска ја продлабочуваат својата одбранбена соработка. Двете земји се залагаат за поголема воена независност на Европа. Таквиот пристап е делумно мотивиран од сомнежите за посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност, поради што владите низ целиот континент ја преиспитуваат својата зависност од американското оружје и безбедносните гаранции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГи снимала синовите на мост, кога наеднаш се појавил огромен алигатор (ВИДЕО)Видеото на Катарин Геј го привлече вниманието на корисниците на Фејсбук, прикажувајќи огромен алигатор како излегува од под мост кај езерото Гринфилд во Вилмингтон, Северна Каролина.Катарин ја опиша глетката што ја остави неа и нејзините млади синови во шок. Многу реакции од гледачите „Ова беше навистина нешто за гледање“, напиша таа на Фејсбук. Децата ловеле риба по брегот кога големиот алигатор излегол од под мостот и се упатил спротивно од течението. „За малку ќе добиеа срцев удар“, додаде таа. Видеото предизвика многу реакции од гледачите, кои беа запрепастени од големината на предаторот. „Сум видел поголеми во тоа езеро“ „Не сфатив дека се толку блиску и во областа Вилмингтон. Бидете внимателни. Би полудела ако видам еден“, напиша еден корисник. „Изгледа неверојатно. Мило ми е што момчињата не беа премногу блиску“, рече друг. „Немав поим дека има алигатори во Вилмингтон, а не еден како овој! Тоа нешто изгледа како да се храни со мали кучиња и деца“, напиша трет. „Видов поголеми во тоа езеро, но беа фатени и преместени“, додаде четвртиот.Тагови: алигатор мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРеката Рајна се повлече и откри ужас- остатоци од стар Фијат и човечки коски (ФОТО)Нискиот водостој на реката Рајна во близина на Бон доведе до извлекување на остатоци од автомобил и човечки коски на површина, соопшти германската полиција, додавајќи дека е започната истрага за да се утврди дали станува збор за кривично дело.Остатоците на Фиат 126 ја открила речната противпожарна служба за време на патрола на почетокот на август, а остатоците од возилото биле извлечени од водата неколку недели подоцна, објавува Bildt.Duisburg. За време на овој процес, отпад и вода се излеале од возилото на брегот, а потоа покрај олупината биле откриени скелетни остатоци. Викнати се експерти за криминал и форензика за да истражат, но ќе мора да почекаат додека не се утврди дали може да се извлече ДНК од коските, поради што коските биле однесени во Институтот за судска медицина во Келн за понатамошно испитување. Сè уште не е јасно што се случило со Фиат 126, кој бил произведен помеѓу 1972 и 2000 година, каде што сега е неговиот сопственик и чии остатоци биле пронајдени, но полицијата во Бон ги истражува овие прашања, иако во моментов нема случај на исчезнато лице што би можело да се поврзе со возилото. „Во овој момент, не можеме да потврдиме дали во овој случај постојат елементи на кривично дело“, изјави портпаролот на полицијата во Бон.Тагови: Рајна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook