Болсонаро: Не ми додевајте со прашања за смртните случаи од Ковид-19

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро им кажа на новинарите да не му „додеваат" со прашања за над 600.000 смртни случаи од последиците од коронавирусот во оваа земја.

Бразил е втората држава во светот, по САД, според бројот на заразени со коронавирусот, а Болсонаро долго време јавно е против вакцинацијата и карантинот.

Анкетите покажуваат дека поради слабиот одговор на пандемијата поддршката за Бослонаро континуирано опаѓа.

Кога беше запрашан за бројот на смртни случаи од коронавирусот Болсонаро беше опкружен со поддржувачи на една плажа во Сао Паоло.

-Во која земја не умреа? Кажете ми, одговори тој.

„Слушајте, не дојдов тука за да ми додевате", им возврати.

Бразилскиот претседател со месеци ги отфрлаше повиците за воведување ограничувања, како што е карантинот, за да се спречи ширењето на вирусот, додека јавните здравствени власти ја критикуваа неговата влада дека не успеала брзо да обезбеди вакцини против Ковид-19.

Со месеци наназад илјадници Бразилци излегуваат на улиците барајќи отповикување на Болсонаро заради пандемијата, како и обвинувањата за корупција, но тој остана пркосен и продолжи да ги одбива мерките.

Болсонаро обвинет за злосторства против човештвото

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е обвинет за „злосторства против човештвото" од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за неговата наводна улога во уништувањето на Амазонија, првиот случај што експресно се обидува да го поврзе уништувањето на шумите со загубата на човечки животи.

Глобалното затоплување на емисиите на стакленички гасови од согорување и индустриско земјоделство во Амазонија е повисоко од вкупните годишни емисии од Италија или Шпанија. Пошумувањето во регионот веќе емитува повеќе СО2 отколку што остатокот од Амазонија може да апсорбира.

Австрискиот застапник за еколошка правда Олрајс утрово поднел официјална жалба до судот во Хаг. Поднесена е тужба против Болсонаро и неговата администрација за дејствија „директно поврзани со негативните ефекти од глобалните климатски промени". Во жалбата се обвинува бразилскиот лидер за спроведување широка кампања што доведе до загрозување на светското население преку емисии предизвикани од уништувањето на шумите.

Во жалбата исто така се наведува дека Болсонаро е одговорен за приближно 4.000 квадратни километри уништена тропска шума секоја година.

Иако има најмалку три други жалби од локалните групи против Болсонаро во МКС од 2016 година, организаторите велат дека ова е прва што ја истакнува јасната врска помеѓу губењето на шумите и глобалното здравје на луѓето.

Адвокатот Најџел Повоас, кој ги гонеше некои од најозлогласените меѓународни криминалци, рече дека жалбата е поднесена против неколку лица во администрацијата на Болсонаро.

– Се фокусираме на највисоките одговорни актери, рече Повоас.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер