Болидот му се распадна на бразилски возач на патеката- никој не го допре (ВИДЕО) - Канал 5

Болидот му се распадна на бразилски возач на патеката- никој не го допре (ВИДЕО)

Британскиот возач Ландо Норис (Мекларен) победи на возбудливата спринт трка во Формула 1 на Големата награда на Сао Паоло во Бразил, правејќи уште еден чекор кон светската титула.

Болидот му се распадна на бразилски возач на патеката- никој не го допре (ВИДЕО)

Британскиот возач Ландо Норис (Мекларен) победи на возбудливата спринт трка во Формула 1 на Големата награда на Сао Паоло во Бразил, правејќи уште еден чекор кон светската титула, бидејќи неговиот австралиски колега Оскар Пјастри ја заврши трката со пад во шестиот круг.

Во пласманот на Светското првенство, четири трки пред крајот на сезоната, Норис сега има 365 поени, девет повеќе од Пјастри, и 39 поени зад третопласираниот Холанѓанец Макс Верстапен (Ред Бул), кој го освои четвртото место во спринтот. Падот на Пјастри, по кој Германецот Нико Хулкенберг (Заубер) и Аргентинецот Франко Колапинто (Алпине) завршија на истото место во оградата само десет секунди подоцна, доведе до прекин и рестартирање.

Во последниот круг од спринтот, ја видовме големата несреќа на бразилскиот возач Габриел Бортолет. Тој сакаше да го нападне Албон, но штом наиде на влажен дел од патеката, одеднаш закочи и ја изгуби контролата врз болидот. Парчиња од автомобилот беа буквално расфрлани низ целиот Интерлагос.

Huge crash for Brazilian F1 driver Gabriel Bortoleto at the Brazilian GP Sprint Race
byu/shewy92 insports

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Условна затворска казна од една година, ако стори кривично дело во следните три години, доби екс-претседателката на антикорупциска Татјана Димитровска, откако беше прогласена за виновна за оддавање на службена тајна и компјутерски фалсификат. 

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Судот како отежнителна околност го наведе тоа што делата ги сторила како претседателка на една од најважните институции за борба против корупцијата, а ја компромитирала и државната безбедност и го изиграла системот за да добие највисок безбедносен сертификат, по што, на крајот и изрече условна казна.

Предметните обвинители, пак, се задоволни што е докажана вина, а по однос на казната, посочија дека очекувале ефективен затвор. Најавија дека дополнително ќе се произнесат дали ќе поднесат жалба до Апелација.

И условната казна претставува неуспех, порача адвокатот на поранешната антикорупционерка – Владимир Туфекџиќ. Тој веќе најави жалба до апелацискиот суд, со цел, како што кажа, да се докаже невиноста на Димитровска.

Второбвинетиот, ревизорот Миле Столевски, кој го полагал безбедносниот сертификат во име на Димитровска доби исто така условна затворска казна од шест месеци. Единствено, ослободителна пресуда доби Биљана Манева, обвинета во случајот дека му оддавала службени информации на Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино и обвинет во предметот „Адитив“. Судот оцени дека Стојановиќ во тој период не можел да се смета за неповикано лице, бидејќи бил директор на институцијата. Што се однесува до Мантева – обвинителството децидно најави дека ќе се жали пред Апелација

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина е длабоко загрижена

Кина е длабоко загрижена поради обновената ескалација на воените конфликти во регионот на Персискиот Залив, изјави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Кина е длабоко загрижена

Тој, исто така, ги повика сите релевантни страни да покажат воздржаност и „да го одржат тешко постигнатиот прекин на огнот“, објави Синхуа.

Одговарајќи на поврзано прашање за време на редовната прес-конференција, Лин ги повика сите вклучени страни да избегнат враќање на војната.

Тој особено нагласи дека спречувањето на понатамошна ескалација на борбите е клучно за заштита на животите на невините луѓе.

„Почитувањето на легитимните права и интереси на крајбрежните земји на Ормутскиот теснец и брзото враќање на нормалниот и безбеден премин низ теснецот е она што меѓународната заедница сака да го види“, рече Лин, додавајќи дека релевантните страни мора да работат во иста насока и да бараат соодветно решение, соопшти агенцијата.

Централната команда на САД (CENTCOM) објави претходно денес дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран.

САД започнаа неколку бранови напади врз Иран од 7 јули.

CENTCOM соопшти дека нападите биле одговор на иранските напади врз комерцијалниот брод во Ормутскиот теснец.

Техеран одговори со напади врз американските бази во Кувајт, Бахреин и Јордан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

Фејсбук објава на градоначалникот на Град Скоје, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

„30 години голгота - конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

Зборот е збор.

Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос.

Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека.

Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје.

Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години.

Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање.

Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата.

Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи!

Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје!“- напиша Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер