Богоев при посетата на Витаминка: Заедно креираме мерки и политики за поголема конкурентност

„Македонските компании се нашите најголеми амбасадори и оттаму наша должност е да овозможиме подобрување на условите за водење бизнис што на компаниите ќе им овозможи освојување на нови пазари каде не претставуваат како држава.“

„Македонските компании се нашите најголеми амбасадори и оттаму наша должност е да овозможиме подобрување на условите за водење бизнис што на компаниите ќе им овозможи освојување на нови пазари каде не претставуваат како држава. Витаминка извезува на четири континенти во повеќе од 30 земји, при што само минатата година остварила извоз од 20,5 милиони евра. Царинската управа како партнер на бизнис заедницата е посветена на спроведување реформски политики што ќе овозможат поголема конкурентност на македонските компании, проширување на нивните производствени капацитети, и поголема вработеност“, истакна директорот на Царинска управа, Стефан Богоев при посетата на македонската компанија за производство на кондиторски производи „Витаминка“.

При реализацијата на мерките, додава Богоев, клучно е да се слушне мислењето на компаниите, се со цел да се има јасен увид во резултатите на реализираните мерки.

„Преку континуираниот дијалог заедно креираме мерки и политики коишто го забрзуваат транспортот и ја олеснуваат трговијата. Како Царинска управа посветени сме на подобрување на услугите кон македонските компании и сузбивање на криминалот и корупцијата. Истовремено, компаниите од нас чекаат испорачување на ветеното и забрзување на процесот на интеграција во ЕУ и поставување на основите за функционирање на единствен пазар“, истакна Богоев.

Директорот за правни и општи работи во Витаминка, Орде Георгиевски вели Витаминка е една од првите компании кои се стекнале со статус за овластен економски оператор, што како доверлив партнер им овозможува побрз проток на стоката.

Одобренијата кои ги имаат за овластен економски оператор, извоз за облагородување, поедноставени постапки за увоз и извоз, одобрение со крајна употреба, и одобрението за овластен корисник крајно им овозможува поголема конкурентност, а преку заштеда на средства, олеснети постапки и побрз транспорт, соопштуваат од Царинската управа.

Мајка од Њујорк го држела своето 2- годишно дете во кафез, живеело во ѓубре и фекалии (ВИДЕО)

Наеша Лампкин (24) од Њујорк е обвинета дека ја загрозила безбедноста на своето дете (2) оставајќи го затворено во кафез во нивната семејна куќа.

Американската полиција во четвртокот на 16 мај соопшти дека мајката била уапсена откако нејзиниот син бил пронајден во страшни услови, со модринки по целото тело. Подоцна било утврдено дека тој претходно имал скршеници на две поголеми споени ребра, што укажува дека повредите настанале многу порано, пренесе Њујорк Пост.

На испрашувањето, мајката рекла дека момчето ги повредило ребрата кога паднало од скала на крајот на минатата или на почетокот на оваа година, но дека не мислела дека неговите повреди се „страшни“, поради што не го однела на лекар.

За време на лекарската проценка во болницата, медицинскиот персонал потврдил дека двегодишното дете има „модринки по лицето и телото“. Утврдено е и дека детето има две скршени ребра кои се лекуваат, а според нивните проценки, повредата настанала помеѓу десет дена и две недели пред детето да пристигне во болница, соопшти полицијата.

Несреќното момче било откриено откако полицијата на почетокот на годината по друга основа дошла да ја уапси неговата мајка.

Кога пристигнале во куќата за да ја уапсат, го пронашле нејзиниот двегодишен син во посебна спална соба во „импровизиран кафез“ направен од ограда за игра покриен со парче креветче врзано од три страни. Во соопштението за медиумите се наведува дека во кафезот немало доволно простор за детето „да застане или да излезе од кафезот“.

Полицијата сподели фотографија од мал кафез, на кој се гледаат пар сиви креветчиња врзани заедно. Околу кафезот имало расфрлано ѓубре и фекалии, се вели во полицискиот извештај, во кој се додава дека со измет бил извалкан и ѕидот до него.

„Имаше остатоци од храна.“

@faitsdiverstiktok Naesha lumpkin doit être jugée au mois de Juin! mais cela fait polimique car elle va peut être pouvoir récupérer sont enfant de 2 ans! ppfff . #enfants #cage #mere #faitsdivers #crimestories #pourtoi ♬ Disturbing Suspense-Psychological Thriller (with drama)(890116) - CHROMA

Полицијата во пријавата навела дека малото дете и кафезот биле покриени со „човечки измет и урина“.

"Имаше голем број оправдувања зошто детето беше така во тој кафез. Ниту едно од нив не беше со добра причина. Да бидам искрен, ниту едно дете не заслужува да живее така", додал О'Калаган.

Инспекторите во местото на живеење ги повикале Службите за заштита на децата од округот Ири и ЕМС во домот за да го лекуваат детето. Детето потоа било префрлено на лекување во детската болница Оишеи, соопшти државната полиција.

Според американските закони, доколку судот ја прогласи мајката виновна, таа се соочува со затворска казна до една година.

Гајдов: Не верувам дека Професорот Мицкоски ќе дозволи да има две влади во неговата влада

“Ние сме тие што дозволивме Али Ахмети со 13 пратеници да биде султан на Македонија“

Овие другиве што се „попитоми“ завчера беа на баци „рака“ во Приштина и дрско велат ние ќе добиеме спикер на Парламент и шест ресори. Не верувам дека Професорот Мицкоски ќе дозволи да има две влади во неговата влада. Прв пат беа сите четворица таму кај Курти кој сега има амбиции да стане лидер на балканските Албанци. Тој да решава за судбината на Албанците во Македонија, тоа е далеку од памет, како што Еди Рама порано решаваше со Али Ахмети и со другите. пор Не може никој од надвор да решава како ќе се прави влада овде, кој ресор ќе го има, тоа е многу важно. бидејќи сегашниот министер оди во Мадрид, да лобира Шпанија што не го праизнава Косово, да го признае. И завчера трите минути во Совет на ЕУ да ги користи за промоција на Косово. Чиј министер е тој? Или петте милиони евра што ги потроши наместо да направи нов конгресен центар. “Ние сме тие што дозволивме Али Ахмети со 13 пратеници да биде султан на Македонија, а нема да биде султан, рече Љубомир Гајдов во Само Вистина.

На жена со операција ѝ извадиле чаша од мочниот меур, докторите шокирани како влегла

Неверојатна приказна се случила во Тунис, каде лекарите пронашле „туѓо тело“ во мочниот меур на 45-годишна жена, која се пожалила на уринарна инфекција.

По прегледот било јасно дека треба да се организира операција, а резултатот ги остави без зборови искусните медицински лица.

Случајот е снимен пред неколку години, но и денес ја збунува пошироката јавност. Жената чиј идентитет не се соопштува, премногу си играла во кревет со партнерот, по што стаклената чаша завршила во нејзиното тело.

Сепак, тоа не е најшокантниот детал. Туѓиот предмет не бил внесен преку гениталниот орган, туку преку уретрата, пренесува Lakalle Blu Radio.

Рентгенот првично открил чаша од осум сантиметри која била покриена со калкулус.

Постапката за отстранување не била лесна, имало ризици, но на крајот сѐ завршило без последици. Чашата била отстранета, а лекарите сфатиле дека е практично неоштетена.

Приказната постојано се ажурира на социјалните мрежи, а корисниците главно се шокирани.

„Што се случува со луѓето?“, „Се исплашив од камен во бубрег од 2,8 мм, но ова...“ беа дел од пораките.

притисни ентер