Боинг ќе инвестира во развојот на автономните летечки такси Виск

„Боинг" ќе инвестира дополнителни 450 милиони долари во „Виск", компанија која се занимава со развој на автономни летечки такси.

„Виск", основана од „Боинг" и компанија што ја покрена коосновачот на Гугл, Лери Пејџ, а се занимава со Кити Хок, еден од десетината производители на електрични авиони за вертикално полетување и слетување (eVTOL), се разликува по својот фокус на постигнување автономија на летот.

„Сметаме дека ова е голема стратешка предност за ‘Виск’, директно да се фокусира на автономни авиони, воведувајќи ги овие принципи на секое ниво на дизајн и развој", рече главниот директор за стратегија на „Боинг", Марк Ален.

Одлуката да се прескокне генерацијата eVTOL, кои развиваат независни стартапи и некои воздухопловни групи, подразбира подоцнежна презентација од целта за 2024 година што ја замислија повеќето конкуренти.

„Боинг" одби да даде датум за, како што ја нарекува, шестата генерација патничко возило „Виск", но извори од индустријата велат дека имало идеја тие да се претстават за сертификација околу 2028 година.

„Боинг" соопшти дека тоа ќе биде првото автономно патничко возило што ќе биде сертифицирано во САД.

Премиерот Ковачевски во Ватикан и Рим во чест на Денот на Светите Кирил и Методиј

Премиерот Ковечевски на тет-а-тет средба и аудиенција кај папата Франциск.

Денеска по повод одбележување на 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј премиерот Ковачевски со владина делегација во рамките на посетата на Рим и Ватикан,релизираше тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај Папата Франциск.

Како дел од работната посета, премиерот Ковачевски ќе се сретне и со премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Во Рим е Тамара Стојкова .

Тамара каква е агендата за денеска ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Одбиен предлогот Тајван да учествува на собранието на СЗО

Обидот на Тајван да учествува на годишното собрание на Светската здравствена организација, денеска е одбиен. Кина ги нарече, напорите на Тајпеј, да учествува, „политичка манипулација", јавија британски медиуми.

Водечкото светско здравствено тело одлучи да не се стави на дневен ред предлогот на 13 членки на СЗО, со што се бара Тајван да се приклучи на собранието како набљудувач.

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин

Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин, исто како што молчеше за пцуењето на вработени, уште што треба да се случи за да побара оставка?

Талат Џафери имал средба во собранието на Македонија со Абдул-Вајед Нијазов, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението „Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин". Истата средба Џафери не ја објавил на социјалните мрежи, ниту пак известил преку прес службата на собранието за неа.

Џафери ја криел оваа средба.

Џафери мора да каже, зошто криел за средбата и дали потоа ги известил службите дека има таква средба?

Активностите ма Џафери можат да бидат потенцијална опасност и за НАТО.

И сето ова Ковачевски го премолчува, само за да не му падне владата.

Ковачевски не смее да побара одговорност за Џафери, зошто знае дека така може да падне владата, а со тоа и тој повеќе никогаш нема да биде премиер, затоа што има рејтинг помал од стапката на инфлација.

Ковачевски не може вечно да се крие. Иако тој молчи, народот го гледа и се срами од срамот кој и го приредува Џафери на Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер